Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Фонтаната на Тоше го краси Ново Лисиче

В сабота официјално ќе биде означен завршетокот на изградбата на меморијалната фонтана посветена на Тоше Проески на детската уличка во Ново Лисиче. Точно напладне, со симболично пресекување црвена лента и откривање на платното од фотографијата на Тоше, која се наоѓа во централниот дел на фонтаната, колеги на нашата најголема музичка ѕвезда ќе го пуштат во употреба мини-паркот изграден во негова чест. Вчера се вршеа последните тестирања на илуминацијата и водните ефекти на фонтаната, проект, кој целосно е реализиран од страна на Општина Аеродром. Според градоначалникот Ивица Коневски, ова катче ќе биде најубавото не само во Аеродром туку воопшто во Скопје. Се ��чекува тоа да стане култно место за дружење на младите и на фановите на Тоше.

„Колку проектот е значаен не само за Аеродром туку и цела Македонија, говори фактот дека многу странски здруженија, општини и други субјекти почитувачи на ликот и на делото на Тоше се интересираат за начинот на кој можат да придонесат за негово проширување и разубавување. Иако општината целосно, во секој поглед го ‘покри‘ проектот, ние сме отворени за соработка каков што беше духот на Тоше“, вели Коневски, кој потврди дека со Градот Белград наскоро ќе го дефинираат начинот на соработка откако се откажале од донација на садници и клупи за паркот поради несигурен транспорт.

Освен фонтаната, катчето во чест на Тоше е разубавено со урбана опрема и со зеленило, осветлено е со канделабри и со неонски светилки. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1527 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 26.08.2010 03:16:34
Вистински споменик во чест на Тоше. Оној идиотски монструм во вид на 33 метарски крст, што почнаа да го градат во негова чест, не е ни за коментар.
Од: mkd
Датум: 26.08.2010 08:27:48
Se gleda deka e ubavo no treba malku da se razmisluva preventivno. Da se postavat nadzorni kameri,da se zgolemi obezbeduvanjeto..... za da se zastiti ubavinata.
Од: Jas
Датум: 26.08.2010 10:32:30
НЕКРОФИЛИЈА ! Оставете го момчето да почива во мир , а не само го користите за маркетинг ( најчесто политички , ама и други видови..)
Од: ПОДМУКЛО ИМЕ ЈАС
Датум: 26.08.2010 11:18:22
Овој негативец што се претставува со подмуклото име ЈАС насекаде негативно се изјаснува. Мора да има обележја кои вечно ке потсетуваат. Сите заслужни по светот имаат. Тие што поставуваат се цели екипи размислуваат планираат и прават и ке се најде некој како тебе недоквакан да куди.
Од: beba
Датум: 26.08.2010 11:24:44
Pozdrav do jas zosto pusto makedonce sve ni smeta ako napravime zosto sme napravile ako ne napravime ke bide go zaboravivme detteto

Најди! во Утрински
Скопје
Воспитување под притисок во градинката „Буба мара“
Вежбалници на отворено на кејот на Вардар