Украл пари од склад, но бил фатен од синот на сопственикот
Од канцеларијата на директор на претпријатие на отпад за старо железо во Скопје се украдени 105.000 денари. Разбојништвото се случило завчера напладне, кога крадецот го искористил отсуството на сопственикот на отпадот и од фиоката ги зел парите. Но, на излегување го пресретнал осумгодишниот син на сопственикот на отпадот. Кога детето го прашало непознатиот што прави тука, тој му удрил две шлаканици на детето.
Сопственикот ја известил полицијата, кој набрзо го пронашла крадецот со украдените пари. Според МВР, станува збор за скопјанецот Ренато К. (23), криминалец со богато досие. (Ј.К.) |