Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Интервју

Инсулин на лажиче

Д-р Аврам Ванковски, претседател на Здружението на дијабетичари

Јасмина Јовановска


Дали моментно има недостиг од инсулин?

Во неколку града, Струмица, Штип, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Куманово, има недостиг од инсулин од одреден тип, а некаде и по неколку дена нема воопшто никаква терапија. Има градови каде што на пациентите им се дава само по едно пенкало, колку да преживеат. Скопје не е таков случај. Според последните податоци, во сите инсулински аптеки во Скопје ги има сите инсулини и пациентите добиваат инсулин за следниот месец.



Трпат ли пациентите поради одолговлекувањето на плаќањето на долговите?

Медицинските центри и здравствените домови, во рамките на средствата што им ги дава Фондот на овие центри на годишно ниво, го набавуваат и инсулинот. Некои директори не работеа домаќински со тие буџети, и во одредени медицински центри, најчесто секогаш исти, средствата ги трошеа за други намени. Затоа немаше пари за инсулин и тој се набавуваше на лажиче. Овие центри, кои набавувачот ги чекаше и по четири месеци, не ги намируваа обврските и затоа тој правеше рестрикција во набавката.

Директорите им ги кршат правата на пациентите за редовна и континуирана терапија со инсулин. Како сојуз реагираме преку локалните здруженија до директорите, а потоа и до Министерството и Фондот, да преземат мерки директорите да ги намират заостанатите долгови.



Дали лекарите треба да имаат право на избор каков инсулин (тип и производител) ќе препишат?

Никој нема попрецизен увид во здравствената состојба на пациентот од лекарите што се занимаваат со дијабетологија. Пациентите одат редовно кај нив на преглед, не само за инсулин, туку и за други совети врзани за дијабетис, и на тој начин лекарот постојано ја следи состојбата на пациентот. Лекарите треба да имаат право да изберат кој инсулин да го препишат.



Имало ли досега притисоци за префрлање од еден инсулин на друг?

Во кризни моменти, кога во одделни центри има недостиг од терапија, некои директори вршат притисок на лекарите да ги префрлат пациентите на поевтини инсулини или на оние што ги имаат на располагање. Тоа е недозволива стручна грешка, бидејќи му нанесуваат огромна штета за здравјето на пациентот. За да се воспостави регулација на шеќерот во крвта е потребно подолго време и можни се низа здравствени компликации. Ваквите нестручни и несовесни префрлања на пациентите од еден инсулин на друг, ги зголемуваат материјалните трошоци и ја чинат државата поскапо. Ова затоа што на пациентот му се даваат поголеми дози инсулин за да дојде до регулирање на шеќерот во крвта.



Има ли случај кај нас, и покрај несоодветната терапија, сепак, да не се менува типот инсулин што се користи, односно да се форсира одреден инсулин?

Генерално, не би рекол дека форсираат. Можеби има поединечни случаи, но тие не се правило. Верувам дека лекарите се придржуваат кон потребите на пациентот и кон својата етика.



Каква е ситуацијата со терапијата на дијабетичарите во другите држави?

Не сум слушнал за инсулинска криза во другите држави. Третманот на дијабетесот и правото на пациентите на редовна, континуирана и адекватна терапија е сосема добро регулирано и нема проблеми како кај нас. Во Словенија, на пример, инсулин издава секоја аптека, се разбира, со рецепт од надлежен дијабетолог. Колку за споредба, секој пациент во Словенија месечно добива по 30 ленти за мерење шеќер, додека кај нас пациентите добиваат само една лента неделно.


#
Статијата е прочитана 579 пати.

Испрати коментар

Од: torero
Датум: 23.11.2010 15:23:58
Vestite od oblasta na javnoyo zdravstvo se tolku " crni " da vi preporacuvam tie napisi da gi prefrlite vo rubrikata crna hronika.Interesna pojava iako se raboti za mnogu cuvstvitelna i vazna rabota nema soodvetna reakcija na vasite citateli.se dobiva vpecatok deka seto ova sto se slucuva so naseto javno zdravstvo,ne se odnesuva na RM tuku na nekoja imaginarna drzava,cuden narod zivee na ovie balkanski prostori!!

Најди! во Утрински
Политика
Црвенковски бара предвремени избори
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исчепка досиејата за ДУИ?
И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ
Почна постапката за екстрадиција на Вранишковски
Власта не е против избори
Пациентите пак без терапија?
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language