Направил сцена поради маркетинг за новиот филм
Полицијата веднаш го привела популарниот актер
Колку Саша Барон Коен е професионалец и колку оригинално се подготвува за секоја улога сведочи и настанот на Модната недела во Милано, кога со својот испад ја прекинал ревијата.
Имено, Саша, кој славата и популарноста ја стекнал по улогата на Борат, во центарот на модата, Милано , се наоѓа бидејќи снима филм каде што ја има улогата на моден фрик, австриски новинар, кој следи и известува за мода. Сосема навлезен во тој филм, Саша обвиткан во голема црна пелерина ја прекинал ревијата на шпанската модна дизајнерка Агата Руиз де ла Прада што ја влечел по сцената. Полицијата веднаш го привела популарниот актер, по што, откако му е откриен идентитетот, е пуштен од затвор.
Саша не е наивен ниту каприциозен. Ова беше само вешто смислен маркетинг поради потребите на филмот.
|