Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Забава

Тајна венчавка

Скарлет се омажи со Рајан Рејнолдс

И за Скарлет и за Рајан ова е прво брачно искуство

На разочарувањето на цела армија обожаватели, џебната венера Скарлет Јохансон (23)овој викенд и официјално стана г-ѓа Рејнолдс, мажејќи се со своето осум години постаро момче Рајан. Венчавката се случи далеку од светлата на Холивуд, далеку од папараците, што беше желбата на новопечената двојка.

„Без многу помпа и подготовки, Скарлет во петокот замина за Канада“, велат извори блиски до весникот „Пипл“, кој прв ја објавија веста. „Таа сметаше дека венчавката е интимна работа, чин на двајцата што се сакаат , и на кои не им треба медиумска помпа“.

Бидејќи венчавката е објавена во тајност, повеќе податоци врзани за самата церемонија нема. Да потсетиме дека својата љубовна идила актерската двојка ја започна минатата година, набргу по раскинувањето на Рајан со пејачката Шерил Кров. Инаку, тој е познат и како долгогодишно момче на музичарката Аланис Морисет, што ги инспирираше злобниците да искоментираат дека Рајан од музика се префрли на филм.

Дека двајцата веруваа во оваа врска, дека се залагаа да успее, сведочи и гордото појавување на Скарлет во мај годинава со голем свршувачки прстен што го красеа многубројни дијаманти. Само четири месеци подоцна, без потреба да одлагаат, вљубените кажаа „да“пред државата.

И за Скарлет и за Рајан ова е прво брачно искуство, и покрај тоа што блондинката им ги скрши срцата на Дереј Џетер, Беницио дел Торо, Јаред Лето и Још Хартнет.

 


Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Направил сцена поради маркетинг за новиот филм
Дејвид позираше како робијаш
Во ДПМ доделување награди на преведувачи