Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Сиромашните, конечно, го добија првиот СОС-маркет

Право на поевтини производи ќе имаат само оние што ќе добијат картички, како доказ дека се социјалци; првата СОС-продавница е на „СП маркет“

Со задоцнување и по неколку најави, сиромашните од земјава, конечно, го добија првиот СОС-маркет. Над 15 илјади најзагрозени граѓани од Скопје од завчера веќе можат да купуваат во првоотворената СОС-продавница, по цени што се пониски од 20 до 25 отсто од пазарните. Кај прехранбените производи попустот ќе биде до 20-ина проценти, а кај средствата за лична хигиена до 25 отсто.

Право на поевтини производи ќе имаат само оние граѓани што ќе добијат картички од социјалните центри, како доказ дека живеат од социјална помош. Притоа, секој од нив ќе може да потроши во продавниците толку колку што прима како социјална помош, но не повеќе од 5.000 денари во текот на еден месец. Завчера им беа поделени специјалните картички на најзагрозените случаи. Оваа бенефиција да купуваат поевтини производи засега ќе ја имаат само социјалците од главниот град на државава.

Првиот СОС-маркет што беше отворен е на „Скопски пазар“ во Кисела Вода. Предвидено е наскоро сиромашните да можат да купуваат по пониски цени и во неколку други СП-маркети, а за таа намена наскоро ќе бидат приспособени и неколку маркети на „Тинекс“.

Според објаснувањето од овие трговски синџири, пониските цени за производите ги обезбедиле откажувајќи се од трговската маржа. Имено, фирмите што ја нудат оваа помош не добиваат ништо во замена, освен што си го зголемуваат реномето и угледот кај граѓаните. Но, фирмите не кријат д��ка за возврат, сепак, очекуваат помош од Владата.

Првите картички ги поделија министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами.

Ставрески ја поздрави иницијативата на „СП маркет“ и на „Тинекс“. „Сметам дека двете фирми на ваков начин покажаа солидарност со посиромашните слоеви на населението во вакви тешки услови на криза“, рече Ставрески. Тој најави дека Владата наскоро ќе разговара со стопанските комори за да се вклучат поголем број компании во проектот.

Министерот Бајрами вели дека наскоро ќе бидат отворени вакви маркети и во другите градови во Македонија. Според него, биле набавени доволен број картички, кои ќе се издаваат преку Центарот за социјална работа. „Процедурата за добивање на картичките е многу едноставна. Единствено што треба да го направат социјалците е да појдат во центрите за социјални работи, каде што ќе им бидат издадени. Потоа, заедно со документ за идентификација, ќе треба да ги приложат при пазарењето“, рече Бајрами.

Правата картичка му беше доделена на Димче Крстев, кој изјави дека оваа е еден од најважните проекти за социјалните случаи.

Инаку, отворањето на социјалните продавници во почетокот на годинава го предложи опозициската СДСМ. Премиерот Груевски најпрвин изјави дека идејата е неизводлива, но пред неколку месеци Владата, сепак, го прифати проектот. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар

Од: Зоран
Датум: 09.12.2009 00:45:40
Колку што се сеќавам, требаше да има преродба! А не СИРОМАШТИЈА, очај, невработеност, СОС продавници ....
Од: izi
Датум: 09.12.2009 06:28:00
sega.naova.vlada.drugo.nisto.nemuostana.sega keotvoret.sos.prodavnicizada.imraste rejtingot.atije.kesikpvet.skapi.koli ikesevozet..kodase.vo.holivud
Од: surukleme
Датум: 09.12.2009 11:10:41
20-25 попуст абе се шинааа колку продукти по големите маркети им остануваат непотрошени и потоа кога ќе му помини рокот ги фрлаат или намалуваат пред да се расипат ? неможат тие производи да ги поделат бесплатно едноставно со овие луѓе????
Од: eden
Датум: 09.12.2009 12:26:09
mislam deka kartici treba da dobiat i penzionerite!
Од: Mirko
Датум: 09.12.2009 12:33:42
Kako zvuci fino od prva,ama vistinata e sosema druga.Tuka gledam poveke pomos za TINEX I SP Otkolku za socijalcite.Zasto ne im dadat takva kartica da vazi ama bas za segde.Ili jadene e dosta pa dali bile goli ili obleceni ne e vazno,Mozebi gladni ne osekaat stud ama so 25%poeftina hrana ke se great ili mozebi ke platat voda.A mozebi koga bi bil neciv rodnina i mojot butik bi bil pod pokriv i sega ke imav navalica na socijalci na koj misli drzavata i dobar del od bugetot ke go ispereme taka fino

Најди! во Утрински
Економија
На кафеанџиите доцна им текна за пушењето
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
Во светот уште 43 милиони луѓе без работа?
Нафтените деривати со иста цена
„Фолксваген“ купи 49,9 отсто од „Порше“
„Финекспо 2009“ од денес на Скопски саем
Два милиона евра помош за Западен Балкан