Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора ст��аница

Груевски во Триполи се сретна со Мугабе

Премиерот Никола Груевски имал средба со претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе. Средбата се случи на маргините на Самитот на ЕУ и Африка, во главниот град на Либија, Триполи. Веста ја објави зимбабвејскиот весник „Хроникл“ опширно известувајќи, како што се вели, за интервјуто што македонскиот премиер го дал по средбата. Во извештајот на МИА од престојот на Груевски во Либија не беше спомената средбата со контроверзниот лидер на Зимбабве.

Според весникот, Груевски рекол дека со Мугабе разговарал за проширување на соработката меѓу Македонија и Зимбабве. „Разговаравме за соработката во рамките на Африканската унија и соработката со европските држави, а, се разбира, и за можностите да ги искористиме потенцијалите на Зимбабве“, изјавил премиерот Груевски.

Весникот наведува дека Груевски во врска со санкциите на ЕУ кон Зимбабве, изјавил дека иако Македонија не е членка на ЕУ и оти не е дел од одлуката за, како што цитира весникот, „илегалното ембарго“, неговиот став е дека треба да продолжи дијалогот меѓу Зимбабве и европскиот блок за нормализација на односите.

Санкциите на ЕУ кон Зимбабве и Роберт Мугабе и неговата тогаш 94-члена влада беа воведени во 2002 година откако државата одби европски посматрачи на тогашните избори. Тие добија забрани за патување во европските држави и им беа замрзнати имотите. Слични рестрикции презедоа и САД. Мугабе и неговата влада во Хараре се непожелни во САД и во ЕУ поради задушувањето на демократијата и слободата на новинарите, како и поради протерувањето на белците од нивните фарми. Од исклучително просперитетна земја Зимбабве се претвори во оаза на сиромаштијата.

Мугабе се смета за еден од највлијателните африкански лидери. Тој е на чело на државата од 1980 година, кога поранешната британска колонија Јужна Родезија доби независност и се преименува во Зимбабве. Мугабе единствено може да патува на настани организирани од Обединетите нации и од Африканската унија. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 1012 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 02.12.2010 12:18:54
Za vreme na vladeenjeto na SDSM nasite odnosi so Zimbabve se zaladija i trgovskata razmena se namali. Blagodarenie na ovaa sredba na Gruevski so Mugabe tie pak ce zajalnat. Istotaka podrskata na Zimbabve za vlezot vo NATO i EU e mnogu vazna.
Од: Ацко
Датум: 02.12.2010 12:49:12
Мугабе е 30 години на власт во Зимбабве! Грујо се сретнал да разговара со него и да го праша за искуствата, како и тој да направи неш��о слично во Макдонија! Според стилот на владеење ...“задушувањето на демократијата и слободата на новинарите, како и поради протерувањето на белците од нивните фарми. Од исклучително просперитетна земја Зимбабве се претвори во оаза на сиромаштијата“... не е тешко да се види дека Грујо е на добар пат нашата земја да стане Зимбабвија во Европа!!!!! Ја укинува слободата на новинарите, ги протерува земјоделците од фармите, а државата од една од најблиските до ЕУ од оние земји во овој дел од Балканот, се претвора во оаза на сиромаштијата! Браво за македонскиот Мугабе!!!!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 02.12.2010 13:23:17
Taman si se eden za drug.....isti demokratski kapaciteti....ist nacin na vladeenje....
Од: duksasg
Датум: 02.12.2010 13:33:00
alal da mu e na Gruja opasen e
Од: b
Датум: 02.12.2010 13:46:35
На ред, веројатно, ке биде со Ахмединеџат!
Од: Митко
Датум: 02.12.2010 14:51:22
Штета што Иди Амин не е жив , заедно со Мугабе ќе му одржеа на Гвујо уште подобри лекции за демократија и долговечно владеење...
Од: kiroUSA
Датум: 02.12.2010 14:56:51
Uci Grujo od dedo Mugabe kako se vladee , sigurno sovetot ke ti bide dobrodojden , da vidime kolku ke ti treba da go unistis ovoj narod.....
Од: Stojko
Датум: 02.12.2010 15:16:54
Jeesssss!
Од: Grnceto kapaceto
Датум: 02.12.2010 16:15:27
Narodot rekol: Si go naslo grnceto kapaceto. Edino Mugabe e malku poisoncan. Samo neznam zosto nasite portokalovi mediumi ja krieja sredbata.
Од: huseinmk of libijskata zamahirija
Датум: 02.12.2010 16:36:16
znaci gospodinot grujevski znae da se sretnuva so gospodin mogabe no nema volja da se sretne so liderot na libja muamer el gadfi i da specale so nego nekoa dobra investicija kako so pravat srbija hrvatska bosna sto imat so libija podpiseno dogovori tezat miljardi .da znaete libja e nafteska mnogu bogata zemja sto e vo faza na gradenje .bravo makedonjo viva zimbabwe.
Од: cobe
Датум: 02.12.2010 16:55:58
Mugabe verojatno ke mu odrzi cas za nacinot na vladeenje od 30 godini (ta neli VMRO-vcite vikaat za slednite 100), dodeka Grujo ke mu gi kaze iskustvata vo SADENJE DRVCA i FRLANJE LOPATI............tuka ni e najdobar..........

Најди! во Утрински
Втора страница
Партиска биографија
Брисел ќе праша каде оди Македонија
Вербатим
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society