Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Воспитување под притисок во градинката „Буба мара“

Вработените се жалат дека новата директорка ги заплашувала оти ќе ги избрка од работа ако и' прават проблеми

Снежана Калабакова

Во детската градинка „Буба мара“ во Ново Лисиче владее паника и страв помеѓу вработените дека сите ќе бидат избркани од работа ако и' прават проблеми на новата директорка, се жалат дел од вработените на оваа детска установа во дописот испратен до „Утрински весник“. Испраќачот на писмото бара да остане анонимен, бидејќи, исто така, се плаши од последици.

Вработените објаснуваат дека на конкурсот за избор на нов директор, поради истекот на мандатот на стариот, и покрај тоа што се барало за местото да кункурира некој што има четири години работно искуство како воспитувач, била примена кандидатка со само една и пол година стаж ангажирана како негувателка. Новата директорка била вработена преку Агенција за вработување. Во писмото се наведува дека Управниот одбор на градинката го прекршил изборот, бидејќи одлучил несоодветен кандидат да влезе во трката за избор на директор.

„Сето ова можеби ќе кажете е нормално кај нас, се случува секој ден, но има еден момент. Новоизбраната директорка Даниела Темелкова е блиска роднина на Александар Бичиклиски и под негов силен притисок Управниот одбор мораше да ја изгласа. Таа доаѓа на работното место директор од 22 јули годинава и бидејќи е млада и неискусна, ја презеде Весна Босиљанова, вработена како воспитувачка во градинката и советник во Општината Аеродром“, се вели во дописот.

Дел од вработените обвинуваат дека новата директорка заедно со група поддржувачи од ВМРО-ДПМНЕ неовластено извршиле упад во канцелариите и магацинот на градинката во отсуство на вработените и ги смениле сите клучеви.

„До мене имаше предлог за изборот на Даниела Темелкова и јас го прифатив. Ако некој не се согласуваше со нејзиниот избор, ќе имаше жалба до второстепена комисија, а бидејќи немаше, јас го потпишав решението и таа го доби крајот на јули. Потребно е време од еден месец за да се заокружи постапката за нејзиното вработување во Министерствата за труд и социјална политика и за финансии“, вели Ивица Коневски, градоначалник на Општина Аеродром.

Новата директорка Даниела Темелковска во кус телефонски разговор ги демантираше сите обвинувања. Иако вети дека повторно ќе се јави, не го стори тоа ни по два дена.

Од Минисретсвото за труд и социјална политика, исто така, не ни одговорија дали процедурата за нововработената директорка кај нив е веќе помината. Токму затоа дел од вработените во „Буба мара“ сега се прашуваат како новата директорка се исплаќа и има ли право да потпишува вирмани и разни документи.


#
Статијата е прочитана 1111 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 26.08.2010 09:34:26
edna od poslednite dobri gradinki koi se grizea za nasite deca sega dojde na red da se rasturi.Ima li kraj na vakvi raboti?
Од: od mene
Датум: 26.08.2010 15:07:56
Не е важно дали новата директорка ги исполнува условите важно е дали е член на ВМРО. Се се партизира па за жал таа партизација се симна и до градинките. Нака не се чудат родителите ако нивните деца првата песничка што ќе ја научат ќе биде „Јас сум мало вмровче“ А од каде тоа знае Градоначалникот дека нема приговор до второстепена комисија кога истиот се доставува откако тој ќе донесе Решение. Токму тој не требал да го прифати предлогот од У.О. бидејки кандидатката не ги исполнува условите и има само една ипол година како педагог а по Законот се бара најмалку 4 години работно искуство на потребната струка
Од: Roditel
Датум: 26.08.2010 15:37:53
Navistina, zalno ako se unisti ovaa gradinka, od koja moeto dete vide samo arno. Greota, ce ispastaat decinja...

Најди! во Утрински
Скопје
Фонтаната на Тоше го краси Ново Лисиче
Вежбалници на отворено на кејот на Вардар