Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Жестока дебата во републиканскиот камп

ЕЈМС, АJова - Републиканците Мишел Бахман и Тим Поуленти повеќе пати се судрија околу нивните успеси во претседателската дебата, два дена пред да се натпреваруваат за конзервативната поддршка во испитувањето на јавното мислење, што би можело да биде решавачко за нивните кампањи. Жестоката размена меѓу двајцата републиканци од Минесота ја нагласи националната телевизиска претседателска дебата, на која, исто така, имаше повеќе критики за економското раководење на претседателот Барак Обама од осум републикански потенцијални кандидати за Белата куќа.

Дебатата значеше отворање за денешното испитување на јавното мислење во Ајова, што е традиционален тест за силата на кампањата во државата што ги одржува првиот натпревар за претседателските номинации во 2012 година. Но, дебатата и испитувањето на јавното мислење беа засенети од планот на гувернерот на Тексас, Рик Пери, да влезе во трката денес, чекор што би можел да го донесе во првите редови на натпреварувачите, веднаш до фаворитот Мит Ромни и драстично да ја реорганизира трката.

Во Ајова, Поуленти очајно се обидува да напредува во однос на Б��хман, конзервативен политичар и миленик на Ти парти, кој води во анкетите во државата. Тој посвети малку време да ги критикува нејзините успеси во Конгресот.

Сите кандидати го поздравија Пери во трката, но немаа многу што да кажат за неговата кандидатура. Пери, како верен општествен и религиозен конзервативец, исто така, има големи успеси за отворање работни места, кои би можеле да ја предизвикаат поддршката на Ромни кај деловното крило на партијата.

Дебатата беше деби на националната сцена за поранешниот гувернер на Јута, Џон Хантсман, кој го бранеше неговиот период на американски амбасадор во Кина под администрацијата на Обама. Сите кандидати го критикуваа раководењето на Обама по минатонеделното намалување на американскиот кредитен рејтинг и деновите на бурни потреси на Волстрит.

„Имаме претседател кој има целосно неуспешна економска политика“, изјави Ромни. Ромни беше расположен за дебатирање при утринската посета на саем во Ајова, во Дес Моинс, каде што имаше вжештена размена со група дискутанти што го притискаа дали ќе ги зголеми даноците за да го зајакне пензискиот систем на социјално осигурување. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
САД и' се закануваат на Сирија со санкции
Тешки денови за Дејвид Камерон
Конкурентите на Мардок тријат раце
Исчезна авионот што се движи 20 пати побрзо од звукот

"""