Број 3308  среда, 16 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Роби Вилијамс

Со вувузела ја избрка свршеницата

Светското првенство во фудбал, конкретно, неделниот натпревар меѓу Словенија и Алжир беше кобен за врската на Роби Вилијамс и неговата свршеница. Како што пренесуваат британските медиуми, на Ајда Филд, типично женски, и' дошла преку глава опседнатоста на Вилијамс со фудбалот, па додека пејачот гледал како Словенија ја победува селекцијата на Алжир, луто ги спакувала куферите и заминала кај својата мајка. Роби бил презафатен гледајќи го натпреварот за да може да ја спречи својата сакана да заминине од нивниот дом.

„Три дена фудбал беа премногу за неа. Поради Светското фудбалско првенство, Роби и неговите пријатели го окупираа нивниот дом и не го симнуваат погледот од телевизорот. За да бидат работите уште полоши, за несреќа на Ајда, тие набавија неколку вувузели и создаваат страшна бучава. Под нормални услови ништо не би го одвоило парот, но ова навистина е премногу за неа. Таа не го разбира фудбалот и целата еуфорија околу него. Тој спорт воопшто не ја интересира“, откри за медиумите еден од пријателите на познатиот пар.


#
Статијата е прочитана 1971 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Најглупавиот пар на САД пред развод
„Масив атак“ во Скопје на 16 ј��ли
Били Ајдол инсистира на македонско пиво и на вода од островот Фиџи