Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Конкурентите на Мардок тријат раце

ФРАНКФУРТ - „Тринити мирор“ соопшти дека извлекол полза од затворањето на „Њус од д ворлд“ во јули и е задоволен што никој од неговите високи извршители не прислушкувал телефони или подмитувал полиција од 2000 година, што ја зголемува вредноста на неговите акции. Британскиот издавач на весници соопшти вчера дека приходите од тиражот на групата во јули се зголемени два отсто, по затворањето на ривалскиот таблоид на Руперт Мардок, а националните наслови се зголеми за четири отсто.

„Нашите изданија имаа одлични резултати во јули“, изјави главната извршна директорка, Слај Бејли, пред новинарите преку конференциска врска. Таа рече дека „Тринити мирор“ очекувал да освои 47 отсто од пазарот на популарниот весник во јули.

„Тринити мирор“, меѓу чии наслови се „Дејли мирор“ и „Сандеј мирор“, исто така, се соочува со прашања како очекува да се исполнува сопствената практика на собирање информации од судските случаи во блиска иднина и сеопфатната ревизија на британските медиуми. Издавачот почна сопствена ревизија на уредничките контроли и постапки, а вчера соопшти дека добил писмена потврда од високи уреднички извршители дека не учествувале во телефонско прислушкување или подмитување. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 564 пати.

Испрати коментар

Од: Raspucin
Датум: 13.08.2011 06:38:29
Kako da mu pomogneme na Merdok?Da go pratime Branko da pocne miting za sloboda na mediumite i Velija kako ucitel po predmetot kako da se izvleces od kriminalni dejstvija.Moze i Makedonskiov kakov takov narod za da protestira malku.

Најди! во Утрински
Свет
САД и' се закануваат на Сирија со санкции
Тешки денови за Дејвид Камерон
Исчезна авионот што се движи 20 пати побрзо од звукот
Жестока дебата во републиканскиот камп

"""