Нафтените деривати со иста цена
Непроменети остануваат цените на нафтените деривати, а за половина денар поевтини екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот за 0,256 денари, одлучи на седницата во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на РКЕ за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,36 проценти, новата цена на литар екстра лесно масло за домаќинство изнесува 39 денари, а килограм мазут М-1 НС ќе се продава за 29,290 денари. (Ек.Р.) |