Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Осомничениот за трикратното убиство заврши во Шутка

Љубиша Станковиќ

Осомничениот за трикратното убиство што се случи во четвртокот вечерта во Трговскиот центар „13 Ноември“ веќе е на издржување на мерката притвор што му беше изречена кратко време по неговото спроведување во судот. Како што дознаваме, тој немал ангажирано ниту адвокат, па судот, по службена должност, му ангажирал бранител, но Тони Денковски (47) решил да се брани со молчење.

По ваквата одбрана, Денковски е спроведен во Истражниот затвор во Шутка, но се' уште не може со сигурност да се каже кој бил мотивот за стрелбата во рибарницата и пржилница „Биг фиш“ во скопски Аеродром.

За приведениот Тони Денковски полицијата поднела пријавата за три дела убиство, а со такво барање за поведување истрага и со предлог за определување притвор во судот се појавил и јавниот обвинител.

Иако Денковски не сакал да зборува за случајот, сепак, не треба да се исклучи можноста веќе во наредните неколку дена тој да ја промени својата одлука и да каже повеќе за должничко-доверителските односи кои, наводно, ги имал со Јордан Јорданов - ’Ркулот од Велес. Од Денковски се очекува расветлување и на односите што постоеле помеѓу Јорданов и Андреевски, како припадници на таканаречената „Франкфуртска мафија“, и Владо Милошев, вработен во Шестата управа, со задача да обезбедува странски делегации.

Mолчењето на Денковски е изненадување по неговото предавање во рацете на полицијата, при што, според министерката Гордана Јанкуловска, самиот потврдил дека не може повеќе да го издржи наметнатиот притисок и поради тоа решил да стрела.

За трагичниот настан што се случи пред очите на десетици жители на населбата Аеродром свое видување даде и премиерот Груевски. „Такви убиства се случуваат во сите држави, но ќе направиме се' што е во наша моќ да ги спречуваме. Вложуваме многу напори да ги подобриме состојбите во полицијата, односно драстично да се подобрат процедурите за прием на нови членови на МВР“, изјави премиерот Никола Груевски, кој како и министерката за внатрешни работи, Јанкуловска, смета дека безбедносната состојба не е влошена и дека работите се под контрола.

„Не се фокусирам на мојата лична безбедност, бидејќи тоа не би било добро за мене, би влегол во долги размислувања. Генерално, не сум загрижен ниту за мојата лична безбедност ниту општо за безбедноста. Тоа не значи дека во земјата не може да се случат вакви настани. Се случуваат во секоја земја одвреме-навреме, меѓутоа не може да кажеме дека имаме лош амбиент или влошена ситуација“, изјави Никола Груевски.

На жестокиот напад од опзициската СДСМ, кој отворено прашува како е можно вработени во МВР да ручаат со лица од подземјето, од МВР

одговорија дека Милошев, сега покоен, „никогаш не вршел обезбедување на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска“ и дека полицијата никогаш порано не се обидувала да им го контролира приватниот живот и поведението на своите вработени до степен со кој ќе ги пречекори границите на нормативно дозволеното.


#
Статијата е прочитана 1285 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Потонувањето на „Илинден“
Жените и мажите вареа зрели смокви
Три стипендии за студии на Кембриџ