„Член на ВМРО-ДПМНЕ од памтивек, без неоправдани часови на сите минтизи на партијата, лепач на партиски плакати - се подразбира, омилена боја - портокалова, младоста - предност...“ Се чини, токму ваква биографија е гаранција за просперитет во денешно време, независно од стручноста и компетентноста што би требало да се на прво место за искачување по скалилата што ги меркате.
Колку и да звучи збунувачки (ама дефинитивно не е кога критериумите во секој поглед и на секој чекор се испоместени), партиската боја гарантирано отвора виза за работно место, дури и на два стола, па дури и за едно навидум обично членство во управен или надзорен одбор во некоја од јавните институции.
Дефинитивен доказ за тоа се предлозите на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за нови надзори во една градинка, училиште, во Универзална сала. Ако на лице што очигледно нема допирни точки со воспитно-образовната дејност бидејќи по струка е хемиски техничар, му се доверува со својот глас да влијае во функционирањето на една градинка, се поставува прашањето што ли останува за компетентноста на раководните лица на останатите позиции (чест на исклучоци). Истовремено, стравотна, но и мизерна помисла за еден „обичен“ дипломиран граѓанин. Дојде време човек да не може да се крсти ниту во филтерите позиционирани да одлучуваат „за“ или „против“ именувањата, оти портокаловата боја во случајов го „заслепува“ и градскиот Совет.
Се чини, ни денес ни утре, а поинаку не беше и за време кога модерна беше сино-жолтата боја, нема да има место за „обичните“ граѓани. Ако партизацијата веќе стаса и во градинките, дефинитивно, некој треба да алармира да се заборават членските книшки уште во јасли.
E koj se ni gi uci nasite deca, samo partiski vojnicinja, vojnice do vojnice do koga vaka? Eden den ke se dovedeme vo sostojba, ako sakas da zavrsis osnovno, sredno ili visoko obrazovanie ke mora da poseduvas partiska kniska. Do koe deredje ja dovedovme ovaa nasa mila i siluvana drzavicka.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.12.2010 13:02:50
Партиската биографија,еврата и познанствата се главниот гарант за квалитет на кандидатот,многу години наназад!Жално,јадно,бедно,одвратно!
Од: deli
Датум: 02.12.2010 13:35:25
Politička partija - ne samo vo MK (i ne samo vo ovo vreme), stanuva BOG. Da se nadgraduva partijska pripadnost nad gragjanska e tragedija. Ima pomoš? Partitite se organizirani, "običnite" gragjani ne. Stvorite Partija na običnite - no koj znae - posle i taa da ne se izvitoperi. Pozdrav - do "običnite"- oti tie go držat svetot na svojot grb - odsekogaš, vo vreme, koga "neobičnite" mlatat prazna slama i se mislat spasiteli.
Од: Nikola
Датум: 02.12.2010 15:58:29
Zatoa mozelo da se sluci slednovo; Vo gradinka, ucitelkata instruira deka dobile od Vladata igracki, spomnuvajci go Grujo, decata pleskaat i vikaat, a edno izvikuva "Branko, Branko". Ucitelkata mu se obraca: Ako uste ednas mi go spomnes Branko, ce ti ja isecam glavata!. Deteto doadja doma i ja prasuva majka si: Mamo, kako ce mi ja sece glavata, so pila...?
Од: јас
Датум: 02.12.2010 16:27:45
А со што друго да се пофали портокаловава боранија?! Таа нема завршено некакво школо или недајбоже факултет ( оние селскине т.н.факултети НЕ ГИ РАЧУНАМ),па мора да смисли нешто за да напише во биографијата.А освен лепење плакат и укање по митинзи , кутрата , нема со што друго пофали...