Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Хроника

Еден месец притвор за Агим Красниќи и осуммина негови пријатели

Красниќи е осомничен дека на денот на изборите формирал злосторничко здружение

Љубиша Станковиќ

Четворица кондовци и петмина жители на скопското село Батинци од вчераутро се на издржување 30-дневен притвор што им е изречен поради основан сомнеж дека сториле неколку кривични дела. Осумчлената група, која по извршен распит пред истражен судија заврши во затворот „Скопје“, според Јавното обвинителство ја сочинуваат Агим Красниќи (29), Мустафа Нухи (29), Авдула Јусуфи (25), Сефат Рамадани (24), Халим Рамадани (61), Даум Фазлиев (28), Имер Исмаил (30), Рихан Мемеди (19) и Бедри Мемети (30). Тие се осомничени за злосторинчко здружување, за спречување на избори и гласање и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Красниќи е осомничен дека на денот на одржувањето на парламентарните избори формирал злосторничко здружение на кое како припадници се јавуваат другите седуммина осомничени. Всушност, се' почнало по еден телефонски разговор меѓу Агим Красниќи и батинчанецот Мустафа Нухи. Во разговорот на Красниќи му биле потврдени претходните сознанија за полнење на гласачките кутии во скопското село Црн Врв. Притоа, било договорено да се појде во ова село и самите тие да ги спречат наводните изборни нерегуларности, односно со употреба на сила да го оневозможат гласањето. По разговорот со Нухи, Красниќи стапил во контакт со осомничените Сехат Рамадани, Халим Рамадан и Даим Фазлиев. Откако зале поголемо количество оружје и муниција, кое го сместиле во багажникот на џипот „гранд чироки“ со косовски регистарски таблички, се упатиле кон Батинци. Кога стигнале пред селото биле пречекани од преостанатите членови на групата. Четворица биле во џип управуван од Авдула Јусуфи, вработен како полицаец во ПС „Аеродром“, по што двете возила го продолжиле патот. Кога стигнале во селото Цветово на групата што ја предводел Красниќи и' било сугерирано дека се работи за село во кое не живеат Албанци, па тие го продолжиле патот кон Марков манастир, каде што биле пресретнати од полицијата, по што се уапсени.

Агим Красниќи и неговите пријатели, за случувањата пред четири години во месноста Борови над селото Кондово, каде што биле снимани како вежбаат во униформи и со оружје, беа обвинети за тероризам и за казнување за подготвување тероризам. Меѓу обвинетите беа и Рамадани и Фазлиев, а првиот заедно со Красни��и се товареше и за грабнувањето на Шеваљ Муареми од селото Грчец. По долги перипетии, Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1, со кој раководеше судијката Снежана Бајлозова, утврди дека обвинетите не ги сториле делата и беше изречена ослободителна пресуда. Но, таквата одлука неодамна беше укината од повисокиот суд, но судијката Бајлозова замина на нова должност - судија во Апелациониот суд во Скопје, па по овој предмет сега ќе постапува друг судија. Освен за тероризам и за грабнување, Агим Красниќи се товари и за исчезнување компјутери од Основното училиште во Кондово. Минатата година Красниќи успеа да го преживее атентатот што беше извршен пред влезот на неговиот дом. Напаѓачот се' уште не е пронајден.


Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 04.06.2008 01:03:15
etego krasnici kako si go najde legaloto, ke ima vreme seaga da go izvrti filmot dobro vo galavata deka za onie sto vazaese daka e heroj im stana zrtvenik, vojvodata taci go ispratil vo zadaca vo sutka i sega ke go polni nuznikot so drugite cimeri vo ista soba.
Од: jimmy1
Датум: 04.06.2008 02:59:54
Samo eden mesec??? Ete uste edna smesna sudska presuda. Da ni e alal sudstvoto ni raboti "kako sto treba". Za 100evra mito edna godina, za kriminal 4 nedeli, i ako gi odlezi tolku. Dali ovie sudii imaat zavrseno pravo ili gi imaat kupeno diplomite???
Од: luli
Датум: 04.06.2008 05:08:00
da vidime sega koga makedonskite vlasti imat pritisok od megunarodnata zaednica dali ke mu dozvolat na vojvodata thaqi da go izvadi negoviot HITMAN krasniqi od zatvor
Од: crni
Датум: 04.06.2008 11:12:31
stavam kladba deka ke izleze i nema da bide osuden potreben e toj uste koga ke nemat poveke air od nego ke padne
Од: 007
Датум: 04.06.2008 11:26:51
ja bi go obesil na plostad toa kuce
Од: miki
Датум: 04.06.2008 11:38:15
ova e sramota za drzavata. zosto go apsat coekot koga vsusnost on rabotel kako mobilna ekipa na DIK i se obiduval da spreci neregularnosti na izborite.
Од: od tetovcanec
Датум: 04.06.2008 14:21:39
ha ha i kogaj spiete se plasite od krasnici ha ha vi ostana bolest za cel zivot

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Го нападнале со секира додека спиел во автомобил
Недозволена љубов причина за тепачка во Кавадарци
Скопјани натепале девојка од Струмица
Наивноста ги вовлекува младите во трговијата со луѓе
Исчезнат кумановец пронајден мртов