Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Партнерите на ВМРО-ДПМНЕ на тивок оган

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и натаму ги држи во неизвесност малите партии и се' уште не одлучил дали на претстојните локални избори ќе оди соло или ќе го продолжи досегашното партнерство.

Ни по вчерашната средба на премиерот Никола Груевски со претставниците на малите партии, кои се дел од владината коалиција, тој не откри децидно која ќе биде конечната одлука, потенцирајќи дека прво сака да го „слушне списокот на желби“, а потоа ќе одлучи. Станува збор за редовна средба, на која се прави пресек на шестмесечната работа на Владата.

Сепак, во изјавата за медиумите Груевски потенцираше дека генерално е задоволен од досегашната соработка и оти во наредниот период ќе се направи анализа за досегашното партнерство и ќе се слушнат нивните барања, по што ќе се договори натамошниот настап.

Покрај премиерот Груевски, на средбата со лидерите присуствуваа и шефот на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, министрите за финансии и за полиција, Трајко Славески и Гордана Јанкулоска, како и пратеничката Силвана Бонева. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 891 пати.

Испрати коментар

Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 23.12.2008 07:30:09
Грујо си игра ладно топло со ,,малите послушници од типот не А. Бајрам или Б. Стојмен кои ги држи во шака, Така ќе биде се до пред изборите, (душичката ќе им ја вади) и на крај ќе им даде по некоја трошка. Но, да го оставеме тоа, Имам молба до ВМРО - ДАЈТЕ НИ ЈА БОНЕВА КАКО КАНДИДАТ ВО СТРУМИЦА - има голем рејтинг па таа ја ,,ПРЕПОРОДИ ,, Струмица, сигурно ќе победи, А ако не победи сите ќе ги туже за КЛЕВЕТА.
Од: K.J.
Датум: 23.12.2008 11:50:19
Povece od jasno e deka Gospodinot Nikola Grueevski pobedata sto ja donese na predvremenite parlamentarni izbori zaedno so Koalicijata za Podobra Makedonija e licno negova zasluga i zasluga na negoviot pobednicki tim koj neizmerno se dadoa sebesi,se davaat i se uste ce davaat pogolem del od sebe da nasata Republika Makedonija prodolzi da se dvizi kako sto se dvizese i dosega od koga e izdvoena pobedata, vo nagorna pozitivna linija. Vo partijata ima mesto za site koi i mislat dobro na nasata tatkovina pa taka ce ima mesto i za site koalicioni partneri koi go zastapuvaat stavot na partijata se dodeka neli ne izlezat so sprotivno mislenje.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Фрчкоски казнет со 32.000 евра за клевета на Груевски
Турција ja сака Македонија под чадорот на НАТО
За огновите на Бадник нема да важи законот
СДСМ од стратегиски причини го крие адутот за Скопје