|
|
|
|
|
|
СДСМ: Канческа добивала хонорари за „Скопје 2014“
Серија надоместоци во висина од по 40.000 денари добивала сегашната министерка за култура Елизабета Канческа-Милеска во 2007 година, тогаш во својство на државен секретар, за членство во разни комисии што одлучувале за дел од градбите на „Скопје 2014“, тврдеа вчера од СДСМ. Според нив, тоа е уште една потврда за расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и за Канческа, како што опозицијата го нарекува, во забеганиот и криминален проект „Скопје 2014“.
„Засрамете се лажни патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Се обидувате за мегааферата ‘Патриотска метла‘ да се затскриете со жртвување на тројца вработени во Министерството за култура. Одговорноста е исклучиво кај Елизабета Канческа. Кривичните пријави на МВР треба да се наменети за неа. Таа мора веднаш да поднесе оставка или да биде разрешена“, категорично изјави Игор Ивановски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој информираше дека наскоро од партијата ќе поднесат кривични пријави за Канческа до Јавното обвинителство. |
#
|
Статијата е прочитана 979 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: objektiven |
Датум: 14.12.2010 13:32:29 |
|
*Исто така пред новинарите беше презентиран и документ од Агенција за авторски договори со кој се потврдува дека Канческа не примала никаква хонорари и додека била министер за култура.*
*Потенцираме дека Елизабета Канческа-Милевска е првиот министер кој го укина надоместот за членувањето во овие комисии.* |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 14.12.2010 13:57:53 |
|
Dali ste zabelezale, vo Makedonija i vo svetot-sega i nekogas, deka site mali osrti, luti, odnosno rezolutni lugje se mali, so nekoja specifika, gestovi vo odnesuvanjeto. Dali mozete da izvlecete nekoj zaklucok, dopirni tocki ili da vi se nacrta. Ako ne vi e jasno vrisnete vo nekoe metro, odnosno, sto i da e, pa ke sfatete, ili mozebi asocijaciite ne vi se posilna tema. |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 14.12.2010 14:31:25 |
|
Vidovte deka nekoj si ja vrsi svojata rabota mnogu ubavo i sovesno i se razbira toj ne cini. Kanceska-Mileska e eden od najdobrite Ministri vo nasava Vlada a za toa se dokaz i mnogubrojnite proekti i nsatini koi se slucuvaat na poleto na kulturata vo Makedonija. Dokaz za toa e i vesta deka i se zakanuvale po zivot-ima mnogu luge nezadovolni od samite sebesi pa svoeto nezadovolsvo go iskaluvaat na drugi koi toa ne go zasluzuvaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 14.12.2010 16:17:26 |
|
Пералната за пари на пропагандната блада е од марката "Култура "Tие гарантират дека е со висок квалитет.Ако сака да пере може да пере и милијарди.А кога се однесува за висината на функционерите,високи биле Наполеон и Хитлер. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 14.12.2010 19:35:41 |
|
Имам впечаток како опозицијата внатре се натпреварува кој колку ќе биде осуден за клевета.Па така дежурниот кавгаџија ,,попи,,1000 евра казна,сега на ред е друг.Овој прво посочениот е апсолутен шампион по поднесени пријави за клевета па очекува во 2011 год. да учествува во лигата на шампиони. Samo naprej,ima nadanje |
|
|
|
|
|
|
Од: Ја |
Датум: 14.12.2010 22:01:06 |
|
Грешка господо од СДСМ, НЕ БРЗАЈТЕ има време. Оставете ги нека се испукаат.Не е добро сега со нивните „патриотски метли“ и лажни кривични пријави да се „покриваат“ додека се на власт.Тешко дека после нешто ќе можете да ефектуирате но едно е ФАКТ а тоа е дека и без Вие да го изнесете тоа НАРОДОТ ГО ГЛЕДА и ќе им го наплати на избори. |
|
|
|
|
|
|
|
|