Министерството за правда ја почна постапката за екстрадиција на расчинетиот владика на Македонската православна црква, Јован Вранишковски, од Бугарија. Таа е во согласност со Законот за кривична постапка и со Европската конвенција за екстрадиција по добиеното известување од МВР, јави МИА.
По прибирањето на севкупната документација во најкус временски рок Министерството за правда ќе упати барање за екстрадиција на Вранишковски до бугарското Министерство за правда. Бугарското Обвинителство во саботата му одреди мерка куќен притвор на Вранишковски. Гаранција дала Бугарската православна црква и Вранишковски е сместен во некој од софиските манастири. Времетраењето на куќниот притвор не е ограничено.
Бугарската полиција го уапси Вранишковски на 15 ноември на граничниот премин Калотина на српско-бугарската граница. Прво му беше изречено 24-часовно задржување, а потоа и екстрадиционо од 72 часа.
Јован Вранишковски се бара по меѓународна потерница распишана од македонското биро на Интерпол по налог на Судот во Битола за издржување затворска казна за кривично дело „затајување“. Вранишковски е осуден на две и пол години затвор за проневера на 250 илјади евра.
Ama ke mu nashkodite moze samo da se odmori vo zatvorot.A kaj se 250.000.00 ili ke ostane Tajna.
Од: Ратомир
Датум: 23.11.2010 18:14:08
Парите се кај МПЦ, тоа е штосот. Затоа и не го осудија од прва, него од трета, едвај.
Од: nikola
Датум: 23.11.2010 18:31:48
se nadevam deka ovoj pat ke uspeeme da go dobieme vraniskoski . ke se vidi dali sme ili ne sme dovolno silni da ni go isporacaat vraniskoski .ako ne ni go isporacaat znaci deka nikoj ziv ne ne esepi za zivi. daj boze da uspeeme i barem ednas .Ama ako ne uspeeme .................neznam zosto mislam deka nema da uspeeme.... .
Од: од објективен
Датум: 24.11.2010 10:01:15
Сеуште не се знае каде се тие пари и уште колку се украдени од другите, нерасчинети, владики и по колку станови тие имаат . Вранишковски се суди поради неслагање со ГГ Стефан, Кирил и Петар, а не поради пари . Со овој случај МПЦ се удура самата себе со свој камен по глава.