Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО

Претседателот на Собранието на Турција, Ќоксал Топтан, испрати силни пораки за поддршка

Оливера Војновска

„Турција е голем и искрен пријател на Македонија и поддржувач во нејзините евроатлантски аспирации. Македонија повеќе од потребното ги исполни критериумите за членство во НАТО, недобивањето покана го чувствуваме како голема неправда и тоа беше големо разочарување за нас. Неприфаќањето на Македонија во НАТО фрли сенка врз почитувањето на земјите кон Алијансата. Многу е значајно Македонија да биде под чадорот на НАТО, најсилен безбедносен систем во светот. Членството во НАТО и безбедноста на Македонија се важни за регионот и секаков негативен развој на настаните на овие простори ќе има негативно влијание кон сите земји. Како што заслужи да го заземе своето место во НАТО, така Македонија има заедничка иднина и со ЕУ. Многу значајно е тоа што огромен број државјани на Македонија даваат поддршка за зачленување на земјата во овие институции. Се надевам дека НАТО и ЕУ соодветно ќе го вреднуваат тоа“. Ваква силна порака до македонските граѓани вчера испрати претседателот на Големото национално собрание на Турција, Ќоксал Топтан, во своето обраќање во парламентот.

Во иста интонација беше и изјавата што ја даде потоа за медиумите по средбата со спикерот Трајко Велјаноски. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, безрезервна поддршка за НАТО била искажана и во разговорите со шефот на државата.

Топтан во својот говор во Собранието изрази задоволство за тоа што политичките односи меѓу двете земји од ден на ден се' повеќе се зацврстуваат. „За време на мојата посета, уште еднаш се уверив во тоа колку е силно пријателството помеѓу Македонија и Турција и колку се интензивни и искрени нашите односи. Македонија за нас е пријателска земја со која сме длабоко поврзани - со нашите меѓучовечки односи, културата и минатото. Показател за љубовта што ја чувствува турскиот народ спрема Македонија е тоа што 369 од 564 пратеници во турското Собрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија“, рече Топтан.

Со многу внимателен пристап, тој спомна дека принципот на правична застапеност на етничките заедници е исклучително важен, но нагласи дека „преземањето соодветни мерки за реализирање на ова е во надлежност на Македонија“.

Неговиот домаќин, спикерот Велјаноски, во изјавата за медиумите рече дека Турција е една од најпријателските држави на нашата земја. „Многу го почитуваме тоа што припадниците на турската заедница во Македонија се најлојалните граѓани и тоа никогаш не било доведено во прашање“, изјави рече Велјаноски. Тој истакна дека Македонија презема одредени законски мерки во однос на припадниците на помалите етнички заедници.

Настапот на Топтан во парламентот од собраниската галерија го следеа претставници на дипломатскиот кор. Сепак, во собраниската сала не беа присутни сите 120 пратеници, имаше околу 80-ина. Празни столчиња имаше и кај власта и од опозицијата, а некои пратенички групи отсуствуваа комплетно (ЛДП - Нова алтернатива и тројцата пратеници од Нова демократија).

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Црвенковски и Топтан на средбата констатирале дека „Македонија и Турција имаат одлични односи што се остваруваат со постојана комуникација на највисоко ниво“.

Македонскиот претседател изразил надеж дека одличните политички односи и сестраната соработка ќе достигнат адекватно ниво и во економијата.

Топтан ја предводи турската делегација во неколкудневна официјална посета на нашата земја и е прв странски политичар кој се обратил во овој собраниски состав. Во минатиот парламент имаше пет настапи на странски политичари.


Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар

Од: dimitar
Датум: 23.12.2008 00:38:49
Поздрав до братска Турција! Треба да падне границата помеѓу Македонија и Турција!
Од: Itar Pejo
Датум: 23.12.2008 01:00:52
Turcija e golem faktor. So nejzina pomos ce vlezeme i vo EU. Turcija ce pomogne i egejcite da dobijat odsteta, 30 milijardi. A ce ni svrsi rabota i okolu priznavanjeto na MPC.
Од: demokrat
Датум: 23.12.2008 01:31:19
turcija otsekogas bila iskren prijatel. se ekavam meseci pred bukurest, buchkovski pisuvase kolumna vo vreme kade otvoreno dade super strategija kako da se iskoristi ovaa nasa prijatelska zemja. imeno sugerirase da barame turcija da stavi veto na drugite dve zemji ako grcija ni stavi nas znaci kontraveto. taka alijansata bi se zagrizila i bi pomognalo da olabavat site da ne e blokira procesot zasto pa drugive dve imaa jaki lobiranja od grmanija i sl. no pametnite tezi makar i od politicki rival koj da gi sprovede i upotrebi koga ovaa vlast NEJKE NATO zatoa i se zanimava so egejci spomenici so se samo toa sto prvo treba ne. inache kako clenka moze sve posle da se resi poglatko ama drva da bea ke razberea ama nejkat. i na turcite edini prijateli sega i na niv im zakasnil gruevski
Од: dragan
Датум: 23.12.2008 05:04:03
dopolnuvanje na dimitar da padne granicata , ama preku grcija )))
Од: pameten
Датум: 23.12.2008 07:43:38
Dimitar: Поздрав до братска Турција! Треба да падне границата помеѓу Македонија и Турција! Ashkulsun Dimitre, ilindencite kje gi objavime za kriminalci. Sekako imame drugo mislenje za nashata nacionalna pripadnost, zoshto da ne si ja promenime i civilizacijata!
Од: zabegan
Датум: 23.12.2008 09:33:09
turcia ja saka makedonia vo NATO no dali GRUJO saka da bide makedonia bide vo nato???????
Од: Sultanot
Датум: 23.12.2008 10:43:33
Sega da bese ziv Sultanot ke ve prasase kolku R.Makedonija napravi za negovite vnuci za turcite tuka kolku se zastapeni vo celokupnoto opstestvo, po se izgleda pomosta i doblesta ne e na cena vo ovaa drzava kalasnikovi i bombi imaat pogolema vrednost.Zalno e ama vistina posle cel svet ni e kriv sto ne mozeme da mrdneme od mesto veke 17 godini. Gi pozdravuvam najlolajniod narod gordost e da se bide turcin.
Од: denko
Датум: 23.12.2008 11:28:58
Jane Sandanski sakase da ja spasi Makedonija i da ja socuva vo ramkite na Turcija, oti znaese po padot na Turcija sosedite ke ja rasparcat. Toj vo Solun ja formira Narodnata Federativna Partijja. Da odime po stapkite na Janeta i da ja obedinime Makedonija kako Bivsa Turska Provincija Makedonija.Turcija da si zeme Egejska Trakija kade ziveat muslimani i na reka Mesta da granicime so nea vo edna Turska federacija so Solun glaven grad.Vo nego spomenik na Janeta i na Kemal Pasa Ataturk. Amerika ova koga i da e ke go odobri kako sto odbri za Kipar.Vakvi letoci ako se frlat ke pmeknat Grculijata. Albancite ke gi balansirame so Turcite.Drug pat ke pisam pak.
Од: Memed
Датум: 23.12.2008 13:17:25
Za zal i pokraj dobrite odnosi na R. Makedonija so R. turcija,turskoto malcinstvo vo Makedonija ne gi uziva tiee blagodeti.Ne nema vo Ohridskiot ramkoven dogovor, zastapenosta vo vlasta, opstinite,odzemen ni e teatarot koj prvobitno e vospostaven kako turski malcinski teatar, kvotite za priem vo univerzitetite se popolnuvaat so drugi malcinstva,istoriskite spomenici se prisvojuvaat i se prikazuvaat kako istorija na albancite vo makedonija.. Za zal mestoto za komentari e premalu za da se opise golgotata na Turcite vo Makedonija.
Од: Ристе
Датум: 23.12.2008 14:54:37
Toj vo Solun ja formira Narodnata Federativna Partijja. А дали ти е извесно дека има додаток-Бугарска секциjа?И се сеќаваш ли зошто?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
За огновите на Бадник нема да важи законот
СДСМ од стратегиски причини го крие адутот за Скопје
Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ на тивок оган