Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Црвенковски бара предвремени избори

Повик до парламентарните партии од власта, со забрзана процедура да ги донесат измените во Изборниот закон

Иван Бојаџиски


ШТИП - „Почнуваме битка за предвремени парламентарни избори. Првиот чекор ќе го преземеме по самитот на ЕУ, на 16 декември, кога во Собранието на Македонија ќе поднесеме иницијатива за гласање недоверба на Владата“. Ова го најави Бранко Црвенковски на прексиноќешниот митинг во Штип, еден од најмасовните на опозициската СДСМ, на кој, според некои процени, присуствуваа околу 10.000 граѓани од изборната единица „три“. Црвенковски ги повика парламентарните партии, а пред се', оние од власта, во следните два месеца со забрзана процедура да ги донесат измените во Изборниот закон и да се прочисти гласачкиот список со што ќе се создадат услови за фер и демократски избори.

Лидерот на СДСМ вчера ја критикуваше владејачката гарнитура на чело со премиерот Никола Груевски, која многу ветувала, а малку остварила.

„Ветуваа дека ќе не' внесат во НАТО и во ЕУ. Пет години поминаа, пет сантиметри не не' поместија. Сите околу нас напредуваат, само ние стоиме во место и пропаѓаме. Од Владата на Груевски објаснуваат дека тоа е само поради спорот со Грција, ама никогаш не и' соопштија на јавноста како беше можно, кога ние, предавниците, според нив, ја водевме земјата, да напредуваме и кон НАТО и кон ЕУ. А откако дојдоа тие, самопрогласени патриоти, на тој пат се' да се блокира. Како беше можно во 1995 година да станеме членка на Партнерството за мир, во 2001 година да ја потпишеме спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, две години потоа да станеме членка на Јадранската група, а во 2005 година да стекнеме статус на земја-кандидат за членство во ЕУ без каква било блокада од Грција“, праша Црвенковски.

Тој нагласи дека наместо слобода и демократија, правда и достоинство, луѓето не смеат да го кажат своето мислење. „Стопанствениците се плашат од инспекции, полиција, од затворање на фирмите“, рече лидерот на СДСМ. Притоа нагласи дека од ветените инвестиции од 8,5 милијарди евра за седум години досега нема ни едно евро.

Црвенковски нагласи дека власта се слика на телевизија, сече ленти, става камен-темелници. „Французи ќе правеле автомобилски делови, Кинези ќе произведувале телевизори, Американци со каубојски шешири ќе отворале сточарски фарми, Турци стаклена амбалажа, Израелци ќе граделе сончеви градови и трговски центри, Германци хидроцентрали... Десетина пати најавуваа изградба на хотели во Скопје, Охрид. И тоа не кој било, туку ’Радисон’, ’Шератон’, ’Хилтон’, ’Мериот’... И, што од сето тоа? Најреномирани инвеститори, купувачи на државно земјиште, и тоа по евро за квадратен метар се Мане - ‘Левис‘, Пеце Наумовски, Мите - ‘Макоил‘, Столе - ‘Воденица‘, Орце Камчев. Се' фирма до фирма, се' бренд до бренд. Нема ништо ниту од ветувањето дека Македонија ќе ја направат големо градилиште. За пет години не направија километар автопат. Сега под концесија на странци ќе го даваат тоа што ние го изградивме од Градско до Демир Капија, од Скопје до Тетово и Гостивар, обиколницата околу Скопје“, истакна Црвенковски.

Од завчершаниот митинг тој праша каде се штипскиот аеродром и новиот автопат со кој истокот ќе се поврзеше со Велес и Скопје, кои фабрики ќе ги донесе Владата на Груевски во индустриската зона во Штип, каде се новите работни места?


#
Стати��ата е прочитана 1104 пати.

Испрати коментар

Од: bitolaman
Датум: 23.11.2010 12:16:33
se e ubavo vo baranjeto na sdsm za predvremeni izbori,no....dali Branko misli deka ke gi dobie tie izbori?kako moze tie neopredeleni koi se nad 50% se kanaliziraat vo kontoto na sdsm? branko edno treba da znae: dokolku pred koi bilo izbori dali se toa predvremeni ili redovni ne go izvade vo javnost kadrovskiot potencijal so koj ke ja prakticira vlasta,narodot ke si ostane vo kategorijata neopredeleni.ili pak polosha varijanta,ako seuste vo partijata se pletkaat starite kadri koi ja potroshija partijata so svoite nemoralni postapki koga sdsm bese na vlast,sdsm ke bide uste 4 godini vo opozicija.
Од: Никола
Датум: 23.11.2010 13:24:01
И по Тито Бранко.
Од: Јован АН
Датум: 23.11.2010 13:24:06
Човекот кој со гордост самиот себе си (и уште неколку други како него) се нарекува предавник сега ја дефокусира јавноста држејќи митинзи за да ја забошути аферата “Надеж“.Но неговата “надеж“ не ни дава надеж дека тој се бори за да ни биде нам подобро.
Од: Трпе
Датум: 23.11.2010 14:07:06
Нема потреба од предвремени избори.Македонскиот народ не е свесен ,сеуште е во кома и неможе да свати до кое дереџе не доведе ова сериозна блада.Пак ке биде виновен господинот Црвенковски,кој ке мора со непопуларни мерки да не вади од живата кал.Во моментот ни господ неможе да ни помогне,во таа ситуација во која се наоѓаме.Македонски народе разбуди се!
Од: Центар
Датум: 23.11.2010 14:36:14
Ако Бранко под итно не ги разреши катастрофалните општински раководства од кои очекуваше многу а кои партијата ја донесоа до самото дно (Штип,Прилеп,Охрид и неколку општини во источна Македонија)нема на што да се надева на било какви следни избори.Ако не престане ступидната поделба стари-млади нови-ветви само ќе се зголемува расколот внатре во СДСМ и разли��ата власт-опозиција.Се разбира во корист на “преродбениците“
Од: SANDE
Датум: 23.11.2010 14:56:45
Како Бранко ќе победиш во ПРИЛЕП,со кои луѓе ќе победиш,знаеш ли која е структурата на врвот партиски во ГРАДОТ ХЕРОЈ од каде Ти го почна востанието.Во изминативе 19 години,освен ДИМЕ НАСТОСКИ Прилеп немаше ниту квалитетен претседател,уште помалку квалитетни пратеници.Во Прилеп РАКОВОДСТВОТО Е КАКО ВРЕЌА ПОЛНА СО РОГОВИ,а координаторот за ПЕЛАГОНИЈА е „ ЖИВА ЛЕГЕНДА „.Кој ли ГО ПОСТАВИ !!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Hari
Датум: 23.11.2010 14:58:22
Tolku ti e inteligencijata, no toa e tvoj problem. I jas sum predavnik i uste pola drzava spored kriteriumite na Firerot i negovata tajfa, Mirka, Latas. Otkako dojdoa na vlast decava cel svet se svrte protiv nas, i jas mislam deka Grcite imaat solidni arguimenti protiv nas koga od drugata strana se decista, nacionalisti i lopovi.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.11.2010 15:37:57
Под знакот на еднаквост, ретко кога може да се поистоветат "што се сака" со "што се може", па многу често со преценетите можности се пропаѓа во уште подлабока бездна. Така и овој пат, опозицијата своето легитимно право, да бара вонредни парламентарни избори, го арчи во време, кое не и дава, ама баш никакви шанси да ги добие. На народот, кој навистина има кратко паметење, но се уште им одекува познатиот рефрен "на 15ти септември" !
Од: Besplaten sovetnik juzno od Slovenija
Датум: 23.11.2010 16:10:24
Drugar Crvenkovski,batali NATO i EU,osnova na koi ke padni DPMNE ke bide kako ke se spravis so socijalnata beda/citaj mizerija/,armijata birokrati,nepostoenjeto na pravna drzava,nefunkcioniranjeto vo site sferi,a NATO i EU potoa ke bide logicna posledica.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.11.2010 18:47:54
Одлично ќе гледаме дуел на ненародна власт и наводно реформирани безидејни опоненти.Што ти значи да се има НАДЕЖ во својот двор.А богами и да се оправдаат предходно залудно потрошените средства за рекламерство.Ме интересира а Феличита ќе ми помогне како ќе го спроведат шармирањето на странците по урнек на словенечките експерти.Со софри ли,прошетки ли и т,н
Од: devicanecot
Датум: 23.11.2010 22:56:17
Колега пензионеру! Кажи што ќе направиш за подобрување на нивото на живеење на македонскиот народ. Со голи критики не се доаѓа на власт. Затоа што тие критики важат и за тебе: автопатот до Битола, пругата до Ќустендил...и да не набројувам. Со ветувања од стилот на вработување по еден член од семејството исто така. Народот многу добро те познава, така да не си се арчи за џабе!
Од: koki
Датум: 24.11.2010 06:53:23
Partiski sum neopredelen ama moram da kazam ovoj Crvenkovski izgleda uste ne e rasonet. Gospod neka mu e napomos za da ozdravi
Од: Феличита
Датум: 24.11.2010 08:56:08
Среќко,дали јас добро го разбрав твојот пастир дека ангажирал словенечки експерт за реформа на јавната администрација,или сум „јалнаш“?за тој Словенец ли зборуваш?

Најди! во Утрински
Политика
Инсулин на лажиче
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исчепка досиејата за ДУИ?
И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ
Почна постапката за екстрадиција на Вранишковски
Власта не е против избори
Пациентите пак без терапија?
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language