Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Вежбалници на отворено на кејот на Вардар

Три мини-вежбалници на песок им се на располагање на сите рекреативци што го користат кејот на Вардар за спортски активности. Веднаш до Градската плажа, под хотелот „Александар палас“ и до мостот „Близнак“ во Аеродром од вчера се активни првите рекреативни зони со по седум реквизити за вежбање. Инвестицијата е на Градот Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“, а проектот на Агенцијата за млади и спорт. Уредувањето на еден пункт чини 3.000 евра.

Во скоро време вакви отворени вежбалници ќе има на уште неколку локации покрај кејот, во центарот на градот и во Влае, најави вчера градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. „Отвораме нови можности за масовна рекреација. Справите се наменети и за спортистите што вежбаат покрај кејот, но и за граѓаните што тука се рекреираат“, рече Трајановски.

„Идејата за изградба на вежбалници дојде токму од спортистите кои досега вежбаа на земја и се истегнуваа на дрвјата во околината на кејот. Сега, на седумте справи можат да ги изведат сите основни физички вежби“, информираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1357 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 26.08.2010 09:44:16
Создаваме Mazedonische Übermensch!Најнов хит во изградба на „патриотскиот (антички)дух“е надоградба на мускулите!Ликот е превземен од „славното“„наше“минато!Сакаат да наликуваат на Великиот предок!Посетуваат теретани,како никогаш до сега!Нека не ве чуди,ако некој искомплексиран „комшо“го видите со прекуноќни набилдани мускули,овој пат,обидувајќи се со силата на мускулите(во недостаток на разумот) да ви докаже дека е во право и дека неговиот примитивизам мора да се испочитува!Оној,хитон,со надградбата на Интелектот,стана Безуспешен Обид уште на самиот почеток!Сигурно си е сигурно-мускулите си ја докажаа својата практична применливост!Каде и да е,се очекуваат Слет и Штафета со прослава на Денот на Г(л)адоста,сосема случајно избран датум,токму на денот на роденденот на Шерифот McLaboud!

Најди! во Утрински
Скопје
Фонтаната на Тоше го краси Ново Лисиче
Воспитување под притисок во градинката „Буба мара“