Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

„Масив атак“ во Скопје на 16 јули

Легендарната британска трип-хоп група „Масив атак“ ќе настапи во Скопје на 16 јули, како хедлајнери на фестивалот „Скопје гори“, во организација на „Авалон продукција“. Како што веќе пишуваше „Утрински весник“, кој прв ја објави веста за гостувањето на познатите музичари, бендот ќе допатува во Скопје во склоп на големата турнеја во чии рамки го промовира албумот „Heligoland“, издаден оваа година, по седумгодишна дискографска пауза.

Концертот ќе се одржи на скопско Кале, местото на кое на 20 јуни ќе настапи и Били Ајдол. „Масив атак“ ќе пристигнат во земјава од Софија, каде што имаат концерт на 15 јули, додека останатите детали за нивното гостување ќе бидат обелоденети на прес-конференција што ќе се одржи на 22 јуни. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Најглупавиот пар на САД пред развод
Со вувузела ја избрка свршеницата
Били Ајдол инсистира на македонско пиво и на вода од островот Фиџи