Да го послушаме гласот на борците од НОБ, кои во манифестот на АСНОМ говореа - да ги зачуваме сите печалби од досегашната борба мобилизирајќи ги сите сили за изградба на нашата држава и да направиме од неа среќна татковина на среќен народ. Ова го порача премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод 11 Октомври, Денот на македонското востание, што се одржа во понеделникот вечерта во Домот на АРМ на која присуствуваше државниот и црковниот врв, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
Груевски истакна дека заедничкиот фронт мора заеднички да се држи, без оглед на тоа што, според него, има повеќе од доволно простор за различни концепти, политички стратегии, несогласувања и разлики.
Напредокот во сите полиња мора да биде помогнат од сите политички фактори, целокупната стручна и научна јавност и сите општествено- политички фактори, рече Груевски.
Со прославата на 11 Октомври, наведе тој, Македонија го прославува големото дело на борците од НОБ. „Нивното движење, нивната борба и сплотеност се одличен пример дека никој не може да ги води нашите битки, освен ние самите и дека слободата тогаш, а денес развојот, обединувањето, сплотеноста правдата, борбата за подобар стандард и подобри услови за живот, одржувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција, целите и активностите да станеме дел од ЕУ и од НАТО, да го зголемиме нивото на образование, мора да бидат извојувани, а никако подарени“, предочи премиерот. (МИА)
Da, da...zatoa postavuva vosocni figuri na dusmanite na makedonskiot narod. Samo portokalovite poluidioti seuste mu veruvaat na Ovcarot, koj edno misli drugo zboruva, treto pravi....
Tie komunjarite, koj toj miluva da gi pluka ja sozdadoa prvata nezavisna makedonska drzava, a ne predavnicite od VMRO.....
Од: Hari
Датум: 13.10.2010 12:54:06
Vestite na Latas od 11.10 bea zadovolstvo da se gledaat, kakva panika i gnev kaj Latas , koj so petni zili sirese omraza i ja velicese fasistickata politika cii glasnogovornik e toj.Se blizi krajot
Од: b
Датум: 13.10.2010 13:25:43
Што е важечко сега? Ова или она писмо каде се повикува на конечна пресметка со противникот?
Или, што му дојде на памет во моментот?
Од: demagog
Датум: 13.10.2010 13:33:50
Очигледно дека поголем ДЕМАГОГ Македонија нема да роди никогаш.Ова еневозможно.Едно да правиш а друго да зборуваш. Од никакво признавање на антифашистичката војна водена од Комунистичката парија на Македонија, до континуирано рушење на сите обележја на НОВ ,од 1991 год. па се до денес, одеднаш (за дневна употреба) се јавуват за најголеми бранители. И апсурдот да биде уште поголем оној што секојдневно го дели народот по разни основи повикува на единство. На кое единство пилиштарце повикуваш? Многу си провиден.Сакаш целиот народ да размислува како тебе и да бидеме сите грујовци сплотени околу тебе и твојата pinki политика .Она што не му успеа на Др. Менгеле очигледно му успева на македонскиот Минхаузен
Од: Трпе
Датум: 13.10.2010 14:03:13
Леле,мајката ниту на очи си верувам,нит на уши си верувам,наш мистер Рејтинг се разбудил од зимски сон.Каков заеднички фронт бара?Да не случајно сака да му помогнеме како заработените средства со мака ѓи изнесе од државата.А чудно од кога почна да верува и на партизаните,кои ги нарекува комуњари.Нешто лошо има сонето.
Од: od mene
Датум: 13.10.2010 17:15:20
Vidi go licemerov, neumorno plukaat po se sto poteknuva od NOB i od 1945 - 1992 a sega nesto povikuva na zaednistvo... e pa stvarno sto e mnogu mnogu e!