Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Пациентите пак без терапија?

Јасмина Јовановска

И со новиот тендер за инсулин што го распиша Министерството за здравство дијабетичарите може да останат без лек. Количините инсулин, кои Министерството за здравство планира да ги купи, како што дознаваме, се речиси за половина помали од реалните потреби на околу 30.000 дијабетичари колку што се проценува дека ги има во земјава. Државата, како што дознаваме, планира да набави околу 226.000 дози инсулин, што е далеку под потребите на дијабетичарите, ако се знае дека само на Клиниката за ендокринологија лани биле потрошени над 300.000 дози, во кои не влегува терапијата за пациентите од другите најмалку десетина центри за дијабетес во земјава.

Колку се реални тендерските количини инсулин говори и податокот што за изготвување на спецификацијата не биле побарани податоци за количините и видот на инсулинот што ги има во централниот регистар на пациенти што се води на Клиниката за ендокринологија. Место количини од регистарот со кои се покриени речиси 90 отсто од пациентите, според доброупатени извори, тендерските количини се натокмени по потрошените и фактурираните количини. Со ваквите преполовени количини, дијабетичарите ќе ја држат болеста под контрола додека има инсулин или, пак, ќе добиваат инсулин на лажиче.

Со намалување на количините повторно се отвора простор тендерската квота, откако ќе се потроши, да се пополнува со анекси, што и сега е практика, за да може да се форсира одреден инсулин. Според нашите соговорници, дека има индиции за местење и на овој тендер покажуваат и лотовите кои се со такви параметри на инсулин, да може да конкурира само еден производител, со што се крши Законот за јавни набавки. Кога се правела спецификацијата од тендерот, не се водело сметка ни за тераписки ефект на инсулин од два различни производители, односно дека со двојно помалку единици инсулин од еден производител ќе се постигне ист ефект како и со конкурентскиот инсулин, но од кој ќе мора потрошат повеќе единици и ќе чини поскапо, тврдат истите извори.

Министерството за здравство крие колку дози инсулин ќе набави. Наместо бројки за количините, Министерството за здравство само соопшти дека првпат изготвило електронска евиденција на сите корисници на инсулин во државата и во секој момент имаат преглед на вкупен број корисници, локација, вид на инсулин што го користат. Не се открива ни колку вкупно дијабетичари на инсулин има во државата. Но, затоа Министерството ветува доколку се појави потреба од инсулин, повторно ќе објави тендер во текот на следната година.

Во меѓувреме, недостигот од инсулин што се појави во одредени градови во земјава ќе биде надминат. Доставувачот „Реплек“ вети дека во рок од два дена ќе бидат намирени сите центри за дијабетес во земјава. Од „Реплек“ очекуваат дека и за декември нема поголем проблем со дистрибуцијата на инсулин.


#
Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.11.2010 22:41:33
И?!Приметувате ли дека никого не го загрижува?Ниту еден коментар,најбитна е политиката и дрвата што ѕиркаат од екраните!Додека не се најдеме во истата ситуација со болните.Тогаш,почнува болот,јадот,чемерот...дотогаш-молк!Денес болните од дијабетес,утре,оние од канцер,задутре...ќе почнат да нè оставаат да умираме,на улица,на работните места,во домовите...и тоа ќе го прогласат за невиден напредок...нормален процес...Дали некој провери кој сè членува во комисиите за набавки на лековите?Верувам дека има несоодветни и полуписмени лица кои едвај знаат која е намената на лекот.Одлучуваат за животот и за смртта,бидејќи имале соодветна боја на партиската книшка!Најбитно е дека „градиме“лековити (надгробни) споменици и барок,а Ужасот... допрва ќе следува!
Од: До Ајван-докторот
Датум: 24.11.2010 11:21:29
Извини,докторе,јас не коментирав,мислев дека со терапијата на нобеловецот кај спомениците,се решени сите проблеми во здравството!
Од: bramoni
Датум: 24.11.2010 12:19:29
Препуштени сме на теоријата на Дарвин, најсилните специеси ќе опстанат...а за болните од чеќер, канцер и др. хронични заболувања, кому му е гајле? Во Македонија сепак животот е најевтин.

Најди! во Утрински
Политика
Црвенковски бара предвремени избори
Инсулин на лажиче
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исчепка досиејата за ДУИ?
И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ
Почна постапката за екстрадиција на Вранишковски
Власта не е против избори
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language