Намалена софтверската пиратерија во Македонија
Стапката на софтверската пиратерија во Македонија во 2009 година е намалена на 67 отсто и во однос на претходната година е за еден процент помала, покажува годишната студија за софтверско пиратство на глобалната Business Software Alliance (BSA) и IDC.
Намалувањето на стапката на пиратерија во Македонија, како што се наведува во студијата, се должи зголемените активности на БСА преку директен контакт со потенцијалните корисници на нелиценциран софтвер и нивна едукација, континуираните активности на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, како и останатите институции што се задолжени за спроведување на правата на интелектуална сопственост.
Во 2009 година, од вкупно 111 испитани земји, нелиценцираниот компјутерски софтвер кај 49 отсто од нив опадна, кај 34 отсто остана на исто ниво и кај 17 проценти се зголеми.
Во студијата се наведува дека 2009 година, и покрај економската криза се докажа како успешна во борбата против софтверската пиратерија. Вкупната пиратска стапка на светско ниво е зголемена од 41 на 43 проценти во 2009. (МИА) |