Модна ревија
Урбан барок на Елена Лука
Овој викенд во хотелот „Континентал“, Елена Лука одржа модна ревија со 40-ина модели од колекцијата „Урбан барок“ за претстојната зима. Беа презентирани коктел и свечени фустани изработени од луксузни материјали, со многу рачна доработка и детали. Ревијата беше одржана како изненадување за 200 жени, од Шведска, Црна Гора, Србија, Албанија, инаку гостинки на четвртиот „Фреја форум“, каде што се среќаваат организации од цела Европа што третираат социјални теми, потоа прашањата од областа на демократијата и еднаквоста во Западен Балкан.
Крајот на ревијата беше поздравен со силен аплауз и овации од припадниците на понежниот пол, кои уживаа во барокот на денешнината што ги инспирира и за новогодишните празници. |