Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Вонредна состојба во ЕУ

Пакетот од 750 милијарди евра за еврото е сериозно нарушување на европските договори

Германската канцеларка, Ангела Меркел, зборуваше отворено за вонредната ситуација и за досега невидениот потег во рамките на ЕУ. Шведскиот министер за надворешни работи, Андерс Борг, дури употреби споредба со животинскиот свет за да ја опише загрозеноста на заедничката валута, еврото. „На финансиските пазари забележуваме однесување како во стадо. Но, ако подобро погледнеме, станува збор за волчја глутница, која ако не ја запреме, ќе ги уништи земјите што се наоѓаат во должничка криза. Притоа, не игра клучна улога тоа што тие земји самите се виновни за преголемите долгови. Затоа сега ни е потребен напредок на полето на контролата на буџетите, и тоа како на долг рок, така и на кус“, рече Борг.

Одговорот што изминатиот викенд го најдоа министрите за финансии и шефовите на држави и влади од земјите на еврозоната е фактичко напуштање на принципите на монетарната унија. Тие потекнуваат од 1992 година и се содржани првпат во Договорот од Мастрихт, а подоцна беа преземени и во Лисабонскиот договор. Досега важеше строгото правило дека ниту една членка на ЕУ не може да одговара за долговите на некоја друга земја-членка. Како, сепак, може да се заобиколи ова јасно правило на монетарната унија, објаснува надлежниот еврокомесар, Оли Рен: „Станува збор за напад врз еврозоната, што го загрозува целиот систем. Тоа не е напад врз некоја посебна држава, туку врз стабилноста на еврозоната и на целата ЕУ. Затоа е оправдано да се примени членот 122, кој се однесува на вонредни настани, надвор од контролата на една земја-членка“, изјави Рен.

Членот 122 од Договорот од Лисабон, всушност, се однесува на природни катастрофи и на слични ситуации. Но, сега ЕУ го користи за да се справи со финансиската криза. Врз таа основа се издвојуваат 60 милијарди евра од европските каси, што Европската комисија во иднина ќе може да ги дели на презадолжените земји-членки како краткорочен кредит. Поголемиот дел од финансискиот пакет на ЕУ во износ од 440 милијарди евра, пак, се состои од кредити од буџетски средства на членките на ЕУ. За таа цел земјите од еврозоната заклучија посебен договор надвор од досегашната монетарна унија.

Оваа меѓувладина спогодба се наоѓа надвор од Лисабонскиот договор, со што досегашната основа за функционирањето на ЕУ фактички се изместува. Експертот на германската Комерц-банка, Јерг Кремер, оценува дека со овој чекор досегашната монетарна унија се претвора во унија за трансфер на средства, во која посилните земји ќе ги сносат трошоците на долговите на послабите. Со тоа, реално гледано, само се зголемува нестабилноста на еврото. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1000 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.05.2010 00:37:03
Skoro site dale trezveni i realni ocenki sto se slucuva, no za zal veke nisto nemoze da se napravi.Vtoroto poluvreme od krizata stotuku zapocna,ke se obezvrednuvaat doprva site tie obvrznici i raznorazni derivati koj vestacki gi stvaraa i trguvaat so niv. Ke se obezvrednat skoro site svetski valuti, mozebi samo Svajcarski franak i Kanadskiot dolar malku poveke ke izdrzat,ke se namali standardot na naselenieto drasticno,ke zavladee opsta siromastija koja ke potrae 5 do 10 godini.Toa e ona sto go ceka zapadniot svet.Spas nema, osven ako imaat nekoj nov tehnoloski/energetski izum koj bi mozel se da promeni.Ostanuva istokot da bide idnata lokomotiva na svetot(Kina i Turcija pred se, no i Rusija)Zapadot isto taka zabrzano staree, za razlika od Turcija koja ke go predvodi Islamot,a imaat najmlado naselenie.Turcija e slednata Kina.Turcija mnogu brzo ke i svrti grb na EU, dosta ja molese.Sega EU ke moli.
Од: Makedonka
Датум: 12.05.2010 00:40:52
Daj boze i Vie od EU da si docekate da ziveete so plati od 150 evra ili od socijalna pomos,pa mozebi ke svatite kako ni e nam na obicnite smrtnici od ovaa napatena zemja Makedonija,a ne samo da ne zafrkavate so datumite za pregovori,i tn. pa koj Vi rece deka tolku sakame da vlezeme vo EU?
Од: јас
Датум: 12.05.2010 10:47:55
Добро е што @Makedonka почна да се жали на платата што ја зема во МК..Ако добро сум ја запамтил по коментарите ,таа е една од „светлите подржувачи на ликот и делото “ на пастирот ..Се жали на ниските примања ,ама пак не сака да влеземе во ЕУ..Е па г=ѓо , корењата се сервирани , повелете !!
Од: tomo
Датум: 12.05.2010 12:09:37
Pa mora tolku pari neli za nivnoto milenice, bidejki spored evropjanite prv indoevropski narod se grcite, pa sega mora so milijardi da si go odbranat svoeto naci-arievsko poteklo inaku ke ostanat bez identitet, t.e. bez arievsko poteklo ke go izgubat pravoto za prevlast vo svetot. Posle ni se cudat nam sto si go branime identitetot od koj site tie vsusnost poteknuvaat.
Од: nekoj od EU
Датум: 12.05.2010 12:27:56
Ova sto go pisuvate Jovane, poveke nalikuva na vasa zelba otkolku na realna procenka. Namesto da se sitite na nekoj tug neuspeh, podobro e da se skoncentrirate na toa kako Makedonija moze da go ima ona sto go ima EU. Niti Eu ke se raspadne, niti Berlin, Pariz, Viena, Atina, Praga, Lux, Brisel itn ke se pretvorat vo prasina, niti ke ima siromastija. Prvo definirajte go poimot za siromastija i negovoto znacenje vo zapadna Evropa, vo istocna, vo juzna. Ako nesto ve koci vo napredok toa e balkanskiot mentalitet od koj nikako ne mozete da se oslobodite. Ako eden germanec od moja struka ima 6000 evra bruto plata, a mu se namali na 5000, veruvajte nema da e "siromav", tuku nema da go ima ona na sto se naviknal. Zatoa, zafatete se za rabota i ne tropajte gluposti.

Најди! во Утрински
Економија
Старите возила носат нови главоболки
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
СДСМ
Грците сфатија дека сами си ги вадат очите
Грција ја бара првата транша од 21 милијарда евра
Намалена софтверската пиратерија во Македонија