Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Три стипендии за студии на Кембриџ

Ивана Матевска, Александар Митов и Дамјан Денковски се првите добитници на стипендии од Македонија што ќе ги продолжат своите студии на Кембриџ. Првите двајца се на постдипломски, додека третиот на додипломски. Тројцата се со највисоки просеци во досегашното школување. Стипендиите заеднички им ги доделуваат Лондонскиот универзитет и фондацијата „Пексим“.

На официјалното потпишување на договорите беше речено дека вкупната сума што ја доделуваат за оваа година изнесува 145.000 евра и се наменети за најуспешни студенти од земји кои не се членки на ЕУ. Стипендистите имаат обврска по завршувањето на студиите да се вратат во Македонија и да работат најмалку двојно повеќе од времето на користење стипендија.

„Најважно да се откријат вистинските и најуспешни студенти кои сакаат да продолжат студии на нашиот Универзитет. Основна цел ни е квалитет, а не квантитет. Во медиумите нема да најдете оглас за стипендии на нашиот Универзитет. И покрај тоа, има многу апликации што пристигнуваат годишно“, истакна Мајкл О’Саливен, директор на Фондот за стипендирање на Униве��зитетот Кембриџ. (Д. Р.)


#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар

Од: vesna
Датум: 06.09.2010 13:31:37
Bravo, Koncecno ubava vest. Se plasam samo koga ke se vratat da ne zavrstat nevraboteni.

Најди! во Утрински
Политика
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Потонувањето на „Илинден“
Жените и мажите вареа зрели смокви
Осомничениот за трикратното убиство заврши во Шутка