Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

СДСМ од стратегиски причини го крие адутот за Скопје

Најголемата опозициска партија вчера објави дел од кандидатите за градоначалници

СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи самостојно. Партијата на вчерашната седница на Централниот одбор ги утврдила кандидатите за градоначалници и советничките листи во оние општински организации каде што е завршена постапката. Портпаролот на партијата, Емилијан Станковиќ, на вчерашната прес-конференција рече дека постапката во останатите општински организации е во завршна фаза и оти многу брзо ќе ги објават и другите кандидати за градоначалници и советничките листи.

Кандидатите за градоначалник на Скопје и за претседател, како што истакна Станковиќ, од стратегиски причини ќе бидат објавени во февруари идната година.

За Општина Струмица останува актуелниот градоначалник и в.д. претседател на партијата, Зоран Заев, а за скопските општини Чаир и за Сопиште се предложени Љупчо Пасковски и Љупчо Мицковски–Кец.

Кандидат за градоначалник на Охрид е Александар Петрески, на Кочани - Влатко Серафимов, на Гостивар - Дарко Мицкоски, на Штип - Здравко Коцев, на Ресен - Димитар Бузлевски, на Делчево - Мирко Иванов, на Радовиш - Зоран Здравковски, на Пехчево - Гаврил Кацарски, на Крива Паланка - Драги Трајчевски, на Пробиштип - Душко Јовановски, на Демир Хисар - Љупчо Најдовски, на Демир Капија - Тодор Тошевски, на Македонска Каменица - Сашо Николов.

За градоначалничката фотелја во Росоман битката ќе се бие со Гоце Величковски, во Вевчани со Сашо Мурџески, Новаци - Васил Талевски, Лозово - Јордан Павлов, на Маврово и Ростуше - Љатиф Пајкоски, на Босилово - Георѓе Манушев, на Кривогаштани - Горан Каравилоски, на Карбинци - Јордан Насев, на Василево - Славе Христов, на Могила - Сребре Нечовски и на Вранештица - Ванчо Србаковски.

Овие кандидати, рече Станковиќ, заедно со советничките листи, треба да бидат утврдени од стра��а на општинските конференции.

„Во програмата ќе понудиме конкретни социјалдемократски политики, вистински решенија за проблемите на граѓаните и брз економски развој на општините што ќе овозможи отворање нови работни места. Нашите проекти се реални и остварливи“, истакна Станковиќ. (П.Р.)

Статијата е прочитана 1089 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco,bitola
Датум: 23.12.2008 00:43:57
СДСМ ги крие кандидатите за председател и градоначалник на Скопје од стратегиски причини,божем имаат некаква стратегија.Во 5 до 12 часот,на последниот ден за поднесување кандидатури ќе излезе истиот овој Емилијан и ќе ни соопшти радосна``вест``-кандидат за председател ќе ни биде,никој друг ами големиот наш држалник,оти народот тоа го барал од нив. Патетично!!Сапуница.
Од: novoselec
Датум: 23.12.2008 01:52:05
SDSM celiot svet je vo svetska ekonomska kriza od japan amerika do albanija a vie go lažete makedonskiot narod ke otvarete novi rabotni mesta podobro kažete ja vistinata kog ke dojdime na vlast ke zatvarame rabotni mesta kako ne vie sram kako go lažete narodot edino što možete dobro da napravite da gi puštite kriminalcite na sloboda pošto se sposobni za takvi raboti
Од: leCler
Датум: 23.12.2008 02:13:16
СДС скрите се таму и не лафете многу многу оти скоро и да нема кој да ве слуша. Или уште подобар совет: РЕФОРМИРАЈТЕ СЕ!!! Кој ќе ве гласа со апашот како „скриен“ лидер и неговата гарда и со полтрончиња како Макрадули, Кондарко, Емилијан??? Ќе поминете исто како и на парламентарните избори, да даде Господ и уште полошо :D
Од: Jan
Датум: 23.12.2008 02:46:47
Ako SDSM ne go predlozi Gorgi Kimov za gradonacalnik na Negotino,neka go napravi toa VMRO,zato sto toj e najposteniot gradonacalnik vo Makedonija. Ama ocigledno na nekoi okolu nego toa ne im odgovara,zatoa sto od nego nemozat da kradat i da pravat sto sakaat. Go izvlece Negotino od dolgovi,go gradi zabrzano,i raboti za opsto dobro. I za toa sto go raboti e cel na zdruzeni napadi na poveke lica od Negotino,koi site znaeme so kakvi necesni raboti se sluzat.A posebno pretstavnickata na izvrsen na sdsm
Од: devicanecot
Датум: 23.12.2008 08:01:33
So nivnata strategija, ete do kade stignaa. Najdobro e Sonja Nikolovska da ja kandidiraat za Skopje. Dosta bese takov nivni menadjer ne samo na godinata, tuku i na decenijata da gi dere bitolcani.
Од: zoran
Датум: 23.12.2008 09:43:38
Samo vie lajte i kasajte go narodot i koga ke go iskinete celiot(kako sto go pravite toa sega)togas ke pocnete da se jadete i samite!A posle koga ke nema sto da jadete ke jadete ... i ke izbegate od drzavata so Bugarski pasosi.OSTVARUVATE
Од: men
Датум: 23.12.2008 09:47:27
Vo potpolnost go opravduvam vakvoto nivno odnesuvanje i bi im preporacal da kraj da ostanat skrieni i ic da ne izleguvaat na izbori zasto znaat sto ke gi snajde. A za pricinite neka razmislat sami i neka vidat kako vmro se vrati na vlast, dali so vrakanje na stari kadri ili so novi i nadezni. I se dodeka sdsm se nadeva deka vmro samo so rejting se odrzuva na vlast ke bide vo dlaboka opozicija. Pa zarem mislat deka narodov e glup i deka kaj narodot cetvrta godina po red moze da upali dobra reklama i vestacki da se slepa nekoj. Ili nesto drugo e vo prasanje i narodot ceni koj kako raboti. SDSM go spasuva samo dlabokipromeni, a ne vrakanje na stari i istroseni politicari. Ako ima nekoj koj misli deka vmro so Ljupco ke se vratatese na vlast togas jas mnogu gresam i sdsm odi vo vistinska nasoka.
Од: sasho negotino
Датум: 23.12.2008 10:06:54
za Jan.. abe decko ti da ne zivees vo Negotin Kraina a ne vo Negotino pa koi bre Gjorgji Kimov koga toj do 12 site gi mraze a posle 12 i sam se mraze. pa neli gledas deka vo gradot nema koj da go pozdrave i od negovata partija, so banderata si vika dobar den. Zabrzano gradel? da imas pravo si izgradi nova kuca i toa na povisoko mesto ne mozese, vaka site da ja vidat.najgolemiot sram za sdsm i za negotino ke bide ako toj bide povtorno nominiran za gradoinacalnik.toj si go odraboti svoeto, dosta mu e i neka si bega od opstinata.sdsm ima tolku mnogu posposobni lugje vo negotino za da izbere gradonacalnik.
Од: poranesen glasac.
Датум: 23.12.2008 10:16:51
Ova bes posledna sansa za da SDSM zastane na pravi noze.Ovie 4 god trebase da izlezat novi lica koi ke bea nositeli na parlamentarnite izbori 2112.No i toj voz zamina za REFORMI vo sdsm.So vrakanje na b.c. so ostanuvanje na iostite gradonacalnici so vrakanje na starite kadri za sovetnici drugari vozot e zaminat za mnogu vreme.
Од: Bitola
Датум: 23.12.2008 11:58:35
I taka treba oti da ne se javi nekoj nov Jani Makris ,baba Rada Sekerova,Ilinka Miteva it.n.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
За огновите на Бадник нема да важи законот
Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ на тивок оган