Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Хелсиншки предупредува на можни изборни инциденти

Хелсиншки комитет не ја исклучува можноста дека на претстојните избори се можни инциденти, што го посочува во февруарскиот извештај за состојбата со човековите права во државава. Комитетот ги анализира случувањата во земјава во контекст на изборите, наведувајќи го извештајот на набљудувачката мисија на ОДИХР: „Во него се говори за предвремен почеток на кампањата, за пријавени случаи на заплашување, особено во јавната администрација, а се констатира и дека Државната изборна комисија е недоекипирана, како и дека општинските изборни органи не го довршиле тренингот“. Комитетот посочува и на констатацијата на ДИК дека изборите ќе бидат најсложени досега и заклучува: „Во еден ваков амбиент не се неможни инцидентите веќе видени на минатогодишните предвремени парламентарни избори“. Понатаму во извештајот Комитетот предупредува на заканата на жителите на Танушевци, Брест, Малино и Блаце дека ќе ги бојкотираат изборите револтирани, бидејќи на чело на избирачките одбори во селата се поставени Македонци.

Според Комитетот, инциденти не се можни само во средини со албанско мнозинско население, а како пример се посочува Струмица и демолирањето на автомобилот на Мојсеј Трајковски, брат на покојниот претседател Борис. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 20.03.2009 00:34:33
opaa eve gi i strucnajcite od helsinski?? ovie se znaat? bravo gospodo! vie ste reper vo makedonija kako ne treba da funkcioniraat nevladinite....prasanje dali ste nevladini?????
Од: b
Датум: 20.03.2009 11:01:33
Изборите уште пред да почнат се нерегуларни.Порано почна кампањата, власта со државни пари се реламира со лопати панделки државни коли, а тоа е со закон забрането, во два наврата нарушена автономијата на универзитетот, притисоци врз државните службеници, вработувања во ек на камања, притисоци врз медиумите и што уште не. Тотално нерегуларно.
Од: Матеа
Датум: 20.03.2009 11:10:54
Да не им се јавила баба Ванѓа на господата од Хелсиншки ? Како некои пророци , кобат уште пред рака. Нека гледаат, опозицијата да не прави ѓурултии и се ќе биде во ред.
Од: Do:commanddevil
Датум: 20.03.2009 15:10:52
Ako vekje komentiras, sluzi se so fakti. Na strana kakov NVO se oni.... Navedi sto od izvestajot ne e tocno....

Најди! во Утрински
Политика
Рикер се сретна со Бонева и со Заев
Прекршочни за Сител и за Здравкин
В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти
Специјалците на МВР на готовс за изборите
Директорот на ОДИХР на изборите
Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати
Изборите под лупа на 7.000 набљудувачи
Фрчкоски- Власта се служи со невидени притисоци
Ружин- Тешко на Македонија во која владеат децата
ЛП- Владата ја злоупотреби својата позиција
Груевски- Гласајте за партијата која се бореше за Струга
НСДП- Петковски загрижен поради можен бојкот
Бошкоски- Со портокалчиња не се води држава
ВМРО-НП се надева на успех на изборите