Исчезна гостиварски таксист
ГОСТИВАР - Таксистот Бајрамали Адеми (56) од гостиварското село Долна Бањица, на 20 јуни го напуштил домот во 22 часот и оттогаш повеќе не се вратил. Откако ноќта и утредента не дошол, синот Јашар го пријавил , случајот во гостиварската полиција. Неговото семејство е во неизвесност бидејќи од таа ноќ ништо не чуле за него и немаат никаква информација каде е тој. Инаку, Бајрамали Адеми долги години работи како таксист со „опел астра“ ГВ 157 БФ. Тој најчесто се паркирал на такси-станицата пред административната зграда на ХЕЦ „Маврово“ во центарот на Гостивар. (К.К.) |