Грција ја бара првата транша од 21 милијарда евра
Атина - Грчката влада вчера побара од Европската унија и од ММФ да се исплати првата транша од 21 милијарда евра од ветената кредитна линија од вкупно 110 милијарди евра во следните три години, соопшти претставник на министерството за финансии на Грција.
Грчката влада завчера го одобри предлог-законот за реформи на пензискиот систем, што е една од основните мерки од планот за строги штедења. Со пензиската реформа се зголемува возраста за пензионирање на 65 години и се продолжува работниот стаж за пензија од 37 на 40 години до 2015 година.
Грците изгледа, сепак, ги сфатија пораките дека треба да забават со трошењето, па вчера беа објавени податоци дека во првото тримесечје на годината буџетскиот дефицит на Грција се намалил за 41,8 отсто во споредба со истиот пери лани. |