|
|
|
|
|
|
Лош финиш на досието на Груевски
Премиерот во слободен пад: интервјуто за Б-92, средбата со Мугабе, СДСМ во офанзива, Брисел возврати за нападите врз Фуере
Соња Крамарска
Протестен марш на опозицијата, силна акција против критизерството од А1, поразително интервју за Б-92, парламентарна бура за проектот „Скопје 2014“, скандал со палатата за Хунзите во Паљурци, шлаканици од Брисел за нападите врз Фуере. Има ли полош завршеток на една година за еден премиер?
Секако дека не, а ако тоа се однесува за премиерот Никола Груевски, кој грижливо го црта својот портрет во јавноста веќе петта година, тогаш единствениот атрибут што може да се употреби е „катастрофален“. Катастрофален финиш на неговото политичко досие на крајот на оваа 2010 година.
Парламентот вчера одржа бурна расправа за барањето на СДСМ за вонредни избори. Настаните околу А1 телевизија, палатата на Хунзите, алузиите од новинарката на Б-92 за диктаторство, запалените документи од тендерите за Скопје 2014 - повторно му експлодираа на Груевски пред очи. Опозицијата безмилосно изнесе обвинувања базирани на она што му се случува на премиерот и околу него во последниот еден месец, а што несомнено ќе му го направи крајот на годинава полош отколку што се надеваше при новогодишното обраќање што го даде за граѓаните минатата година на 31 декември. Груевски тогаш вети дека 2010 ќе биде година на бавно, но сигурно економско закрепнување на Македонија и година во која Владата ќе се обиде да го реши спорот околу името и да го одблокира членството во НАТО и во ЕУ.
Меѓутоа, ако сега треба да го прави билансот за годината што изминува, она што се случи на политички план во изминатите неколку седмици дава поголема тежина отколку сите останати случувања во текот на 2010. Првин дојде неповолниот извештај од Европската комисија, во кој Владата е обвинета за мешање во судството, задушување на слободата на говорот во медиумите, партизирање на јавната администрација, селективна борба против организираниот криминал и корупцијата. Потоа, на глава на Груевски како лавина му се урнаа инциденти, скандали во министерствата, интервјуа главно со странски новинари (Б-92) и политички протагонисти (Зоран Талер и Јелко Кацин), но кои домашната јавност, се' уште под импресија на големиот опозициски марш, ги одгледа со големо внимание.
Настаните во и околу А1 ќе останат забележани со големи букви во досието на политичките акции на премиерот за 2010.
Во јавноста протече и сензационалната вест за средбата на Груевски со диктаторот на Зимбабве, Роберт Мугабе. На веста веднаш и' се нафрлија сите медиуми, а за опозицијата таа стана главна алатка за негативно портретирање на Груевски. „Што може Груевски да разговара со еден диктатор кому му е збрането да влегува во ЕУ и САД“, задоволно прашаа критизерите на премиерот.
Политичките кругови во Скопје не останаа рамнодушни ниту на интервјуто што Груевски, во својот кабинет каде можат да влезат само одбрани новинари, го даде за српската Б-92 телевизија. Во тоа интервју, Груевски, иако на негов терен, безмилосно беше напаѓан за градбата на спомениците, акцијата во А1, провокациите кон Атина, а во еден момент новинарката направи и алузии за негова сличност со српскиот диктатор Слободан Милишевиќ.
Брисел, изворот на најголемите политички разочарувања за Груевски и барометарот за неговиот премиерски (не)успех, се претвора во кошмар за македонската Влада во последниве седмици. Откако Влатко Ѓорчев замина во европскиот парламент со торба полна со напади и навреди врз европретставникот Ерван Фуере, од престолнината на ЕУ кон Скопје е возвратено со жестока артилерија. Адресата е „Илинденска“ б.б., и лично премиерот Груевски.
Двајцата словенски лобисти за Македонија ,Зоран Талер и Јелко Кацин, не избираа зборови за да и' кажат на јавноста во Скопје дека има проблем со сопствената влада и со нејзиниот прв човек. Македонија се движи во погрешна насока, она што се случува во Скопје е нечуено, нападите врз Фуере од страна на владина личност се напади на целата влада врз Брисел - се само дел од арсеналот тешка артилерија што Словенците во име на ЕУ ја извадија против Груевски.
Дома, социјалемократите, охрабрени од големиот одзив на протестниот марш успејаа да поентираат и на целодневната дебата во парламентот по повод проектот „Скопје 2014“. Груевски е обвинет за немање чувство за приоритети, трошење на народни пари за грандиозни проекти во ситуација на општа беспарица и себично присвојување на буџетот за пишување на лична историја.
„Скопје 2014“, со откривањето на аферата со запалена тендерска документација, стана извор за нова криза за премиерот. Излезе дека обвинувањата од СДСМ биле точни или, пак, делумно точни. Сега Груевски е на потег.
Но, барем од Паљурци стаса охрабрувачка вест: Палата за Хунзите, најверојатно, нема да се гради. Сепак, политичките кулоари не мируваат. Груевски повторно е закачен за атрибутите „антички“ и „националистички романтичар“. По честитањата за почетокот на 2010, ќе има ли кој да му го честита на Груевски крајот на 2010? |
#
|
Статијата е прочитана 6201 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 14.12.2010 12:17:31 |
|
Чекај бе СОЊЕ охооооооооооо,Уште колку има од ова година уште пола месец.Којзнае уште колку глупости ќе се истресат. |
|
|
|
|
|
|
Од: polatski |
Датум: 14.12.2010 12:23:42 |
|
ne se pisuva slovenski, tuku slovenecki |
|
|
|
|
|
|
Од: Geneticar |
Датум: 14.12.2010 12:57:20 |
|
I pokraj se,analizava se sveduva na toa deka SDSM i pokraj se, seuste"nema namera"da dojde na Vlast, ili potocno i ponataka mora da ja igra ulogata na nemokna opozicija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Regan |
Датум: 14.12.2010 13:08:12 |
|
Зарем на иста маса во Триполи не седеа со Мугабе и Гадафи и сите високи или највисоки претставници на ЕУ? |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 14.12.2010 13:10:49 |
|
Протестен марш на опозицијата,средба со Мугабе,
случувањата во А1, лошо интервју за Б92,напади од Брисел , Паљурци и т.н = на рејтинг од 24% наспроти 8.6% на Бране. Добро е што рејтингот го даваат граганите, а не некои проопозициски новинари. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pavlina |
Датум: 14.12.2010 13:11:53 |
|
Mnogu izdrzan argument vi e intervjuto na Gruevski za belgradskata "b92". Koj malku sledi jasno mu e deka Sorosite od Makedonija gi izbrifirale Sorosite od SRbija. Mnogu stradaat i se zagrizile vo Srbija za plostadot vo Skopje i diktaturava vo Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: mira |
Датум: 14.12.2010 13:22:45 |
|
odlicna statija, vo eden tekst napraveno e rezime na se sto se slucuvase vo 2010 godina. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 14.12.2010 13:34:50 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Амеба |
Датум: 14.12.2010 13:40:24 |
|
Среќа што нас амебоидите не има многу повеќе од соросоидите,па рејтингот ни е голем,Имаме уште една предност,ние не мислиме,друг го прави тоа за нас,па сме подморни! |
|
|
|
|
|
|
Од: Pavel |
Датум: 14.12.2010 14:34:43 |
|
Сомнителни аргументи во прилог на истакнатата теза уште во самиот наслов. Набројаните маргинални настани воопшто не претставуваат некакви докази за „лошиот финиш“ на Н. Г. и на ВМРО ДПМНЕ. Сепак зачудува фактот што овде е тотално изоставен т.н. „упад“ во ТВ А1, кој кога се случи беше кулминација на новинарска и СДСМ-овска хистерија. Попатно, овој збор етимолошки и не е чист македонски збор. Но, бидејки настанот е изоставен како некаква „бламажата“ на Н. Г. , се наметнува дилемата, дали навистина и се случил,а ако се случил како новинарката го оценува секако објективно од денешен аспект. Да се потсетиме дека челниците на ТВ А1 веднаш по настанот се потуриваа со пепел и зборуваа како со него и во него претерале, па можеби и тоа е причината што е изоставен од написот? |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 14.12.2010 14:41:07 |
|
Seto navedeno e dokaz za rabotata na Gruevski ,sto znaci deka stom imaat za sto da go napagjaat toj navistina pridonel za da se slucat nekakvi promeni. A toa e rabotata na eden Premier. A rabotata na opozicijata i zasegnatite strani e da se pravdaat so negoviot los uspeh.Aferite za "Skopje 2014", A1 televizija ilil potocno "Pero Nakov"-mene me asociraat edinstveno na SDSMovska spletka za ocrnuvanje na tugjiot obraz. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 14.12.2010 15:01:26 |
|
Кој спие со деца,има големи шанси утрото да се разбуди унереден.А овие кои се радуват на рејтингот на својот пастир не е многу одамна кога се радува и на рејтингот на Љубчо.А зошто се откажа од него и самите не знаат.Истото тоа ке се случи за кратко време.кога ке дознат дека нивниот лидер станал бизнисмен. |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 14.12.2010 15:07:16 |
|
Zavisi za koj kako.Gruevski imase mnogu uspesna godina,pokaza mnogu rezultati a obidite na SDSM da go ocrnat ne im uspevaat.Narodot veke ne im veruva na lazgovcite ! |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 14.12.2010 15:40:23 |
|
G-gjo,g-gjice Pavlina,zboruvajki za sorosoidite (sprpsite) zaboravi vo tekstot da gi stavis i sorosoidite od Grcija!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Se nadevam deka znaes koi se "sorosoidi" vo Grcija
i koj im go nametna toa ime!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vanco |
Датум: 14.12.2010 15:57:32 |
|
I so vakva "losa godina", Gruevski ima najdobar rejting. Sto ke bese ako godinata bese uspesna. Definitivno, SDSM treba da se oslobodi od B.C. za dobroto na RMakedonija.
|
|
|
|
|
|
|
Од: tihi |
Датум: 14.12.2010 16:05:43 |
|
B92 ,A1,mugabe ,paljurci, mozat da gi gledaat negativno samo tie sto ne nosat rozovi naocari ,tuku temni nameneti za slepci,Sekoj koj gleda bez naocari ,znae deka se ova spinovi nameneti za zamajuvanje na javnosta.Bedno. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 14.12.2010 18:39:19 |
|
Како самозадоволно се смешка на сликава?!Ги игра како сака околу 500 000 народ, (Само од толку беше изгласан , ако беа и толку) , а тие се спремни вени да сечат и корења да јадат..А тој кутриот не знае на што да ги потроши силните проценти од ИЗРОДБАТА ВО 100 чекори !!!! Само дали ќе успее? Па тој е следниот Санадер , само не свесен !! |
|
|
|
|
|
|
Од: алек |
Датум: 14.12.2010 18:40:23 |
|
Какви глупости се изначитав,премиерот е одлично успешен во сите полиња и со оглед на светската криза,но и не гледам причина зошто да не би се сретне со Роберт Мугабе па и тој е човек ко сите други и не гледам причина за обвинувања нафрлени кон премиерот.Подршка за Премиерот Груевски најдобар си!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: soldat |
Датум: 14.12.2010 19:11:42 |
|
Гледано од аспект на комунистите, истата провиниенција која ја форсира, а веројатно и на која и припаѓа " независнава новинарка", напишаното е точно. Но гледано реално, односно од страна на народот, (а тоа е оној аспект кој опозицијата неможе да го види,затоа што спаѓа во друга димензија) новинарката напишала еден куп глупости, затоа што реалната состојба во македонија е целосно поинаква, т.е. таква каква што воопшто не им опдговара на комунистите и нивните гласноговорници.
И затоа тие уште долго ќе бидат во опозиција. Затоа што, како што вика нашиот народ,при очи се слепи. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 14.12.2010 20:06:20 |
|
alek, vo koi polinja e uspesen premierot? Koga pisuvate, naveduvajte fakti. Taka razgovaraat civiliziranite. rekla-kazala e za na bunar. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 14.12.2010 21:08:55 |
|
Ако го оставиме уште некој месец на власт, ќе направи уште којзнае колку будалаштини. Луѓе, брука изби со неговава диктатура низ целиот свет. Вакви срамои не сме кркале никогаш. А розовите наочари нека ги ставаат тие кои се нафатираа од портокаловава банда. Ние останатите само низ темни наочари можеме да го гледаме овој резил кој иссијува(смрди поточно) надалеку. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 14.12.2010 22:34:33 |
|
Abe Alek i RR, se citate li vopsto sto pisuvate vo posledno vreme? Edno te isto, "Drugarot Stalin e nauspesen", pa dobro bre za toa li ve placa Stabot na DPMNE, pa konsultirajte go Protoger valjda ce vi kaze nesto popametno ili barem eden argument koj zboruva deka barem malku Sefot vas e uspesen. Novinarkata pisuva argumenti koi narodot gi cuvstvuva!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Analiticar |
Датум: 15.12.2010 01:23:45 |
|
Ma moze da plukate i frlate drva i kamenja ama na vlast SeDeSéMoe nema da dojde. Nadvoresni platenici koi samo stvaraat neredi i omraza namesto da se borat za podobro na Makedonija. Pa i da bidat predvremeni - NEMA da dojdat na vlast. |
|
|
|
|
|
|
Од: zagrizena |
Датум: 15.12.2010 10:10:39 |
|
Ama kakov ,,nacionalisticki romanticar,, toa i ne e taka los atribut. Jas bi go narekla ,,nacionalisticki inaet,,. Glagolot ,,se inaeti,, e povraten, sto znaci neovoto dejstvo se vraca na onoj sto go izvrsuva. |
|
|
|
|
|
|
|
|