Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

МОНТАГ И ПРОСТ

Најглупавиот пар на САД пред развод

Хајди Монтаг и нејзиниот сопруг Спенсер Прат претходната година беа прогласени за најглупавиот и најиритирачкиот пар во Америка. Сепак, многумина ќе можат да здивнат затоа што русокосата старлета ги предаде документите за развод, па нивната појава веќе нема да оди им оди на нерви на илја��ниците Американци, кои тврдат дека се најпретенциозниот пар со секое нивно појавување на некој голем настан.

Вознемирената Хејди смета дека сопругот ја изневерува, а истовремено во тоа е уверен и Спенсер, кој тврди дека Хејди има афера со неговиот најдобар пријател, Кугар Зенк. „Тие се пријатели и мислам дека не постои ништо повеќе од тоа, но Спенсер, сепак, верува дека има нешто посилно. Впрочем, тој е апсолутно сигурен во тоа“, рече една блиска пријателка на парот, која додаде дека посесивната Хајди поради сомнежите за неверствата на сопругот, најмила приватен детектив, кој за деноноќното следење на Прат добива значителен износ на пари.

„Многу е упорна да дознае дали гласиштата за Спенсер и за неговите љубовни излети се вистинити. За да биде сигурна, таа најми детектив, кој, очигледно, е искусен во својата работа и мора да дознае дали нејзиниот сопруг троши пари на друга жена“, тврди неименуваниот извор.


#
Статијата е прочитана 1559 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Со вувузела ја избрка свршеницата
„Масив атак“ во Скопје на 16 јули
Били Ајдол инсистира на македонско пиво и на вода од островот Фиџи