Фрлање на старите предмети
Граѓаните од Општина Бутел ќе имаат можност да се ослободат од своите стари и непотребни работи во текот на наредните три дена. Општината утре и во деновите на викендот ќе ја спроведе акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“. Главни собирни пунктови ќе бидат местата на улиците каде што се поставени групните контејнери, а ќе има и три подвижни контејнери-камиони што ќе бидат поставени на првиот влез во населбата Радишани, во Скопје Север и на улицата „Призренска“ во Бутел 1. (С.Р.)
|