Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

За огновите на Бадник нема да важи законот

Полицијата ќе им прогледа низ прсти на бадникарските славеници

Жаклина Хаџи-Зафирова

Полицијата ќе им прогледа низ прсти на бадникарите кои за две недели се подготвуваат да го прослават традиционалниот христијански празник Бадник, кој се прославува на 6 јануари, еден ден пред Божик. Полицајците само за една ноќ додека трае православниот обичај ќе замижат и нема да ги казнат бадникарите, кои ќе палат огнови на јавни површини, каде што на големо ќе се пие и пуши и сосем извесно дека ќе има и купишта отпадоци.

Од полицијата најавуваат дека за бадниковата ноќ ќе подзаборават на белешките и „ќе бидат флексибилни“ околу прославата на празникот во пресрет на Христовото раѓање. Од МВР не се откажува од законското право да казнува и за време на празникот, но велат дека ќе го искористат „дискреционото право“ да бидат помеки во казнувањето.

Строгите казни, кои претходно се однесуваа и на правењето ајвар и печењето ракија на јавни површини, по се' изгледа дека нема да важат единствено кога ќе се организираат традиционалните празници на отворено. Барем така изгледа расположението во МВР, од каде што велат дека обичајните правила понекогаш се и над законот.

Премиерот Никола Груевски, кој пред две години беше василичарски кум, не демантираше дека и оваа година традиционално ќе гостува на познатите Мичурински средби во Скопје, каде што редовно го канат. Тој не кажа дали ќе даде некакви насоки околу палењето бадникарски или василичарски огнови, кое не е стриктно забрането во законот, како што е и случајот со ајварот, иако е забрането оштетување јавна површина. „Дали е законски или не, ќе кажат правниците“, вели премиерот. Сепак, тој не прецизираше дали за тоа ќе расправа и Владата.

Нашето прашање за славењето на Бадник ја затече и полицијата. Познато е дека на Бадник се палат огнови, се пие ракија, а сосема сигурно огромен број и пушат. Но, прашање е колку е сето тоа законски, посебно сега кога само неколку месеци од донесување на законот беа изречени десетици илјади казни за овие прекршоци.

„Палењето оган не постои како прекршок во Законот за јавна чистота, како што е случај и со ајварот, но ова прашање повлекува други прекршоци според законот“, велат советниците за јавен ред и мир во полицијата. Конкретно, тие го наведуваат член 14, според кој, меѓу другото, е забрането фрлање хартија, догорчиња, гуми за џвакање, амбалажи, земја, отпадоци од растенија. Нема ништо спорно и никој не може да им забрани на бадникарите да купуваат и да консумираат алкохол или да пушат цигари на отворено, но затоа, пак, забрането е фрлањето отпадоци, што е одредено во истиот член.

Прашање е кој ќе може да ги дисциплинира бадникарите кога реално, за да може да се санкционираат, ќе треба да се ангажираат стотици, можеби илјадници полицајци и инспектори за да дежураат буквално до секој бадникар. А, такви места за Бадник ќе има сигурно безброј.

„Станува збор за традиција, обичај и култура на живеење и нема ништо спорно дека полицијата ќе биде максимално флексибилна за да им овозможи на граѓаните да си го прослават Бадник како традиционален празник. Тоа значи дека ќе им се дозволи на граѓаните барем една ноќ да го прослават празникот според традицијата и обичаите“, објаснуваат полициските советници. Во исто време, апелираат до граѓаните да организираат посебни места каде што ќе се фрлаат отпадоци и догорчиња.

Но, ако полицајците регистрираат дека се оштетуваат клупи или инвентар во парковите или на јавните површини, сигурно дека ќе реагираат. Од септември, кога е донесен Законот за јавна чистота досега, МВР по разни основи изрекле 18.470 казни за прекршоци.

Спроти претстојната прослава на Бадник, Македонската православна црква повторно потсети на својот став дека кај нас Бадник се прославува повеќе пагански отколку според црковните канони. МПЦ не се согласува со начинот на традиционалното славење на Бадник кај нас со огнови и пиење ракија, што велат дека се задржало како пагански обичај.

„Славењето на Бадник е многу изменето, што се гледа преку начинот на кој се прославува со што се враќа паганството. Празникот се обесчестува со прејадување, мрсење и јадење колбаси кога е посна трпеза, како и препивање алкохол, што посебно се случува во Скопје. Тоа е надвор од прописите, барањата и учењата на црквата“, објаснува портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Според него, дел од луѓето не се виновни поради ваквиот начин на прослава на Бадник, бидејќи можеби се работи за незнаење. Црковните правила предвидуваат Бадник да се прославува дома, на домашна трпеза со гранче кое симболизира младост. Гранчето се подмачкува со шеќер или мед за да има родна година и се става кај иконата. А, на трпезата може да се служи само по една чашка ракија.


Статијата е прочитана 1901 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 23.12.2008 07:56:06
Do koga ke bideme zaloznici na sundot na sekoe pole, sega zadnive 10-15g i so Badnikot... od risjanski se transformira vo Paganski praznik, a sto e najtragicno tie sto go slavat na paganski nacin ne znaat deka toa ne e risjanski i nikade taka ne se slavi...pa pred 7-8 godini se sluci i tragicen epilog na paganstvoto, koga pijani badnikari vo Avtokomanda vlegoa vo konflikt so eden minuvac ... .. ako MPC zvanicno ukazuva na pogrsniot nacin na p[roslavuvanje, ne gledam zosto policijata tolerira krsenje na zakonot...isto e i so pukanjeto i koristenje pirotehnika , pa imase i zrtvi, do koga ke go tolerirame Divjastvoto ??
Од: Prcko
Датум: 23.12.2008 08:22:33
Bravo Petre, sekoj zbor ti drzi. Dolu so sundot. Ova mora da prekine, nikade go nema.
Од: nikoj i nisto
Датум: 23.12.2008 08:45:14
A be ej,ke gi shashardisate decata.Im vovedovte veronauka vo uchilishte,a od druga strana ushte ke se odrzuvaat tie piromanski pirovi vo getoata na Skopje ,na koi obavezno se odbira i poglavicata(kum) na piromanskoto pleme. I neka ne zbori mnogu vladikata Timotej deka se raboti za neznaenje,odma ke mu stegnat prijava.Kakvo neznaenje,pa tie koi vetuvaa podobra Makedonija,sichko si znaat.
Од: jas
Датум: 23.12.2008 09:13:49
Барем така изгледа расположението во МВР, од каде што велат дека обичајните правила понекогаш се и над законот. I kaj Albancite ima obicajno pravo na krvna osveta , ama dali e nad zakonot???? Ako e zakon , treba da vazi za site i SEKOGAS!!!!
Од: Zaklina
Датум: 23.12.2008 10:03:41
Se prasuvam kako ke reagirase javnosta ako policijata najavese strogi merki za badnikovata vecer. Vo eden del od tekstot novinarot naveduva deka policijata go zadrzuva pravoto da konstatira prekrsoci i da sankcionira prekrsoci po zakonot za javna cistota. Fleksibilnosta znaci - DA za sobirite koi tradicionalno se slucuvaat za badnikovata vecer. Obvrskata i svesta na graganite e drugo prasanje. Ako nekoj postapuva sprotivno na odredbite samo zatoa sto policijata ke bide pofleksibilna, toa zagrizuva. No, ako imame svest za cista, zivotna sredina togas dostoinstveno ke proslavime.
Од: goran
Датум: 23.12.2008 10:19:51
MPC Ke slavele vo Hotel Izgrev :)
Од: Христијанин
Датум: 23.12.2008 10:54:40
Прво, полицијата не е таа која така или вака ќе спроведува еден закон и затоа да не се прави многу великодушна. Но затоа законодавецот требало да мисли на исклучоци и нив да ги внесе, ако требало. Но, најважното, Божик кај наас се претвори во нешто сосем спротивно од неговата суштина. Додека во католичкиот свет (видете ги божиќните пораки на Папата, католичките надбискупи во Словенија, Хрватска) Божик и Бадник се прославуваат во кругот на семејството, во молитви за спасение, за духовно прочистување, со повици за помош на сиромашните, болните, онеправданите, кај нас на жалост тоа се претвори во пианчење. Со ракија, со зурли и тапани, се сечат млади борови, се прави фешта, се експонираат лица кои и инаку постојано ги гледаме на ТВ, разни кумови и сл. Нажалост кон тоа придонес има и дел од црквата, со нејзиното однесување. Кога во Божиќната порака на нашиот Синод ќе има нешто и социјално, нешто за немоќните, сиромашните, за жртвување, зошто Божик е саможртвување, а не разврат.
Од: Jet
Датум: 23.12.2008 15:07:22
Ocigledno nasata segasna kultura koga se zboruva za nacini na manifestirano praznuvanje na verski praznici ne e vo soglasnost so red vo smisol na urban red. Jas sum musliman i mene mi precat ovcite i telinjata na Bit Pazar pred Kurban Bayram. Se dodeka i verskite vodaci ne sfatat deka lugjeto treba da se vospituvaat vo urban duh i da gi modificiraat manifestaciite na religioznost na nacin koj e vo sklad na deneshnit nacin na zhiveenje taka kje si bide. Nie sme Evropjani ama aj za nas malku da ne vazhi i da si pravime shto sme si pravele na nachin kako smego pravele. Site verski praznici se ubavi ako na dostoinstven nacin se obelezhuva verbata vo Boga. Verskite vodaci da ne gi koristat ovie praznici da go samoreklamiraat svojot establishment kriejkji se pozadi navikite za proslavuvanje koi ne se vo sklad so organiziran gradski nacin na zhiveenje.
Од: roberto
Датум: 23.12.2008 15:41:59
kakva e ovaa parodija,Zakon za javna cistota,dali NASAT A policija koja ja plakame nie danocnite obvrznici otisla od drugata strana na VARDAR pa tamu da podeli beleski za kazni ili im fufka! sekoja cest!
Од: mene
Датум: 23.12.2008 16:36:22
Јас сум католик али истовремено и македонец. Мене лично ми пречи овој тероризам на доминантната религија. Тоа е најобично малтретирање на комшиите, а понекогаш, кога најголемите верници ќе почнат да вадат и оружје, знае да биде и многу опасно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
СДСМ од стратегиски причини го крие адутот за Скопје
Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ на тивок оган