Календар
Дејвид позираше како робијаш
За оваа прилика се зајмени качкет , маичка и карирана кошула, какви што носат затворениците од овој затвор
Еден од најпознатите и најпопуларни фудбалери на светот, Дејвид Бекам, се фотографираше за својот нов календар, а инспирација му беше популарната телевизиска серија „Бегство од затвор“.
На новите фотографии популарниот Дејвид го има имиџот на главниот лик од серијата, Мајкл Скофилд, што дефинитивно ќе ги израдува неговите фанови - разголен е, мускулест и тетовиран, исто како и „оригиналот“. Патем, „урива““ и со својот поглед, кој вели најмногу му создавал проблеми, бидејќи по природа е мирен тип.
За оваа прилика се зајмени качкет , маичка и карирана кошула без ракави, какви што носат затворениците од овој затвор.
Дејвид Бекам веќе одамна не е само фудбалска ѕвезда, туку и човек што од своето име успеа да направи модна икона за многуте мажи на светот, и затоа се очекува копирањето на неговиот имиџ, што секако значи и фабрика за пари. Ова, веруваме, е една од идеите на неговата Викторија, која важи за неуморна џет-сетерка.
|