Го нападнале со секира додека спиел во автомобил
Жител на скопското село Долна Арнакија завчераутро бил нападнат со секира додека спиел во својот автомобил. Нападот се случил околу 5,30 часот во близина на селското училиште. Дваесет и тригодишниот С.Х. спиел во својот „голф“ кога бил нападнат од непознат човек. Напаѓачот со секира прво ја искршил шофершајбната на возилото, а потоа со рачката од секирата почнал да го удира момчето. Претепаното момче со скршеници на рацете било оставено во автомобилот, додека неговиот татко не го однел во болница.
Момчето на полицајците им рекло дека не знае кој и зошто го нападнал. (Ј.К.) |