Број 2941  петок, 20 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Фрчкоски: Власта се служи со невидени притисоци

Граѓаните се изложени на невиден притисок да гласаат за кандидатот на власта, тврди Љубомир Фрчкоски, фаворит на СДСМ и НСДП. „Власта ги условува да најдат 10-20 пријатели кои ќе гласаат за нивниот кандидат ако сакаат да ги задржат своите работни места, пред се' во администрацијата, или да им бидат продолжени договорите за работа, директно се нудат пари, се бара снимање на гласачките ливчиња... Луѓето се под притисок каков што досега немало во Македонија“, обвини тој на прес-конференција. Според Фрчкоски, „власта се служи со насилни методи со кои се обидува да ги прикрие лажните ветувања за наводните 8 милијарди евра. Ниту Иванов ниту Владата немаат никаков контакт со реалноста, а нудат ’постер-кандидат‘, кого го гледаме само на рекламните билборди“.

Воедно, тој предупреди дека на изборите в недела ќе има турканици при гласањето, што било потврдено при направената симулација. Секое гласање трае околу 5-6 минути и при ваква ситуација во Скопје може да се очекува дури и блокада на изборите. Оттаму, Фрчкоски ги повика граѓаните утрото масовно да излезат на гласање, за „попладнето да не се соочат со блокади и дополнителни матни работи околу изведувањето на изборите“. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1142 пати.

Испрати коментар

Од: Мирко
Датум: 19.03.2009 23:27:45
Дали едни избори ќе бидат цивилизирани или чесни не зависи само од денот на изборите дали ќе има или нема жртви. Изборите, особено цивилизираноста на нацијата за демократски избори, се цени од моментот на распишувањето на изборите до моментот на финалните резултати. И да не не зачуди ако некој меѓународен преставник ни ги прекори изборите заради ваквите активности на уцена и заплашување.
Од: kavadarci
Датум: 20.03.2009 00:16:12
Dobro Frckovski se uste li ne moze da svati deka nikoj ne go saka ,i zatoa site svojot glas ke go dadat za Ivanov,a ne deka nekoj gi prisiluva ili ucenuva,seto toa e izmislica na SDSM
Од: СуисајдМесаја
Датум: 20.03.2009 01:38:48
Ushte nekoj den kje se izdrzhat pritisocite,po 22 Mart doagja lekot takanarechen anti-pritisok (Frchko).Gruevski se prashuvam koga kje te shlakni taa samobendisanost shto kje pravish togash?
Од: Македонија
Датум: 20.03.2009 02:08:39
Безсрамно не повикувате да излеземе и да ве гласаме,а што ст сториле за нас народот..ние кој сме невработени,без пари,немаме ни за гола егзистенција..Зошто да излезам и да те гласам?
Од: Red Rose: Gospode,bidi so Makedonija
Датум: 20.03.2009 03:18:42
Navistina i e potrebna tvojata pomosh na 22-ri ,vo nedela.Ovakva zalaufana mashinerija za unishtuvanje na se shto ne e kako niv,so niv i za niv, nema nikade vo Evropa.I poshiroko.Se e staveno vo funkcija na POBEDA po sekoja cena,osobeno tamu kade shto e od poseben interes i znachenje.Za nivnite povredeni sueti(ako nikogas ne bile na vlast tamu),za nivnite" istoriski" potrebi(ako ima mnogu rabota za Kuzman),za materijalniot aspekt(ako e budzet na Skopska opshtina),za partiskiot prestizh(ako e so dokazhano i postojano potvrduvano vmrovsko pedigre) i t.n.Toa shto e edinstveno bitno za nivniot nachin na poimanje i praktikuvanje na vlasta go pokazhaa uste pred glasanjeto.Zatoa na denot na glasanjeto kje ni bide potrebna pomosh od Gospoda,zahto tie shto treba da bidat promotori na demokratijata od pozicija na vlast, perfidno ja izigruvaat i eliminiraat od ovie prostori.So site mozhni polugi na vlasta koi im se na raspolaganje.Zhelbata da go sprovedat toa ne im nedostiga.Naprotiv.I za zhal .
Од: miki
Датум: 20.03.2009 03:21:47
tito bojkot, frcko guzvi ,kako rastimuvan orkestar ste,dogovorete se sto sakate,guzvi ili bojkot.
Од: Портокалче од ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 20.03.2009 07:58:21
Фрчко треба да не се возбудува толку. Треба да му е јасно дека со никаков притисок или пари не се добиваат изборите. Прв услов да ги добиеш изборите е да си човек. Дури после треба да си добар човек, да имаш добра програма, да знаеш да ги привлечеш гласачите и т.н. Сето тоа го има Иванов. Ништо од тоа нема Фрчковски. Затоа е јасно кој ќе биде идниот претседател. Затоа е нервозата кај Фрчкоски.
Од: zabegan.
Датум: 20.03.2009 08:38:20
Дури има на вработени на кои им се бара список со 30 гласачи кои ќе гласат за ВМРО а кажуват да било мирно а фер,А на колку им се закануват им претат што се случува сите знат но им е срав да се произнесат.
Од: anita
Датум: 20.03.2009 08:48:41
E da vidite sto e vo administracija?!Samo zakani, provociranje od vmrovcite, nikoj ne doagja na rabota zosto celo vmro e vo kampanja..Katastrofa!Nikogas ne bilo vaka!
Од: euro4
Датум: 20.03.2009 09:46:21
Vaka ne e fer.SDSM ima 2 kandidati.Prviot e Gjorge Ivanov a vtoriot e Frckoski.Za kogo i da glasas SDSM pobeduva.
Од: slartibartfast
Датум: 20.03.2009 10:01:59
Onie koi ke glasaat za Ivanov se totalno prazni vo glavite, nemaat elementarni poznavanja za situacijata vo koja se naoga ovaa drzava, pogolemiot del se advonistrativni bezkicmenjaci, ogromen del e prosta neobrazovana masa koja osven zavist kon nekoj uspesen covek ne znae da izgradi drugo cuvstvo, pa se prasuvam so kakvo pravo nie ostanatite se smetame sebe si za nekakvi evropejci i luge koi veruvaat vo stabilna i prosperitetna idnina, pokraj vakvi sosedi i sonarodnici, a bogami i vladeteli?
Од: realna
Датум: 20.03.2009 10:04:36
mozam da kazam deka se e tocno gore sto e napisano no toa e samo 1% od toa sto se slucuva na teren vo drzavava se sproveduva fasizam tie sto treba da go stitat narodot(mvr)tie gi pravat najgolemite pritisoci
Од: Европска Македонија
Датум: 20.03.2009 10:28:31
Точно, никогаш не било вака но се надевам дека овие притисоци народот ќе ги казни.Се чудам, од каде им е толкавата желба да зграбат се што се вика власт.Згрозен сум од последните говори на Груевски со кои го повикува народот да ги пратат во пензија преставниците на опозицијата т.е. да исчезнат од политиката. Со вакви говори на омраза кон своите политички противници не убедуваат дека ќе не обединуваат,откако истите тие не поделија со форсирањето на антиката. Со ова премиерот јавно си ја призна и своја скриена желба исчезнување на СДСМ,вовед кон еднопартиски систем т.е. диктатура.
Од: btw
Датум: 20.03.2009 11:03:34
Браво бе Фрчко ти само кажуваш Фантазии и изговори. Ччленовите на СДСМ кои веЌе ја промениле страната и сакаат да го оправдаат своето негласање за СДСМ, оти СДСМ ќе ги проверува. А што ќе ви е Вам да го гледат Иванов, кога постерите се наменети за неопределените, тоа е азбука во политиката. Блокада на избборите, значи сте планирале. И ВМРО-ДПМНЕ ги повкува граѓаните претпладне да излезат на гласање, значи претпладне ќе биде најгусто. Можевте вие да ги повикате да излезат попладне, па да не се среќаваат спротивставените табори, но ВИЕ скате матни работи, оти резултатот нема да ви биде по волја, сите анкeти ви го покажуваат тоа.
Од: Марија
Датум: 20.03.2009 11:24:42
Гледам дека некои луѓе пишуваат работи кои се недолични за секого. Навистина е срамота постојано, за се нешто да се обвинуваат едни исти луѓе. Па не може Груевски и Владата да бидат виновни за се . Ако секој еден размисли разумно ќе сфати дека за се нешто се потребни најмалку двајца. А, само ќе ве потсетам дека во времето на СДСМ, народ не постоеше , сите ние бевме РАЈА , помножена со една голема нула. Па сега изборот е наш. Ако ви се допаѓа да не ве сметаат за живи повелете , ве чека старата клапа на СДСМ. А јас ќе речам - НЕ БЛАГОДАРАМ.
Од: З.Т.
Датум: 20.03.2009 11:41:11
Нема врска Фрчковски, нема никакви притисоци за да се гласа за кандидатот на власта, тоа го измислува Фрчко за да си најде алиби за поразот што го чека на 22 март. Турканиците и неправилностите што ги најавува Фрчковски може да бидат само масло на СДСМ и на никој друг, само да се направи погрешна слика дека правото и демократијата во државава не функционираат. Всушност Фрчковски ја подгрева атмосверата со неговите лаги, шпекулации и евтини комуњарски трикови. Нема лек за Фрчковски, по поразот на изборите треба еднаш засекогаш да се повлече од политичкиот живот и да се образова спрема новите политички и културни норми кои владеат во современите општества.
Од: Trajko
Датум: 20.03.2009 12:12:14
Vo koe vreme ziveat dpmne-ovcite koga kupuvat televizor koj ima slika a nema ton.Tie samite ke si simulirat da si slushat toa shto sakat da slushat.No svetskata diplomatija mnogu dobro ne opservira.Mnogu pati ne im chini na dobrite ukazuvanja.Nim im odgovara zivot vo izolacija da mozat da se izzivuvat so poshteniot makedonski graganin.No ke dojde vreme koga i dpmne-ovcite ke se kajat.No kasno ke bide.
Од: ice
Датум: 20.03.2009 13:36:00
Vakvi pritisoci nemalo ni vo tursko ama ovoj narod i toa ke go preprodi i na 22 mart ke obznani ke proslavi edna golema pobeda, pobeda za Makedonija
Од: Perunika
Датум: 20.03.2009 14:30:37
vie od SDSM samo pla;at deka nekoj im se zakanuva a tamu kade sto jas rabotam postojano zboruvaat polni so omraza i bes.Ako im kazam deka jas ja sakam Makedonija kako samata sebe i deka sakam da bide prosperitetna i silna drzava vednas ke me proglasat za VMRO-vka neli?
Од: sv.nikole
Датум: 20.03.2009 15:06:51
Kazete vie g.frckovski kako ne tepase policijata 98ma za mitingot na sdsm vo sveti nikole,togas bevme deca i postari luge edna grupa kolku 30 luge i ne ni se svigase b.c i mu svirkavme i vie ke kazuvate za demokratija i pritisoci.
Од: Debarsko
Датум: 20.03.2009 22:06:42
Do iskreniot Z.T. Gospodine zosto ne ste iskreni nitu vo namerite nitu pak vo nastapite. Jas sum ziv svedok deka na poslednite parlamentarni izbori bev prisilen da glasam za VMRO protiv sopstvenata volja i plus toa moite pretpostaveni bea primorani da zbiraat po 20 glasa ako sakaat da bidat na onie mesta kade sto se ili pak da bidat unapredeni. Od ova pogolem dokaz nema i neznam na koj nacintreba da vi dokazeme deka sekogas VMRO dobivala izbori ili so sila ili so pari, kaj vas demokratija i ednakvost nema vie sakata samo vie i nikoj drug. Poradi seto ova jas bev primoran i da ja napustam nasata Makedonija a mislam deka seg uste poloso i se pise na Makedonija so ovojapsolutizam na VMRO. Megutoa mislam deka narodot se svesti poleka i deka ke vi dokaze deka prvata proba ne se plaka ama posle skapo ke platite.

Најди! во Утрински
Политика
Рикер се сретна со Бонева и со Заев
Прекршочни за Сител и за Здравкин
В недела нови избори, ланските инциденти во судски лавиринти
Директорот на ОДИХР на изборите
Специјалците на МВР на готовс за изборите
Дали Иванов самиот се стави под мраз за ТВ-дебати
Изборите под лупа на 7.000 набљудувачи
Хелсиншки предупредува на можни изборни инциденти
Ружин- Тешко на Македонија во која владеат децата
ЛП- Владата ја злоупотреби својата позиција
Груевски- Гласајте за партијата која се бореше за Струга
НСДП- Петковски загрижен поради можен бојкот
Бошкоски- Со портокалчиња не се води држава
ВМРО-НП се надева на успех на изборите