Вашингтон – Поедноставување на административните постапки за стопанството, редуцирање на регулативата, таксите и на тарифите, намалување на трошоците за почнување нови бизниси се мал дел од реформите спроведени изминативе години, со кои Македонија оствари огромен напредок според т.н. Индекс на економска слобода. Ова беше изнесено во презентацијата на министерот за финансии Зоран Ставрески во седиштето на фондацијата „Херитиџ“.
Ставрески зборуваше и за предностите на Македонија како бизнис- дестинација, како и за континуираните напори и заложби на Владата да креира бизнис-клима поволна и привлечна за странските инвеститори.
Во извештајот на фондацијата „Херитиџ“ за 2010 година Македонија е рангирана 22 места погоре од лани. Со 65,7 индексни поени се најде на 56. место од вкупно 184 земји во светот. Изминатите години беше на 78. место со 61,2 индексни поени.
Истражувањето на „Херитиџ“ се базира на 10 параметри, бизнис-слобода, слобода на увоз-извоз, фискална слобода, финансиска слобода, монетарна слобода, трошоци на Владата, криминал и корупција, слобода на инвестирање, работнички права и сопственички права. (МИА)
Dali covekot znae sto voopsto prezentiral tamu a i tie od toj institut dali voopsto cule i dali barem nesto znaat za kaj nas. Nie fino so nasi oci gledame kakva biznis destinacija sme,,,, kratko receno nikakva. Kako ne mu e sram da zboruva nekade na ovaa tema i ne bi znael sto ima da im prezentira koga kaj nas nema nieden dijdeno da investira i sto tolku ima toj da im ponudi. Ako imalo biznis klima do sega za vreme na nivnoto vladeenje ke dojdese uste nekoj a ne samo dve firmi od vremeto na sdsm i toa so 200 vraboteni. Mizerija golema e toa e situacijata kaj nas koja treba da ja prezentira ministerot.
Од: Трпе
Датум: 24.04.2010 00:42:36
Дали и самиот Ставревски си верува на ова што го кажува.Или човекот произлегува од пропагандна влада,па шефот му има кажано дека мора да се рекламира.А и овие истражувачите дали стварно истражувале или верувале на ова како им кажувале владините службеници.
Од: забеган
Датум: 24.04.2010 09:00:52
Што човек да напише ќе згреши,,,,,,,,Само се прашувам кај живе овој Ставре.И во чие име кажува во онија 10% кои се нафајдија и им е добро???????.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.04.2010 09:35:37
И во Херетиџ се инфилтрирале поморанџесиве па така имаме подобрување за 22 места на нивната ранг листа,односно од 78 на 56 место за една година.Мислам е ова поразително оти само 22 места подолу а не на пример 5о места.Што има странците да не фалат,тие се добри само кога критикуваат и тогаш наголемо се цитираат.Така имаме оспорени наоди од светска банка,па сега од Хетериџ,па исмеан оптимизам на шпанскиот министер т.н