Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

Не подарувајте му алкохол на оној што многу пие

Знаеме ли да се однесуваме културно, според бонтон, да пиеме кафе без да сркаме или да офкаме кога е вкусно јадењето

Има ли бонтонот се' уште примена во нашиот живот или се смета за демодиран тестамент од некое друго време?

При секојдневната комуникација добро е да се прашаме дали постапуваме според правилата на бонтонот, а рака на срце, често се наоѓаме во ситуација кога се бара тоа од нас. Запаметете дека за да се однесувате пристојно, значи да ги отфрлите несаканите навики. Знаеме ли така да се однесуваме, да пиеме кафе без да сркаме или да воздивнуваме кога е вкусно јадењето? Знаеме ли да подаруваме со внимание, да не пушиме кога не треба, иако потребата е голема... Одиме ли на гости во време на вечера (ручек) затоа што се сметаме за пријатели на куќата? Дали незапирливата кивавица или течењето на носот го сметате за нешто неприродно, па се чувствувате засрамени поради тоа? На сите овие прашања можете да најдете одговор во следните редови, а тука се и интересните правила на пристојно однесување и за корисниците на мобилните телефони.

ПУШЕЊЕ

За време на актуализирање на Законот за заштита од пушење, треба да знаете како да се однесувате со цигарите и надвор од јавните објекти:

- забрането е да се пуши во спалната или во детската соба, во просториите каде се наоѓаат болни, стари луѓе или непушачи;

- кога сте на гости, смеете да пушите само ако домаќините ви понудат цигара, во спротивни, претходно треба од нив да побарате дозвола за пушење;

- не треба да се пуши за време на оброк, стрпете се додека сите не се најадат;

- без разлика дали се наоѓате во својот автомобил и возите некого или сте во туѓ автомобил, секогаш прашајте го тој до вас дали ќе му пречи ако запалите цигара;

- во пепелникот се ставаат само пепелта и догорчињата. Од друга страна, недозволено е како пепелник да се користат тацни, чинии и вазни во вашиот дом.

Забрането е:

- да му чадите в лице на соговорникот;

- да ги фрлате догорчињата низ прозорецот на вашиот стан, автомобилот или автобусот;

- да запознавате некого со цигара в раце или уште полошо в уста;

да пушите со ракавици.

- да танцувате со запалена цигара;

- да разговарате со цигара в уста.

ПОДАРОЦИ

Тие се знак на наклоноста, симпатиите или благодарноста. Вниманието треба да го насочите најмногу на подарокот што го купувате, но и да одвоите време да го спакувате за да изгледа поубаво.

Подарокот се отвора пред оној што го подарува, а како додаток треба да ставите честитка или писменце како израз на желбите.

Одбивањето на подароците е најсериозниот прекршок на убавото однесување.

На мажите не им се дарува цвеќе, освен ако тој не е избраник на вашето срце.

Дарување на веќе добиен подарок е груб прекршок. Ако започне играта со кружење на даровите, може да ви се случи на пријателката или на пријателот да му подарите нешто што пред тоа сте го примиле од истата личност.

Подароци што

разоткриваат

Тоа се оние што ја откриваат скржавоста, сиромаштијата и површноста. Како примери за забранети подароци се:

- це-де или видеокасета за оној што не поседува такви уреди;

- слатки на оној што е на диета, алкохол на тој премногу пие, цвеќе на оној што е алергичен на полен.



ДИЕТА

Доколку внимавате што јадете, бидејќи сакате да ослабите или да се здебелите, тоа не мора сите да го дознаат. Диетата може да биде тема на разговор со вашите блиски пријатели, особено ако и нив ги мачи истиот проблем. Верувајте дека диетата и за вас и за другите претставува вистинска досада.



ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Да ги посетите пријателите е знак на убаво однесување, но изненадувањето не мора секогаш да биде пријатно. Затоа е недозволено:

- да „наминете“ за време на ручек, дури и ако имате голема причина за тоа;

- да дојдете доцна навечер, кога сите веќе спијат;

- кога домаќините работат нешто, а вие за тоа знаете и не сте повикани да им се придружите;

- ако изненадувањето ви се случи вам, тогаш однесувајте се културно и не покажувајте колку гостите непријатно ве изненадиле.



СЕКНЕЊЕ НА

НОСОТ

Тоа е природна потреба и така треба кон неа да се однесувате. Понепријатно е кога постојано шмркате или го триете носот, бидејќи тоа се знаци на лошо однесување. Доколку мора да го исекнете носот за време на службен ручек, тогаш не треба да се вртите настрана или да ја наведнувате главата под масата за го скриете марамчето. Доколку ви е непријатно да го правите тоа за време на ручекот, извинете се за момент, отидете во тоалет и исекнете го но��от на раат.



КИВАВИЦА

Нападот на кивавица може да се случи секому, па затоа од тоа не треба да се прави голема драма. Сепак, што да направите доколку имате нагон на кивавица?

Доколку кива друг, правете се дека ништо не сте забележале и во никој случај не велите „на здравје“!

- ако кивате, немојте многу да објаснувате дека тоа ви се случува кога сте вознемирени или дека ве мачи некој вирус, дека веројатно сте алергични на нешто..... Кивањето е сосема природна појава и најдобро е да помине без коментар.

ПИЕЊЕ

Да се однесувате пристојно значи да ги отфрлите несаканите навики како што се:

- да испиете се' во една голтка;

- да сркате или да воздивнувате од задоволство;

- да го подигнувате малиот прст кога ја принесувате чашата кон устата.

Како да се однесувате кога пиете кафе?

- откако со левата рака сте го примиле кафето, со десната рака шолјата се принесува кон устата;

- лажичката не се остава во шолјата, туку на тацната;

- кафето не се пие од лажичката, туку од шолјата.



МОБИТЕЛ

Мобилните телефони денес се наоѓаат во секој џеб, а сопствениците ги нос��т не за да ги импресионираат другите, туку зашто многу практични. Но, се' погласни се предупредувањата дека целуларните телефони се штетни за здравјето, а правилото при употребата на мобилните телефони гласи: умереност во се' - тонот, гестовите и гласот. Користете го така што ќе оставите впечаток дека сте цивилизирани и носете го во вашата чанта, а не како трофеј:

- на јавни места користете го помалку, а во рестораните знак на лошо воспитување е доколку разговарате додека ручате

- на местата каде што треба да биде тивко (кината, театрите, црквите), не заборавајте да го исклучите својот телефон пред да влезете. Ако сте заборавиле да го сторите тоа, а телефонот ви заѕвони, веднаш исклучете го.

Доколку ви заѕвони додека чекорите по улица, немојте да разговарате додека одите, туку застанете настрана и побрзо завршете го разговорот.


#
Статијата е прочитана 800 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Урбан барок на Елена Лука
Водителски камбек под полн напон
Нови медали за филателистите од Македонија
Контроверзни реклами






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry