Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Признание

Нови медали за филателистите од Македонија

Веќе стана традиција македонските филателисти да се враќаат од големите светски изложби со медали за своите интересни и богати колекции. По успехот на светската изложба во Лисабон во Португалија, каде што освоија пет медали, три сребрени и две бронзени, уште поголем успех постигнаа минатата недела во Бугарија, на изложбата во Пловдив „Балкан фила 2010“, освојувајќи шест медали, што е уште еден доказ дека располагаат со извонредни колекции на марки со разна тематика. Како што не' извести претседателот на Сојузот на филателистите на Македонија, Стеван Славевски, најсветло одликување добил Климе Поповски, златно-сребрен медал за колекцијата „Св. Кирил и Методиј - словенски учители и патрони на Европа“.

Со сребрени медали се наградени: Дончо Георгиев (Охрид - град на УНЕСКО) и Синиша Павлески (колекција на петли и хокеј на мраз), додека Димитар Свирков (Мајка Тереза) и Лилјана Антоновска (коњи) од Пловдив се вратија наградени со бронзени медали.

На годинашниве светски изложби во Белгија, Париз, Лисабон и во Пловдив, македонските филателисти освоија вкупно 14 медали. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Урбан барок на Елена Лука
Водителски камбек под полн напон
Не подарувајте му алкохол на оној што многу пие
Контроверзни реклами






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry