Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

СДСМ му се налути на спикерот за интервјуто во „Утрински“

Опозицискиот СДСМ му се налути на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поради интервјуто дадено за нашиот весник. Оттаму вчера го обвинија Вељаноски го дека „на недозволив и непримерен начин направил груб упад во работата на Анкетната комисија за расчистување на инцидентот од 1 јули“.

„Вељаноски од позиција на претседател, пред да се дочека исходот од работењето на Анкетната комисија, даде квалификација за настанот, ги лоцираше виновниците и ги осуди. Со ваквите скандалозни квалификации, претседателот на Собранието недозволиво грубо ги прекрши основните демократски принципи. Наместо во пресрет на ЕУ-извештајот да се бори за градењето на довербата и враќање на политичкиот дијалог, тој се одлучи за ваков несериозен, типичен вмровски потег со кој се урива сликата за Собранието“, изјави координаторот на пратеничка група на СДСМ, Цветанкла Иванова.

Вељаноски, во интервјуто за „Утрински“, изјави дека не е задоволен од темпото на работа на Анкетната комисија и дека наспроти неговите очекувања, таа работи многу, многу бавно. Тој ги отфрла критките на опозицијата дека дозволил Собранието да стане сервис на МВР, и вели: „Обвинувањата на опозицијата се целосно неосновани. Обезбедувањето на Собранието е уредено со Деловникот, со закони и правилници, и не зависи од мене.

Многу жалам што неколкумина пратеници од опозицијата сосема непотребно испровоцираа инцидент. И наместо самите да се засрамат и да се запршаат зошто го направија тоа, тие во скандалот го вовлекоа парламентот и создадоа негативен имиџ и за Собранието и за државата. Се надевам дека од ова ќе извлечат поука за во иднина да не ни се случуваат вакви инциденти“. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1834 пати.

Испрати коментар

Од: suada
Датум: 13.10.2010 12:19:11
najgolem incident vo sobranieto e tvoeto postavuvanje za pretsedatel. podobro da ne udrese asteroid.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.10.2010 12:21:27
Koga ruralni likovi se stavaat na vakvi funkcii, ne mozeme nisto poarno da ocekuvame... No, VMROvcite, se (seuste) nad Ustavot i zakonite...samo do koga? Trgna kroce kolata nadolu.....
Од: Санто
Датум: 13.10.2010 12:41:40
Аман ми се здосади да слушам за вака срамни изрежирани, настани, несуштински. Со едно интервју, спикерот, направил упад во работата комисијата.Се гледа дека со ваков пристап опозицијата цело врема тапка во место.Ајде навистински како народ да чуеме и видиме подруг поглед, за суштинските проблеми во државата.Подршката кон Груевски е релативно голема токму заради вакви празни препукувања.Во моментов го слушам излагањето на Бучковски во парламентот со послович��о нихилистички и вулгарен речник, и се прашувам, боже човеков е универзитетски професор.Не може тоа така.Не се прави на таков начин.
Од: Hari
Датум: 13.10.2010 12:51:34
VOSOCNA figura koj moze samo da go prenese ona sto Vozdot ce mu kaze. Namesto da dava zakljucoci da dade odgovor na edno rasanje dali toj dal soglasnost da upadnat policajcite vo sobranietro ili ne, se drugo e nevazno.
Од: Трпе
Датум: 13.10.2010 14:09:06
Ич не е за чудење,човекот исто размислува како и неговите партиски другари.Тие се и војска,полиција и обвинители а најголеми судии.За нив неважат никакви легални институци.
Од: Трене
Датум: 13.10.2010 15:44:51
Не гледам што е причината што се плука и зборува омаловажувачки против Македонските избраници. Кој концепт го подржуваат, кои економски визии, стратешки чекори, освен опишување на луѓе дека биле од плурални општини, па дека ако се прифати грчкиот притисок за измена на Македонскиот национален идентитет ќе цветаат ружи. Слепо трчаат по луѓе се висок тон и големи гестикулации, прифаќаат рекла казала улички муабети наместо да се фатат за работа и помогнат. Лесно е да се плука и покажува со прст по друг, но што има друго понудено од друга страна да се запрашаме.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.10.2010 18:34:26
Трене и Санто па дајте небидете наивни да очекувате разговори за идеи,решенија,платморфи и др. што секоја нормана опозиција во светот ги практикува. ОВде имате само голо политиканство, непродуктивно критизерство и се друго што го ја прави двоцифрена разликата помеѓу власта и опозиција а троцифрена помеѓу лидерите.

Најди! во Утрински
На прво место
Црвенковски останува во политиката
Канал 5 и А1 во битка до истребување
Груевски повика на заеднички фронт






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia