Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Брисел ќе праша каде оди Македонија

ЕК праќа ургентно функционер во Скопје за да види која е идејата зад нападите на Фуере

Слободанка Јовановска

Да нападнеш лично амбасадор на ЕУ на говорница во Европскиот парламент! Навистина оригинален начин за евроинтеграција.

Вака искоментира вчера евродипломат, присутен на инцидентот во Европскиот парламент, каде што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, го спореди евроамбасадорот Ерван Фуере со амбасадорите на Советскиот Сојуз од најмрачниот период.

Каде оди Македонија и која беше целта на овој инцидент - се двете клучни прашања што се наметнаа по овој настан, за кои свој став изнесе европарламентарецот Јорго Шамиракакис. Сумирано, тој ја обвини владејачката партија дека му упатува закани да внимава како се однесува, дека му иницира афери за земање мито, дека стилот што таа го применува потсетува на некои луѓе што завршија во Хаг (Милошевиќ), дека не станува збор за инцидент, туку за постојани закани спрема ЕУ-функционери, дека никој не ја принудува Македонија да бара членство во ЕУ и дека, со оглед на сето ова, Македонија заслужува подобро - во смисла друга влада.

Неофицијално, денес во земјата ќе дојде ургентно функционер на Европската унија за да добие одговор на тоа која е идејата од ваквата политика, за која во Брисел веќе нема сомнение дека не е инцидентна туку осмислена, при што првпат директно посочија со прст кон премиерот Никола Груевски. Во Македонија, инцидентот во Европскиот парламент за некои е одраз на некултура, а за други е легитимен гест против амбасадор што не си ја знаел границата.

Перо Димшоски, поранешен државен секретар во СЕП, смета дека ваквиот настан не може да има друга цел освен да се оцрни Македонија во ЕП. „Друг ефект од тоа нема - нула. Амбасадорите на ЕУ се претставници на 400 милиони граѓани и навредувајќи го Фуере ние ги навредуваме нив. Кога одите надвор, одите со цел да придобиете некого за политичките и за стратегиските интереси на земјата. Постои пристоен начин да се оствари тоа, па и да се смени непожелен амбасадор. Клучното прашање е што сме сакале да постигнеме сега, каква цел. Изјавата на Илија Димовски дека партијата стои зад него и дека во Брисел ги бранел интересите на Македонија е неприфатлива. Со неа тој ја потценува интелигенцијата на македонските граѓани“, вели Димшоски.

Професорот Стево Пендаровски посочува дека на листата на подобни амбасадори што ги цитираше Ѓорчев има четворица од влијателните земји и, ако се исклучи британскиот кој е нов, фали амбасадорот на САД. Пендаровски смета дека пораката е јасна, дека тој е во иста група со Фуере. Според него, досега ниту еден претставник на меѓународната заедница од 1991 година вака јавно во интервју, како Шацимаркакис, не искажал толку критики кон актуелна македонска влада.

„Сме имале неколку лоши периоди во односите со меѓународната заедница, а најлош беше оној во 2001 година. Но, ниту тогаш кога бевме изолирани од неа, на јавна сцена не сме имале вакво количество критики. Јас не се сеќавам некој да имал закани од партија на власт во земја-кандидат за членство во ЕУ, а овде не зборуваме за споредни политички фигури, туку за претставник на владејачка партија високо на хиерархијата“, вели Пендаровски.

Според негова оцена, овој инцидент не е случаен, бидејќи политиката на ВМРО-ДПМНЕ почива на неколку антиполитики, а една од нив е антимеѓународната заедница. На иста линија размислува и Нано Ружин. Според него, станува збор за систем на вредности, а не за темперамент на пратеникот. „Инцидентот има подлабоки корени од неговиот темперамент. Тој е резултат на усвоен систем на вредности во оваа партија, во која нема елементарна политичка култура и почитување ако тоа некој го стави во прашање. Маса лу��е што ја кажуваат вистината се третираат како предавници. Станува збор за подлабок проблем од субјективно мислење“, смета Ружин. Според него, голем срам за Македонија е да се спореди ЕУ-дипломат со оние од студената војна, па смета дека е неопходно ВМРО-ДПМНЕ да му се извини на Брисел.

За Слободан Чашуле, пратеникот е носител на сувереноста на државата и неговото право во политичкиот говор е неограничено, но како ќе ја користи таа слобода е прашање на сопствена совест. „Ми пречи веќе подолго време што им дозволуваме на претставниците на странски мисии да бидат арбитри на нашата политика“, вели Чашуле забележувајќи му на Фуере дека влегува во сопствена политичка расправија со власта, пред се', делумно и со опозицијата, а тоа создава нервоза и се користи во домашната политичка битка.

Според него, Фуере може да критикува, но тоа да го прави во институциите, органите, а не на отворање на секоја чешма, бидејќи вака ја крши Виенската конвенција за немешање во внатрешните работи на земјата. „Тој со изјавите мобилизира сојузници во политичката битка и тие потоа ги користат во внатрешнополитичките пресметки, па индиректно учествува во политичката дестабилизација на земјата“, смета Чашуле. Што мисли Унијата, според него, стои во извештајот на ЕК, а Фуере треба да објасни зошто неговиот став дека извештајот бил негативен е во спротивност со оној на еврокомесарот Штефан Филе дека е позитивен. (С.Ј.)





#
Статијата е прочитана 3807 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 02.12.2010 12:05:15
Македонија оди таму кај што ја води Брисел...Никаде. Каде може да се оди во слепа улицата наречена `евроинтегација`.
Од: Ali-Skopje
Датум: 02.12.2010 12:24:47
Karambol i toa epten golem karambol :(
Од: jas
Датум: 02.12.2010 12:46:57
Vo ergelata na Grujo nema ni eden rasen konj koj moze da istrca, a kamo li da pobedi vo edna trka. Tamu, za zal, se sobrale sve nekadarni i iznemosteni magarinja pa si igraat i diplomatija i vodenje drzava. Tolku li ovoj narod ne gleda so kakvi nedokvakani si imame rabota i do koga bre vaka???
Од: Minhen
Датум: 02.12.2010 12:49:24
Predlagam lustracija na G-din Fuere..i da dali nekoj javno moze da kaze kolkav e negoviot kapital vo Makedonija..Od negovoto doaganje??? Znam deka poseduva nedviznosti vo Ohrid...No ovaa godina ne mu go davame Bureto koe tradicionalno se faka vo vodite na Ohridskoto ezero... Nema da ja ima taa privilegija...
Од: caki,sk
Датум: 02.12.2010 12:49:28
Prashanjeto e NE kade odi Makedonija, tuku kade odite vie g-djo,ni se smachi vekje od vashite crnila,pochnete ushte da go citirate iShacimarkakis kako vash.kolegi od a1.....
Од: cvetanka
Датум: 02.12.2010 12:54:43
Gjorcev sigurno preteral, no Fuere navistina otvoreno vleze vo vnatresnata politicka presmetka. G. Fuere e postojano zloupotrebuvan od edna politicka opcija vo Makedonija. Nema potreba g. Fuere tolku otvoreno da podrzuva plukaci po vladata i zatoa ne treba da go cudi i kontrareakcijata. Sam e vinoiven.
Од: jovan
Датум: 02.12.2010 12:57:43
Makedonija e vo Evropa. Tuka bila, tuka i ke ostani i nemisli nikade da odi. Drugo sto ne im e jasno?
Од: deli
Датум: 02.12.2010 13:07:21
Diplomatija. Diplomati. Umešni luge. Toa - kako što mi izgleda - vo MK go nema.
Од: ne e bitno
Датум: 02.12.2010 13:10:29
Koga saka nesto da se postigne, prvo se stanuva prijatel so najgolemiot "neprijatel". Samo so dobri odnosi, znaenje, diplomatija, se postignuva celta. Ako na Makedonija ne i e celta EU, togas neka si ja povlece aplikacijata, a ako Makedonija saka vo EU togas mora da toa go pravi so stil, a ne so ulicarsko odnesuvanje. Ova odnesuvanje e dlaboko zakoreneto vo makedonskiot mentalitet. Site samo znaat da se raspravaat, no ne i da polemiziraat. Pak ke kazam:pominal eden obicen duel na TV so normalno, kulturno odnesuvanje? Ne. Gledate li kako se odnesuvaat pratenicite? Fuere ova nema da vi go rece. No Makeodnija ima problemi od drug tip, a sama izolirana, nema da se smeni, veruvajte.
Од: Трпе
Датум: 02.12.2010 13:13:34
Македонија не оди никаде.Таа се наоѓа во амбис,заглавена во жива кал.Каде ке беа Груевски и Ѓорчев ако не беа политичари,едниот премиер а другиот пратеник во собрание од дпмне.?
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 02.12.2010 13:19:54
Така ни треба кога си избравме дилетанти....Али простиот македонски народ и натаму попрво ќе чмае и ќе се сожалува, наместо да си ги отвори очите и да и погледне на вистината во очи. Можда ќе биде мачно соочувањето со вистината, но во секој случај подобро одколку тивко скапување во самоизолација....Тажно е што голем дел од граѓаните си мисли дека Ѓорчев "им го плеснал у фаца" во Брисел, тоа може да помине кај необразуваниот дел од популацијата...вистината е дека го допревме дното. Македонија заслужила подобро од Ѓорчев, Илија Димовски, Овчарот, Братучедот, Кумот и останатата портокалова полуписмена багра.....
Од: jas
Датум: 02.12.2010 13:22:29
bravo za gorcev vreme bese nekoj da im go kaze toa sto treba vo lice ako onie se dvolicni i ti se smeat vo lice ti kazuvaat edno a pravat drugo velat ubavo gorcev im ja kazal vistinats toa ne e navreda tuku vistina a vistinata boli pa boli pozzz
Од: забеган.
Датум: 02.12.2010 13:30:19
Брисел ќе прашал кај оди МАКЕДОНИЈА.Јас бе з да прашат ќе им к��жам По муслимански (ЏЕНЕМ) по христиански во (ПЕКОЛОТ).
Од: b
Датум: 02.12.2010 13:43:57
Што? На овие од Европа уште не им е јасно каде оди Македонија? Кога ке дознаат, ке биде касно. Како и со Србија со Милошевиќ!
Од: Македонец
Датум: 02.12.2010 13:52:31
Конечно некој со храброст да им каже на овие "олеснувачи,амбасадори,преговарачи и високи функционери" од ЕУ .комплименти за Коле Чашуле. Заедно со внатрешниот елемент СДСМ,проеврпските клубаши,Геровски,Сорос овие директно работат против нашиот идентитет,име и држава! ТЕШКО Е ДА СИ МАКЕДОНЕЦ,НО СЛАВНО! ЌЕ ИЗДРЖИМЕ!
Од: Goran
Датум: 02.12.2010 14:11:56
Г-нот Чашуле како продолжена рака на власта продолжува со директни напади кон амбасадорто Фуере. Како искусен дипломат, сето она што Фуере во своите изјави го порачува треба да се чите и сфати како порака од Брисел до Скопје, а не да се толкува како негов личен став. Ако го смета Владата Фуере за неподобен амбасадор, многу добро се знае дека битката за негова смена се води зад вратите, преку дипломатските канала, а на со јавно лаење на Влатко Ѓорчев. Сакам оваа Влада да престане да ме срами!!!
Од: babaratka
Датум: 02.12.2010 14:16:59
kakva Evropska unija! Ostavetene na mir! Ima uste da se krade!
Од: vesna
Датум: 02.12.2010 14:20:41
a kade odi evropa? Neka se zaprasa brisel.. . se raspaga ovaa navistina korumpirna birokratsa institucija. - moze se sokiraa sto nekoj im go plesna ova tolku otvorneo i vo lice.. navistian nediplomatski. nie nemame maniri - tie nemaat moral. ne znam sto e poloso. Mozebe najdobro e da se bara nesto treto - pa ne ni treba unija za da izgradime sami civilizirana , moderna drzava.
Од: todor
Датум: 02.12.2010 14:29:27
Зарем сега Ви е јасно дека Министерот од пробугарската влада на ЉуБчо ја спроведува неговата политика на уништување на се што е македонско а не води кон приклучување кон Бугарија. Затоа свестете се овци да не се каете повторно што ќе го предадете Македонскиот народ и ќе го заштитувате Бугаринот Грујо.
Од: jas
Датум: 02.12.2010 14:47:08
go PREZIRAM covekov, ako e covek!! -kako i EU, zatoa sto ni tronka ljubov ne dobivame od nea, zar ne?!? a ne ni ni treba, samo neka ne ne forsiraat, gledame kako e situacijata so BG, GR, Portugalija, Irska i sl.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 02.12.2010 15:27:14
Овај Чашуле,најголемиот сончоглед во Македонија,од секогаш ме смеел.Не знае како да ги оправда политиките власта.Па како што Груевски го пушта Ѓорчев да треси зелени,а тоа сепак се заеднички ставови(замислете Ѓорчев да говори спротивно од ставовите на премиерот),така г-нот Фуле го праќа понискиот по ранг во хиерархијата,во случајот г-нот Фуере да им плеска директно во лице на овие од власта.Само наивен би помислил дека тоа се негови лични ставови,а не ставови на Европската комисија.Но што да се прави,вистината ги боли овие од власта.
Од: Ivan
Датум: 02.12.2010 15:31:46
Господинот Чашуле, наместо да го осуди Влатко Ѓорчев тој се сврти против Фуере. Ми изгледа дека не научил многу во неговото богато дипломатско искуство. Тоа што го направи и го прави Влатко Ѓорчев не само што е срам за државата т��ку перманентно го спушта нивото не само на политичката туку и на општата култура во државата.
Од: atanas
Датум: 02.12.2010 15:52:27
kakvi eu kakvi nato se znae samo makedonija i da znaat site pojaki sme od niv za niv sme carevi pa tie ke ne baraat nas nie da gi primime niv bravo za nasite politicari najmudri se na svetot alal neka im e
Од: borce
Датум: 02.12.2010 15:52:48
Na ovie od Brisel ne im se dopaga aku kazech nechto chto tie ne sakaat da go sluchnat.Malite drzavi sega se porobeni na kulturen nacin ne so vojna kako chto e slucajot so makedonija.Na nas ne ni treba vlast aku dozvoluvame Brisel da ni kazuva chto i kako da rabotime a nie samo da kazuvame amin.Kako Brisel ednach ne se seti da kaze toa chto go bara Grcija za promena na imeto deka e nechto ponizuvacko i ne normalno
Од: karokan "gambit"
Датум: 02.12.2010 16:11:31
Vcera ja poglednav "aplikacijata" na Evropa za vlez kaj nas,osobeno po losiot izvestaj sto i go srociv,zaedno so VESNA,a vece utre ce odam vo Brisel (ne znam dali moze i vo Sofija ili Atina) i ce gi prasam "kade odite bre slepci niedni"!!!!! Vesna,vednas po vracanjeto odgovorot ce ti go prenesam licno tebe,duri ni mediumite (cekaj,cekaj,a imavme li nie mediumi) nema da go doznaat pred toa!!!!!!!Da se znae,deka i igracot (fudbalerot) moze da pokaze crven karton na sudijata (na karikatura,se razbira). E,moja Vesna,moja Vesna,razbra nesto od toa sto go napisav ili ti izgleda prekompleksno???????? Sigurno takvi ti bile i odgovorite vo uciliste (ne nastavnikot tebe da ti postavuva prasanja,tuku ti nemu) pa taka i gi razbiras rabotite!!!!!!!!!!!!
Од: Citatel
Датум: 02.12.2010 16:34:24
Bas taka treba so tie od evropa! Tokmu tie i se neprijatelite na Makedonija. Tie istite ja delea Makedonija, pa sega mislite deka saka da vi pomogne? Ne! Tie se najgolemite licemeri! Ami dali tie od evropa ja podrzuvaat slobodata na govorot? Ama taa sloboda koga ke ja promenis na niv, togas se bunat! Se dodeka ne mu gi pokazite zabite na tie, sekogas ke ve gazat. Bravo za Gorcev! Da ne se plasite od nikogo!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2010 17:14:15
И треба да дојдат на чело со германскиот Грк да ја доживеат комедијата викана ,,упад во медиум,,може да се појачаат со Феличита,шаховскиот чирак кој денес доби ,,шустер мат,, и др. Им препорачувам вечерна лектира на АЛСАТ да видат како могулот признава за претерувањето свое и на новинарите свои и ја признава ,,утката,,.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.12.2010 17:25:34
Македонијуа ДЛАБОКО гази кон диктатура...Се во рацете на Фамилијата...КУМ4....во живо...
Од: Kalimero
Датум: 02.12.2010 17:28:55
Statijata e za pozdravuvanje i sekoj sto malku ima siva masa nad ramenjata ke go sfate pravilno gestot na komitata Gorcev. Seto onoa sto izleguva od peroto na Protuger i se dostavuva do partiskite jurisnici taka ke bide komentirano. Stavot na EU e jasen, ako nie podnesuvame aplikacija za vo EU, treba da vrseme transformacija na nasata svest prvo, pa posle na seto ostanato. Ako ne sakame po nivni pravila da igrame da si ja povleceme aplikacijata. Toa e prvoto, kako vtoro sto me bode vo oci, deka na nekoi im e mnogu podobro bez EU. Dali mislat deka bunarot od koj crpat sekojdnevno pari nema da presusi. Od koja industrija ke se polne budzetot na ovaa drzava, za da ima za portokalovite lopovi. Do koga mislat deka ke mozat da zemat plata bez nikakva rabota, deka samo od kodosenje ke ziveeat. Ke mu dojde i na toa kraj. Obicnite luge nema sto da izgubat, bidejki tie se na dnoto na ovoa opsestvo, tie samo mozat da dobijat. Dodeka vie portokalova bagro, prvo megu sebe ke pocnete da se jadete.
Од: "vodolija"
Датум: 02.12.2010 18:34:14
Odnesuvanjeto na Gjorcevski e rezultat na negovoto domasno vospituvanje i koeficient na negovata naobrazba i inteligencija i OGLEDALO na KAPACITETOT NA VLADATA NA GRUEVSKI. Gospod da ni e na pomos vo Vladata ima mnogu pobeter od nego!!!???
Од: bajamce
Датум: 02.12.2010 19:16:49
Germanskiot pratenik so grcko ime i prezime, zosto ne ja kritikuva Amerika, zemja sto go pravi svetot glup. Polesno e da udiash na malite i siromasni zemji.
Од: Andrea
Датум: 02.12.2010 22:07:53
Ако само ,,опашката,, Ѓорчев се размавта со неговиот непристоен монолог во Брисел и се обиде да го дискредитира Фуере, да му просто човек на недозреаноста и на босотијата. Посимптоматичен е фактот дека и неговиот претпоставен, премиерот избегна да даде оценка на тирадата од глупости на неговиот пулен. Значи синхронизиран настап и однапред подготвен во владината и ВМРО-вската кујна. Во дипломатијата - постојат лупинзи, но и варијанти како да безпоследично, што би се рекло ,,дипломатски,, да се ескивираат евентуалните последици. Но за тоа, основно правило е да не си брутална и полуписмена натура, од типот на дотичниот и други...
Од: ilija
Датум: 02.12.2010 22:59:33
luge nese plasejte makedonija neodi nikade ustvari nije odime cekor naored i cekor nazad pa zatoa nema dastignime daleku.

Најди! во Утрински
Втора страница
Партиска биографија
Вербатим
Груевски во Триполи се сретна со Мугабе
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society