Два милиона евра помош за Западен Балкан
Глобалната криза имаше ефекти на земјите во Западен Балкан, а тие земји се исправени пред предизвици да ги комбинираат неопходните буџетски рестрикции со натамошниот реформски процес. Овие и други прашања ќе бидат дискутирани на конференцијата во Брисел денес, со која ќе раководат шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, и еврокомесарот Оли Рен.
Во рамките на конференцијата е најавено дека шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, заедно со присутните институции, ќе ја официјализира инвестициската мрежа на Западен Балкан (ВБИФ). Под ВБИФ се собираат разни форми на финансиска поддршка за Западен Балкан. Дејноста опфаќа проекти во секторите на инфраструктура, енергија, заштита на животната средина и социјалната политика во Албанија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Србија и во Косово. Шведска ќе даде придонес за ВБИФ од 20 милиони круни (околу два милиона евра). (МИА) |