Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Зад Луна-парк се гради градска плажа

„Алкон проект“ е одбрана да ја опреми плажата под театарот, а е ангажирана и за таа зад паркот


Сања Наумовска

Фирмата „Алкон проект“ од Скопје ќе ја опремува плажата на левиот брег на Вардар, под новиот театар, во мајор-коритото на реката. Оваа фирма е одбрана како најповолна на електронската аукција и се очекува набрзо да склучи договор до Градот Скопје. Но, „Утрински весник“ дознава дека „Алкон проект“ ќе ја гради и втората градска плажа, која ќе се простира на десниот брег на Вардар зад Луна-паркот.

Од Градот Скопје не успеавме да добиеме одговор на прашањето каков ќе биде конечниот изглед и колку ќе чини изградбата на градската плажа. Иако „Утрински“ вчера официјално постави прашање уште во 9,30 часот, од Одделението за односи со јавноста на Градот воопшто не не' удостоија со одговор. По целодневно ескивирање, единствено што добивме оттаму беше писмена покана за прес-конференција на која сите медиуми „ќе бидат информирани за почнување на проект за изградба на плажа на река Вардар“. Пресот ќе биде на кејот зад Луна-паркот.

Тоа дека ќе се гради втора градска плажа на Вардар, освен првично предвидената под новиот театар, доказ се активностите што се одвиваат на теренот. Просторот во радиус од 200 метри веќе е заграден, поставени се постаментите за челичната конструкција, обележан е теренот за елементите, а обележани се и местата за тушевите. Што ќе содржи оваа плажа, каков ќе биде нејзиниот изглед, колку ќе чини, веројатно ќе биде познато по денешната прес-конференција.

Сепак, треба да се каже дека изградбата на оваа плажа не е изненадување, со оглед на тоа што во една од измените на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје имаше предвидено маркичка за плажа и на просторот зад Паркот. Таа, всушност, е третата маркичка за градска плажа (другите две беа на левиот брег на потегот од Камениот мост до мостот „Гоце Делчев“). Засега е енигма како и кога „Алкон проект“ е одбрана да го изведува и овој објект.

Инаку, проектот на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои ја добија првата награда за конкурсот за идејно решение за градска плажа под новиот театар, неколку месеци беше на приспособување кај градската администрација. Неговото идејно решение предвидува овој дел од коритото на Вардар да биде покриен со песок, да има дрвени платформи на кои ќе бидат поставени лежалки, столови и маси. Помеѓу урбаната опрема ќе има и неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма. Според авторите, плажата ќе биде простор за рекреација, уживање и за игра. Тоа нема да биде конвенционална плажа, со утврдени атрибути, туку повеќе уште една урбана атракција. Со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува луѓето да се капат, на самата плажа се предвидени мини-базенчиња за деца.

Инаку, „Алкон проект“ неодамна беше избрана и за изведба на мултифункционалните тезги кои ќе се поставуваат на плош��адот „Македонија“ и на други локации во центарот на градот откако и на таа електронска аукција понудила најниска цена. Оваа фирма минатата година ја заврши и реконструкцијата на фасадата на Детскиот културен центар „Карпош“.


#
Статијата е прочитана 4252 пати.

Испрати коментар

Од: Ристо
Датум: 03.06.2010 08:31:46
Повторно Коце отишол во Париз и видел дека таму има градска плажа на сена, па решил Скопје да го прави Париз. Дали некој поставил прашање дали проектот односно парите се основани за трошење или само нешто да се работи, па дали ќе успее или не, не е важно. Би му предложил да си го среди прво кејот од другата страна на Вардар комплетно и да го одржува предходниот, а послем може и одбојка на плажа да си прави.
Од: sandokan
Датум: 03.06.2010 08:51:39
opa bato. trijat race KOZNITE DOKTORI. ke ima rabota i profit i za apotekite od masite za koza. se nadevam deka grujo i koce ce gi odvedat familiite na kapenje.
Од: navI
Датум: 03.06.2010 09:15:46
Objektot veke ima ima "Klub na voajeri i manijaci"
Од: mms
Датум: 03.06.2010 09:19:22
Не капете се во Вардар Земените примероци вода од површината на реката Вардар покажале присуство на бактериолошки и хемиски контаминирани материи Надлежните од Општина Карпош апелираат до граѓаните да не се капат во реката Вардар, бидејќи испитувањата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат покажале дека водата е загадена. За таа цел општинарите поставиле табли за забрана за капење на неколку локации на Кејот на реката Вардар.
Од: Тошо
Датум: 03.06.2010 09:32:00
А прво да го исчистеа Вардар од контаминенти по целото свое течение !!! И да се тргнат дивите ромски населби на самиот кеј (Топлификација -исток) !!! Па после да се градат плажи.
Од: Никола
Датум: 03.06.2010 09:52:56
Се прашувам, да ли градоначалникот на Скопје ќе ги поминува топлите летни денови на оваа и слични плажи на реката Вардар, поготово капејки се. Вардар не е тоа што бил пред 50 години, денес е една отворена канализација / за жал. Само до кога овој олош од власт ќе фрла пари на комплетни промашувања. Тотално безредие.
Од: Petre sazdoski
Датум: 03.06.2010 10:11:01
Vardar pred 40 godini i denes vo odnos na cistotata e 1000% razlicen-zagaden do daske.Koj budala ke se banja, neznam, no znam deka pari se trosat neracionalno.
Од: srebre
Датум: 03.06.2010 10:25:44
dali nekoj vo mak i skopje voopsto ima pamet?pa vednas na drugata strana od vardar odma do sportski centar kale ima komleks bazeni koi crelo leto se prazni znaci ako voopsto treba plaza vednas tamu a se e izgradeno no vece 20god prezno.................
Од: ELENA
Датум: 03.06.2010 11:08:20
Odlicna rabota, konecno nasiot grad pocna da zalicuva i poleka no sigurno ke pocne da izgleda na vistinska metropola. Bravo za vklucenite vo ovie proekti!!
Од: Јас
Датум: 03.06.2010 11:19:12
Единственото место во градов каде може да се трча и спортува е кејот. Сега и тоа ќе го уништат!!!!! Ме интересира само како се осмислуваат и прават вакви нефункционални проекти. Кој ќе оди на плажа на Вардар !!!!!
Од: mene
Датум: 03.06.2010 11:33:01
big da cuva, na vardar plaza?????pa koj ke se di tamu letno vreme,voda nema tece kanalizacija???pa da gi dadevte parite da se potsredi Luna parkot za decinja ne ke bese loso,ne be ne ovaa e nenormalno...
Од: Gox
Датум: 03.06.2010 12:05:52
Jas kolku sto sum zapoznaen,proektot ne e za da se banja nekoj vo Vardar,nego kompleksot ke sodrzi sankovi,mali bazencinja za deca i lezalki i ke bide so sovremena konstrukcija i mnogu cadori...Znaci,ne plaza-plaza za da mozes da postelis peskiri i da pravis "lasta" vo Vardar,nego cisto kako rekreativno i mesto nameneto za pienje kafe vo neposredna blizina na reka,nesto sto go imaat i dr. gradovi,Ili ne sakate da go procitate tekstot do kraj ?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 12:29:44
Па нели и забрането капење на Вардар ПОРАДИ ГОЛЕМА ЗАГАДЕНОСТ? Кога некој ќепотроши пари ,се само ќе се исчисти.Како да се бањаат децата кога реката е енормно загадена? Или само да се потрошат парите?
Од: Boshko
Датум: 03.06.2010 13:10:45
Gospod da chuva i da brani,Gradska plaza so otrovna voda,Stvarno nekoj se mrdnal od umot.Igra na Grujo samo i samo da se privleche vnimanieto na narodot deka toj i negovite vojnici gradat neshto a Bazenite se izgradeni od sedumdesettite godini i stalno prazni ,na plaza ama bez kapenje samo so tushiranje.Bravo
Од: ААА
Датум: 03.06.2010 14:03:28
Дали некои има проверено дали водата во Вардар е доволно чиста за бањање, не ми е јасно од дека сега оваа идеја. Во Македонија знае се дека треба да има плажи во Охрид и во Дојран, не може се да префрлат во Скопје. Навистина е себично што сите инвестици одат само во Скопје.
Од: Sloven
Датум: 03.06.2010 15:08:37
Skopska Plaza Nema veke odenje vo Ohrid neme veke blamaza, Vo Skopje,na Vardar ke pravime plaza. Zbogum Dojran zbogum i Struga, za kapenje sega najdovme destinacija druga. Malku fekalii vo Vardarskata voda, nema da ti nastetat fekaliite se vo moda VoVardar se banjaat a na bukefal kacen i gleda kako vo kanalizacija plivaat negovite ceda. Uste eden podvig grandiozno delo, na odmor da odi Skopje celo. Za smradeata nikoj ne ni mari, naviknati sme nie skopjanite stari Bolest ako se fati kako lisaj i suga, toa ke bide cenata za neodenje vo Struga
Од: stole
Датум: 03.06.2010 15:34:41
Dali se pri pamet Gradonacalnikot na Skopje i negovite pretpostaveni pravat plaza na zagadena reka. Neverovatno nesto, pak li treba da ni se smee cel svet i da ne ismejuvaat, mislam deka nee vo red ova da ni go pravat neka razmislat poseriozno (ako voopsto imaat kapacitet za razmisluvanje) sramota e da se pravi vakva glupost, ne sme zasluzile ova da ni go pravite g-din Gradonacalniku. Uste da barate od nas da bideme potsisani kako Vas pa da si licime site eden na drug, Gospod da ne cuva od vakvi.
Од: sole mio
Датум: 03.06.2010 16:11:18
Ova ti se vika uckur imam/ plaza imam / ama gaKI nemam /vodata e zagadena vo Vardar i e zabraneto kapenje vo nea /Nevidena budalastina i frlanje pari vo veter koi se sopstveniost na gragjanite na Skopje.Ima mnogu popametni i po vazni raboti od frlanje pari vo gtradskata plaza.Pa kade ve mola ima plaza a nema kapenje i plivanje,toa isto da isgradis moderen bazen za plivanje ama bez voda vo nego!!??Poglednete na sto licat gradskite soobrakjnici,dupka do dupka,kako svajcarsko sirenje,gi ispokrsime nasite motorni vozila.Za toa nema pari a za vakvi p[romaseni proekti ima pari.Taka koga se raboti so tugji pari a gazdata na parite nikoj ne go esapi ni pod razno!!?
Од: maja
Датум: 03.06.2010 16:38:53
Vo Paris ima plaza koja trae eden mesec, kade prostorot im e odzemen za toa vreme na vozacite a ne na pesacite i koja potoa se demontira i nema nisto do drugata godina.Ovde se "gradi" i za toa parce ke se potrosat 6 000 000 denari! A da se napravese nekoj trotoar vo centarot!!?? Ocigledno gradocalnikot ne se dvizi peski.
Од: Kristina
Датум: 03.06.2010 17:09:29
Luge bre, sto tolku uporno ste zapnale da se kapeme pa da se kapeme vo Vardar. Ili ednostavno sto ve asocira na plaza na Vardar e deka treba da se banjame site vo reka? Znaci mnogu ubava zamisla ama neznam kako ke izgleda realizacijata. Vo nekoi evropski gradovi ima prekrasni plazi (duri i na onie mesta kade sto ne e toplo), ama sepak lugeto odat da se opustat, da ispijat edno kafe na ubavite drveni masicki i na pesokot koj kolku tolku nudi edno razlicno cuvstvo od ona na sedenje vo kafic na Leninova ili na kej. Dokolku ubavo go izrealiziraat sum za, ama dokolku napravat uste pogolem cirkuz na kejot sram da im e.

Најди! во Утрински
Скопје
За зонско во „Лептокарија“ ќе одлучуваат станарите
План за заштита од топлотни бранови
Фрлање на старите предмети
Ченто на плоштад в понеделник