Исчезнат кумановец пронајден мртов
Кумановец завчера бил пронајден мртов во атарот на Агино Село. Телото на Ацо Величковски (49) завчера претпладне било најдено од неговиот син кај месноста Бувајна. Величковски во понеделникот бил пријавен за исчезнат откако пред пет дена излегол од дома и повеќе не се вратил. Телото на Величковски е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, чии резултати треба да ги посочат причините за смртта. Неофицијално, кај Величковски биле забележани исеченици на вените. (Ј.К.) |