Во ДПМ доделување награди на преведувачи
Денеска во 12 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе биде одржан свечен собир на македонските книжевни преведувачи по повод 30 Септември, Светскиот ден на преведувачот, при што ќе бидат доделени и традиционалните награди и признанија.
На преведувачот Свето Серафимов ќе му биде врачено признанието „Повелба 30 Септември“, а ќе бидат доделени и традиционалните награди „Кирил Пејчиновиќ“, „Григор Прличев“ и „Божидар Настев“( што се доделуваат на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Тетово), како и наградите „Златно перо“ и „Архиепископ Гаврил“.
Добитник на Специјалното признание за најуспешен издавач во 2008 година е книгоиздателството „Силсонс“ од Скопје. (К.Б.) |