Владата, наместо да зајмува поевтино од ММФ, ќе ги задолжува граѓаните во странство 5-6 пати поскапо преку еврообврзница, обвини вчера опозициската СДСМ. Според неа, не држи образложението дека тоа бил позитивен сигнал до меѓународната заедница, дека државата е способна сама да зајмува на светските финансиски пазари.
„Да не се оди кај ММФ, а да се зајмува со еврообврзница има смисла само ако земјата е толку добра што каматната стапка кај еврообврзницата е многу ниска. Да се има аранжман со ММФ не е само по себе лош сигнал до инвеститорите. Приливот на странски директни инвестиции во земјава се зголеми во 2007 и во 2008 година кога имавме аранжман со ММФ. Во 2009 година немавме аранжман со ММФ, па имавме пониски странски директни инвестиции на жител и од Албанија, и од Србија, и од Хрватска, и од Црна Гора“, истакна вчера потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.
Според него, проблемот не е во ММФ, туку во контролата на трошењето што доаѓа со ММФ, а која го задушува популизмот. „Главното прашање е за што Владата ги троши парите кога се задолжува во странство“, рече Јовановски, нагласувајќи дека е невкусно да се вели дека е добро за имиџот на државата да нема аранжман со ММФ. „Владата не сака да зајмува поевтино од ММФ, затоа и не сака да се расправа во парламентот за наодите на Државниот завод за ревизија. Кога ќе снема пари за трошење, популистичката власт мора да најде нови пари и не прашува за цена. Затоа за Владата е прифатливо и толку поскапо задолжување во странство“, додаде Јовановски.
На ова реагираше Министерството за финансии, кое посочи дека опозицијата и' штети на државата со шпекулации околу каматата на еврообврзницата. „Ако за Владата на СДСМ најголемо достигнување беше аранжман со ММФ, за нас не е тоа. Македонија може и мора да оствари многу повеќе, да покаже способност за сопствени политики и ние тоа го докажавме. Дури и ММФ потврди дека политиките на Владата се квалитетни и таа успешно се справи со кризата“, велат од Министерството. Според овој ресор, лани СДСМ со шпекулациите за девалвацијата ја оштетиле државата за 100 милиони евра. (Ек.Р.)
Верувам дека разликата на каматната стапка на ММф за разлика од овие „поволни“кредити на еврообврзница братски си ја делат портокаловите властодршци со странските кредитодаватели.Колку ли се убави милиончињата па затоа и мама е богата и има станови и заштеди.
Од: Hari
Датум: 12.05.2010 00:14:22
Koga narodot ce se svesti za bankrotot sto go napravi DPMNE, i koga decata od vladata ce gi snema so ukradenoto bogatstvo, ce bide vece kasno??? Togas vmrovcinja placajte dolgovi i uzivajte vo kvazipatriotizmot pred spomenicite i kicot. Toa sami si go baravte.
Од: jovan
Датум: 12.05.2010 00:49:04
Stom Vladata zema novi krediti, znaci deka e veke zavisna(narkomanski kazano navlecena).Toa znaci deka i posle ovaa "doza" ke sledi i druga, se dodeka "organizmot" moze da izdrzi.Potoa sledi ludilo, bolest i na kraj smrt. Sto se odnesuva do MMF, isto ni se faka, kredit si e kredit(droga si e droga).I MMF ne dava krediti od milostina, i tie si imaat svoj uslovi i pravila koj najcesto se isto taka skapi kako i kamata od 10% i poveke.MMF ne retko uslovuva kade kaj kogo i sto da "kupuvame", pa ke te dovedat vo situacija da gi potrosis parite pak kaj niv(za obuka i seminari:)) za da na kraj nemozes da gi vratis.Ova pa so 10% kamata samoto po sebe kazuva deka isto taka nema da mozeme da gi vrakame, pa suma sumarum isto ni se faka.Najdobro e da ne se zadolzuvame vo vakvi vreminja, no kako sto kazav, veke sme navleceni, pa za da ne padneme vo kriza mora da se "drogirame" i da ziveeme vo iluzii. Do koga, ke vidime, zavisi kolku sme zilavi.A bogami sme.
Од: покахонтас
Датум: 12.05.2010 00:50:44
... и сепак останува прашањето: дали можеби на Власта не и пречи контролата што ќе ја спроведе ММФ доколку се склучи аранжман со него? Зашто тогаш е bye-bye Скопје 2014 и слични небулози...
Од: јас
Датум: 12.05.2010 10:51:36
Пастирот и Ставре-кумот ќе платат и поскапо ( односно СИТЕ НИЕ ЌЕ ПЛАТИМЕ ПОСКАПО ) , ама НИКОЈ да не им чепка во тоа како ( залудно ) ќе ги потрошат и тие 300 милиончина ( евра , се разбира)..Затоа бегаат од ММФ како од чума !!!
Од: Трпе
Датум: 12.05.2010 12:57:13
Така е кога на власт се дечки без никаков осет.Така ги воспитувале нивните мајки.Да ми бидеш здрав и жив сине ,,за пари не се грижи,овде е мама.Но лошо е тоа што се од партијата ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Долговите ке ги повракат,овие кои ги избрале да дојдат на власт.