Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

На кафеанџиите доцна им текна за пушењето

Министерството за економија може да ги сослуша, но не и да им помогне, бидејќи носител на Законот е ресорот за здравство

Александрија Стевковска


Уште дваесетина дена не' делат од стапување во сила на целосната забрана за пушење во сите објекти, а на кафеанџиите сега им текна дека треба да се бунат против оваа одлука. Тие побараа од Министерството за економија да ја одложи примената на овој закон, но очигледно барањето го испратиле на погрешна адреса, бидејќи носител на Законот е Министерството за здравство. Тоа, пак, е категорично дека нема да има одложување на примената на ова законско решение, ниту, пак, дека тоа би можело да се модификува со измени во насока да се остави по некое катче и за пушачите во кафеаните. Таква можност постои сега, но не се почитува, па поради тоа речиси во сите објекти каде што се служат храна и пијалаци се пуши на секоја маса.

Целосната забрана за пушење, која наскоро ќе се воведе во земјава, буквално ќе значи дека пушачите ќе можат да запалат цигара само дома и на отворен простор. Од Нова година, пушењето целосно се забранува во кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе-барови, кабареа, диско-клубови, во пивници, барови. Со најновите измени на Законот за заштита од пушење, освен што не ќе смее да се пуши во затворен простор, цигара нема да може да се запали ни на терасите, шанковите и летните бавчи на кафулињата, базените, поточно секаде каде што се служат храна и пијалаци.

Воведувањето ваква забрана е според теркот на европските земји, кои во борбата против пушењето целосно го забранија. Во тој кош се најде, на пример, и Шпанија, земја која е татковина на тутунот и која има многу страсни пушачи, но, сепак, ја стави црвената линија и кажа „не“ за пушењето во јавни објекти. И речиси сите останати европски земји имаат воведно целосна забрана за пушење, поради што Македонија, доколку навистина се стреми кон ЕУ, треба дисциплинирано да опстои на законското решение со кое од почетокот на идната година се воведува целосна забрана за пушење во сите објекти.

Додека нашата држава му објавува војна на пушењето и на неговите консументи, угостителите се однесуваат лежерно, мислејќи дека проблемот со опаѓање на прометот што ги очекува од воведување на целосната забрана за пушење ќе им го реши некој друг. Тие ниту се доволно информирани за тоа што ги очекува по 1 јануари 2010 година, ниту, пак, се ангажираа досега да поднесат иницијатива за испитување на уставноста на оваа одлука, која според нив е спротивна на Уставот. „Слушнавме дека од почетокот на идната година ќе се забрани пушењето секаде, вклучително и во угостителските објекти, но не сме сигурни како ќе се спроведува тоа во пра��тика. На пример, доколку има галерија, можеби таму ќе биде дозволено пушење или оваа одлука ќе се пролонгира, односно видоизмени“, велат дел од угостителите. Тотално неорганизирани, сеирџиски чекаат да видат што ќе се случува на терен.

Обид да се избори за угостителите, во пет минути до дванаесет, пројави туристичко-угостителската комора при ССК, која неодамна поднесе петиција до Владата и до ресорните министерства за измени на Законот за заштита од пушење. Петицијата, потпишана од 600 угостители, содржи економска анализа за последиците од примената на овој закон врз нивното работење, но и за државниот буџет. Нивната анализа покажува дека стапувањето во сила на овој закон ќе им го намали прометот за 20 отсто, а продажбата на алкохол ќе ја намали од 7 до 10 отсто. Спроведувањето на овој закон, според угостителите, ќе ги принуди да отпуштат од работа околу 10.000 келнери и шанкери, додека загубите што ќе ги претрпи Владата како резултат на намалените приходи од продажбата на алкохол се проценуваат на 16,2 милиони евра. Заради надминување на овие последици, оваа комора не бара целосно укинување на забраната на пушењето, туку негова модификација.

„Не бараме укинување на Законот, туку негово либерализирање во делот угостителските објекти да имаат можност за приспособување простории за пушење или, пак, пушењето да се дозволи на отворените делови, како што се терасите, шанковите, летните бавчи. Доколку Владата не излезе во пресрет на ова барање, Законот ќе го оспориме на Уставен суд“, најавува Нина Георгиева, координаторка на Туристичко-угостителската комора во ССК. Дел од угостителите предупредуваат дека доколку Законот неизменет стапи во сила од 1 јануари, тогаш истиот ден ќе излезат на масовен штрајк.

Од Министерството за економија, пак, велат дека единствено што можат да направат е да ги сослушаат угостителите, но не и да им помогнат. „Можеме да разговараме со угостителите и на владина седница да сугерираме евентуална измена на Законот, но надлежно за тој закон е Министерството за здравство. Значи, не можеме ништо да направиме и поради краткото време кое останува до стапување во сила на Законот. На угостителите доцна им текна да реагираат. Иницијативата за измена на Законот требаше да се преземе многу порано, а не нецел месец до истекот на годинава“, вели Исмаил Ебипи, портпарол на Министерството за економија.

Анализата на ССК се темели на споредба со европските земји за тоа какви резултати ќе има со имплементацијата на Законот за забрана за пушењето. Во Хрватска, со воведување на законот над 3 илјади објекти се затворени, исто толку лица останале без работа, а на оние што го почитувале законот им паднал прометот до 80 отсто. Во Германија, прометот е намален до 50 отсто, а во Велика Британија за две години биле затворени околу 5.000 пабови и 200 бинго-сали, а отпуштени се 64 илјади вработени.

Според податоците на Министерството за здравство, во Македонија пушат меѓу 40 и 50 отсто од граѓаните, што значи дека секој втор жител пуши. Тоа ја става нашата држава на врвот на листата земји со најголема потрошувачка на цигари, што е втора причина за смртноста во светот. Македонија е на второто место во Европа, веднаш по Полска. Според последната анализа на СЗО и македонскиот Институт за медицина на трудот, бројот на пушачи во земјава е во пораст. Социолозите и лекарите, пак, објаснуваат дека пушењето во Македонија е социјален вентил. Луѓето палат цигара за да се ослободат од стресот, бесот и од нервозата. Според нив, големо влијание врз одлуката да се запали цигара има и ниската цена на цигарите и нивната достапност во секој киоск и дуќан.

Кај нас казните за угостителите и фирмите се движат од 500 до 1.000 евра, а предвидено е и затворање објект од 30 дена. Пушачите, пак ќе платат 100 евра на самото место каде што е забрането пушењето.


#
Статијата е прочитана 2209 пати.

Испрати коментар

Од: Pearl
Датум: 09.12.2009 00:22:13
Ги разбирам угостители��е, но дали тие знаат колку луѓе има како мене кои во кафулиња одат само во лето, а три сезони не ни помислуваат зашто не сакаат да се гушат и да мирисаат на чад? Го поздравувам овој закон, само кај нас има многу закони кои постојат на хартија, а не и во практика, жално. Па и јас едвај чекам да дојде први јануари 2010 год. и да видам што ќе се случува!
Од: karposanec
Датум: 09.12.2009 00:51:19
Ne e tocno, ama bas voospto ne e tocno deka pusenjeto e zabraneto 100 % niz evropa. Aj da ne setam non stop niz evropa, pa da poveruvam deka e taka. Ima ogromen broj na kafici i terasi kaj sto se pusi i toa zakonito i zalepeno na prozorite od ugostitelskite objekti. Sigurno zakonov go brani toj sto ne bil podaleku od selotot od kaj sto i poteknuva. Prestanete so deziformacii i so losi prevodi od drugite stranski vesnici. Otidete, videte. .. e togas i pisuvajte...
Од: Pirin
Датум: 09.12.2009 01:31:30
citam vo vesnicive site kritikuvaat zasto nemoze grujo makedonija da ja vnese vo evropa a od druga starana ne gi sakaat evropskite zakoni, a sakaat da bidat del od evropa.
Од: Makedonec
Датум: 09.12.2009 05:35:51
Najposle i tekna na Makedonija da postane civilizirana drzava...Pusacite gi teroriziraat nepusacite nasekade.Sramota!!! Kaznite treba da bidat povisoki i da ima tel broj za prijavuvanje!!Poedinci da se kaznuvaat po 1000 evra a kafandziite po 10 000 evra ako ne gi prijavuvaat pusacite i moznost za 2 greski a potoa da im se zatvara kafanata 1 godina!! Zakonot da se sproveduva nasekade i za site podednakvo!!! Strogi zakoni pravat jaka drzava!!! Pozdrav od Singapur
Од: sani
Датум: 09.12.2009 08:25:44
se terame spored evropski terk a nikako da vlezema vo evropa .dali nekoj razmisluva sto se ke povlece ovaa zabrana za pusenje,otpustanja od rabota od kafeani kafulinja ke bide recisi prazno i normalno e deka ke se namalat rabotnite mesta a vo momentov kaj nas socijalata e katastrofa.vo evropa moze funkcionira ama koga ke se otpusti vraboten dobiva nadomestok do vrabotuvanje od priblizno 1000 eura a kaj nas kloca.se e sredeno kaj nas uste ova ostana za da vlezeme vo evropa lele ccccccc....i sega ispaga deka nie ke se druzime so parlamentercite sekoj den pred sobranie.bidejki i tie ke mora da pusat nadvor.dali ke gi vidime pred nekoja vrata od sobranieto so cigara ke vidime,ako gi nema znaci toa za niv nema da vazi,sigurno za edna cigara nema da odat doma ,znaci ke vidime kolku i za kogo ke vazi zakonot.
Од: vesa
Датум: 09.12.2009 09:07:07
Da be Makedonec deka nasive plati se ko vo singapur dali znaes ti deka tuka ima luge sto imat pomala plata od 100EVR.i so sega da se zbudalat tie sto pusat
Од: DT-47
Датум: 09.12.2009 09:30:40
Да не е жално би било трагикомично. Овие само наречени статистичари се предвиделе и погодиле па дури и на владата колку ќе и се скуси буџетот. З��тоа кафеанџиите се тепаат да ни дадат фискална сметка копга излегуваме од кафеана. Срамота. Никој не е должен некој за својот ќеф да го труе некого само заради тоа што сака да се напие кафе. А за вработените, и така се тие нивни роднини и плус не пријавени така да воопшто нема да се намали вработеноста. И наместо тие самите да ја предложат оваа мерка тие ќе протестирале. А за Угостителската комора едно големо браво за нејзиното ,, мислење,, кое мора да се признае е ,,генијално,,
Од: jimmy1
Датум: 09.12.2009 10:16:34
Ma kakvi evropski zemji, koga nie ne sme vo Evropa.
Од: Sutin
Датум: 09.12.2009 10:25:45
Prvo, zakonot vo Hrvatska e povlecen do 2012, koga najverojatno kje mora da ja vovede zabranata poradi toa sto e POTPISNIK NA KONVENCIJATA. Vtoro, ne e tocno deka pusenjeto e sekade zabraneto vo Evropa. Vo Spanija, lokalite imaat istaknato nalepnici deka e dozvoleno (ili delumno dozvoleno) pusenje vo lokalite. Grcija e potpisnik na konvencijata i nekni bev - tesko deka kje zabranat pusenje vo bliska idnina... Sakam da kazam deka nema potreba da se macime da imitirame nekakvi stupidozni normi ako tradicijata i mentalitetot se dijametralno sprotivni na ovie nacela. Se slozuvam deka treba da se limitira pusenjeto vo javni prostorii, no da se "goltaat" tugji zakoni napamet pred da se "sozvakaat" prethodno e naivno i smesno. No navistina, kafandziite do sega mozea BAREM OD VREME NA VREME da vklucat prokleta ventilacija pa covek da se oseteshe nezagrozen. Na tolku pari, ventilator da ne vklucis e sramota! Samite si se vinovni za nivnata alcnost i prostotija
Од: gragjanin na RM
Датум: 09.12.2009 11:15:40
Jas go resiv problemot! Nema da odam vo kafeana. Za da vlezeme vo EU, potrebni se reformi vo sudstvoto ( a citajte vo ovoj broj, napisot za notari i sudii) i eliminiranje na korupcijata. E nie, kako sto sme dovetni, prvin se fativme so zakonot za nepusenje. Kolku dusi ke ostanat na ulica nevraboteni, toa ne e vazno, kaj 400 iljadi, uste dve tri iljadi nema da promenat nisto bitno...
Од: od london
Датум: 09.12.2009 11:36:07
do karposanec koj ja seta evropa uzdus i popreko(verojatno so blgarsko pasportce). neznam tocno za koi toa evropski drzavi zboruva i dali vie voopsto grcija ja racunate za evropska drzava. Kako za primer jas ziveam vo Anglija kade sto pusenjeto e celosno zabraneto. kolku e ubavo samo cuvstvoto koga ke vlezete vo nekoj restorant ili bar ili club i ke izlezete neusmrden a i ne otruen. daj veke ednas primenete nekoj zakon vo ova bezredie drzava.
Од: maka
Датум: 09.12.2009 11:53:57
Me iritira koga lugeto se bunat za kaznite, so obrazlozenie deka kaznite treba da bidat soodvetni na nasite plati. Ne, zaradi toa i vnimanieto neka bide pogolemo. Jas sum za poagilna primena na zakonot. Mislam deka malku luge se kazneti. Sekoj sto nema da plati, kako sto velat uste poveke neka vnimava. Da ja cuvame cistotata i bez kazni. Za toa li treba da se rasprava. NEMA FRLANE GUBRE.
Од: nepusac
Датум: 09.12.2009 11:59:30
ne znam samo kako nasite socijalni slucai koi namaat za leb imaat za cigari.Isto taka ne mozam da sfatam kako na televizija so cigarata vo raka se zalat i se molat za socijalan pomos.Dajte ednas naprajte gi prvo cigarite 150.00 denri pa da ve vidam togas.I za kraj pusacite so vasite opravduvanja nisto ne ste porazlicni od narkomanite koga ke se pravdaat,za vo isti kos ste site.
Од: anonimen
Датум: 09.12.2009 15:09:48
koja spanija koja evropa vo spanija se pusi kade sto ke stigne i tie sto go napravile zakonot neka dojdat pa da vidat tuka jas do sega ni inspektor ni nikoj ne sum videl samo evropa evropa zapnale a ne videle kakvi gadovi narod zivee tuka

Најди! во Утрински
Економија
Македонските стечајци штрајкуваат со глад
Сиромашните, конечно, го добија првиот СОС-маркет
Во светот уште 43 милиони луѓе без работа?
Нафтените деривати со иста цена
„Фолксваген“ купи 49,9 отсто од „Порше“
„Финекспо 2009“ од денес на Скопски саем
Два милиона евра помош за Западен Балкан